Сантијаго Калатрава - помеѓу реалноста и фантазијата

КиреМали 1911

Модератор Неимар
Член од
23 јуни 2007
Мислења
1.313
Поени од реакции
223
Возраст
39
1203gold_calatrava_b.jpg


Сантијаго Калатрава (1951 - ) - шпански постмодерен архитект, уметник, дизајнер, урбанист. Поим за врвни архитектонски достигнувања. Роден е во Валенсија, каде студира уметност, а потоа дипломира на Архитектонскиот Факултет и почнува со студирање на урбанизам. Како постдипломец, во Цирих се стекнува и со диплома на градежен инженер, а само две години подоцна и со докторат за технички науки.

Во вистинска смисла на зборот, Калатрава е човек што прави мостови преку реки, но и мостови помеѓу северот и југот, меѓу скулптурата и конструкцијата, меѓу реалноста и фантазијата. Ако пред него, во архитектурата беше предизвик уметничкиот начин на совладување на конструктивните проблеми, тој сега, наоѓа решенија како да го направи тоа на динамички уметнички начин. Неговите уметничко обликувани конструкции, во вистинска смисла на зборот започнуваат да се движат, како што се движат и живите организми. Таквата променлива форма на бионичката архитектура веќе не можеме да ја сместиме во ниту еден стил, бидејќи таа претставува еден вид концепт, што прераснува во научно-истражувачка методологија, која резутира со рационално уметничко обликување на формите.

Вака фантастичното просторно творештво на Калатрава, со целосната синтеза на урбанизмот, архитектурата и механиката, го достигнува (барем досега) својот зенит со добивањето на можноста да ги подигне спортските објекти за Олимпијадата во Атина 2004.

(Следува: најпознатите архитектонски дела на Сантијаго Калатрава)
 
Ајде, чекам она шо следува :)

А после Калатрава, ако е FLW....мојој радости немаче краја :)
 
1. Мостот Бач де Рода, Барселона
fig-19.jpg

2. Мостот Аламилјо, Севиља
calatrava_puente_del_alamillo_sevil.jpg


3. Телекомуникациската кула во Монтхуик, Барселона
ess_calatrava.jpg

4. Градската железничка станица, Цирих
stadelhofen2.jpg

5. Железничката станица Лион-Сатолас
lyon1.jpg


6. Хемисферикот и Мусејот на науките, Градот на уметностите и науките, Валенсија
DSC04340.JPG


calatrava_museo.jpg


7. Палатата на уметностите, Градот на уметностите и науките, Валенсија
calatrava.jpeg


8. Олимпискиот стадион во Атина
oakaworks35.jpg


како и целосниот урбанистички план за Олимпискиот комплекс
10athens.jpg


[URL="http://www.calatrava.com/"]И уште многу за покажување и коментирање за овој архитектонски волшебник (клик)
[/URL]
 
Наj-новата му работа - мост во Венециjа:

610x.jpg


610x.jpg


Баш ми е интересно да проектира нов стадион - не само купола.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom