Исланд банкротира?

  • Креатор на темата Креатор на темата ogledalo
  • Време на започнување Време на започнување
Јас не ги измислив инвеститорите и те молам не се прави паметен, ефектот е јасен еве ти прост пример за да разбереш.
Јас вложувам во твојата компанија пари и супер ти работиш правиш пари богат си мене ми даваш камата и се е супер. Да ама се случила некоја криза и јас сакам да си ги приберам сите пари кај мене за да не ми се намали капиталот што го имам. Така твојата компанија ослабува и нема пари да ги подмири сите обврски и нормално ќе банкротира.

Да ама ова немаше да се случи доколку навреме твојата компанија си се обезбедеше со средства и ми ги вратеше моите. Наместо тоа твојата компанија и понатаму инвестираше и се најде во ситуација да нема пари за да ги подмири обврските.

Друга ситуација која што се случи во Европа поради ситуацијата во САД е тоа дека се враќам на примерот: Јас не сум знаел за твојата штетна и ризична инвестиција, едноставно сум ти верувал дека се ќе биде добро, но наеднаш ризикот се оствара и ти банкротираш со тоа јас сум го изгубил приходот што го земав од тебе и многу пари кои биле вложени. Со тоа се нарушува мојата положба на пазарот, па затоа јас ќе си ги повлечам средствата од страв да не изгубам уште од секаде што сум инвестирал со тоа ќе ги пореметал сите кои биле зависни од моите инвестиции.

Банките насекаде се зависни едни од други на ист начин, сите кои ги имале своите средства во банките почнаа да ги повлекуваат без разлика дали биле правни лица, банки или обични штедачи, а со тоа се случи да банките останат без ликвидни средства и ете го ефектот сега.

Мислам дека после ова ќе ви биде многу појасна ситуацијата. Нормално дека секогаш некој може да каже дека ова нема врска и дека зборам глупости, па затоа ве молам да се воздржите од такви коментари.

Сега друго кажуваш, најверојатно откако ја прочита темава, ама претходно си коментираше дека Исланд пропаѓал, поради тоа што инвеститорите се повлекувале од Исланд ?!?

Едноставно ме изнервира што кажа нешто колку да се кажи, а појма немаше...
 
Dajte nekoj sajt da se procita za ova , ako znae nekoj??
Da se poeduciram malku za situacijata??
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom