КиреМали 1911
Модератор Неимар
- Член од
- 23 јуни 2007
- Мислења
- 1.313
- Поени од реакции
- 223
Сантијаго Калатрава (1951 - ) - шпански постмодерен архитект, уметник, дизајнер, урбанист. Поим за врвни архитектонски достигнувања. Роден е во Валенсија, каде студира уметност, а потоа дипломира на Архитектонскиот Факултет и почнува со студирање на урбанизам. Како постдипломец, во Цирих се стекнува и со диплома на градежен инженер, а само две години подоцна и со докторат за технички науки.
Во вистинска смисла на зборот, Калатрава е човек што прави мостови преку реки, но и мостови помеѓу северот и југот, меѓу скулптурата и конструкцијата, меѓу реалноста и фантазијата. Ако пред него, во архитектурата беше предизвик уметничкиот начин на совладување на конструктивните проблеми, тој сега, наоѓа решенија како да го направи тоа на динамички уметнички начин. Неговите уметничко обликувани конструкции, во вистинска смисла на зборот започнуваат да се движат, како што се движат и живите организми. Таквата променлива форма на бионичката архитектура веќе не можеме да ја сместиме во ниту еден стил, бидејќи таа претставува еден вид концепт, што прераснува во научно-истражувачка методологија, која резутира со рационално уметничко обликување на формите.
Вака фантастичното просторно творештво на Калатрава, со целосната синтеза на урбанизмот, архитектурата и механиката, го достигнува (барем досега) својот зенит со добивањето на можноста да ги подигне спортските објекти за Олимпијадата во Атина 2004.
(Следува: најпознатите архитектонски дела на Сантијаго Калатрава)