- Член од
- 17 јануари 2009
- Мислења
- 2.814
- Поени од реакции
- 4.667
Agatha Cristie's Poirot
![]()
Брилијантинте детективски романи на Агата Кристи за белгискиот детектив Херкул Поаро се преточени во оваа извонредна серија.
Дејството во серијата е помеѓу 1920-1975, значи нема технологии како ЦСИ туку чиста логика во откривањето на злоделата.
Љубителите на детективскиот жанр сигурно би дале позитивна оценка. Глумата е солидна, главниот лик го глуми Дејвид Зуше кој е досега најдоброто отелотворение на Поаро воопшто.
Серијата има 12 сезони, првата сезона била во 1989. Серијата, носејќи ја приказната од романите, знае да ве збуни и да ве натера и вие да ги употребите "your little grey cells".
Навистина добра серија. Кај нас се прикажува одамна, веројатно од раните деведесетти и јас долго време со прекини ја следам по телевизииве. Поаро е глумен од, како што сум прочитал, а можеби лошо сум прочитал, Дејвид Сачет. И навистина, тој е најдобриот Поаро до сега. А тоа не е мала работа, оти Поаро го глумеле и Алберт Фини и Питер Устинов и Јан Холм. Поаро е претставен како прилично екстравагантна личност, со специфични животни навики и начини на однесување, понекогаш е голем ситничар (па генијалец, мора да му фали нешто

Во духот на оваа серија на една од нашиве тв. се прикажува и The Adventures of Sherlock Holmes, со Џереми Брет во гл. улога, кој пак, според мене, е најдобриот Холмс. Има мошне специфична појава и карактеристичен глас. Сепак, на моменти ми се чини дека сценарието е малку патетично, но сепак сметам дека е многу, многу квалитетна серија. И оваа е постара, од 80-те, и не е првпат да ја има на нашиве тв. Ја препорачувам, посебно на оние на кои им се допаѓаат серии од типот на „Поаро“. Не е голема тајна дека д-р Хаус е лик кој можеби и премногу му должи на Холмс

