Историски пласман на Македонија, за прв пат помеѓу најдобрите 50 во светот!

  • Креатор на темата Креатор на темата wARMAN69
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.694
Поени од реакции
4.520
македонија направи скок од цели 10 места на најновата фифа ранкинг листа и за прв пат во својата историја се наоѓаме помеѓу најдобрите 50 репрезентации.


за првпат во својата историја македонската фудбалска репрезентација е помеѓу првите 50 селекции во светот, се наоѓаме на 46та позиција со 637 бода што е и наше најдобро осварување до сега.

македонската фудбалска репрезентација напредуваше за одлични 10 места на последната фифа ракнкинг листа, најголема причина за влезот меѓу првите 50 репрезентации е победата против шкотска на градски.

ова е позитивна вест во пресрет на гостувањето кај исланд, но сите овие податоци ќе бидат залудни доколку не се вратиме со целиот плен од натпреварот кој се игра идната среда.

на врвот и понатаму останува шпанија, пред италија и германија, бразил се искачи за две места и сега е четврти, холандија со пад од едно место се најде на петата позиција, хрватска е шеста, аргентина седма, чешка осма, русија со скок од три места влезе во топ десет репрезентациите и сега е девета, десета е португалија.

нашиот следен противник, исланд има скок од четири позиции и се наоѓа на 103та позиција, шкотска има пад од десет позиции, сега е 26та, норвешка е на 39то место, послаба за пет места од претходното рангирање.

од нашите соседи, бугарија е најдобро пласирана, се наоѓа на 15то место, србија е 40та, албанија 83та.
 
Секоја чест на нашиве..Се надевам дека ќе го подобриме пласманот и конечно ќе се најдеме на некое големо светско натпреварување..
 
мора цела тема за ова. имаш тема за репрезентација таму му е местото
 
мора да се обележи ова со посебна тема..:)
 
Одлична вест,да се надеваме за уште подобар пласман... :vozbud:
 
Sekoja cest se nadevam deka uste ke se podobruvame:helou::helou:
 
Честито МАКЕДОНИЈО!:) конечно а и Заслужено дефинитивно...прекрасна игра досега
 
Ајде ајде па до крај на квалификациите да стигнеме негде под 20 место,и дај боже да се пласираме на Светско.:vozbud:
 
Бваво
се надевам и во наредниов период ќе одиме нагоре на листата:vozbud:
 
Ова ни е најголем ранк досега , но не ни е прв испод 50 место, сме биле и 49. Кој знае - добро, кој не -сега знае.

Кога викам остајте го Катанец он си ја знае работата, само го кукаат безвеза:tapp:
 
Ај честито, па наредниот месец уште малце погоре да скокниме :aplauz:
 
Ајде нека е за убаво..сега уште Исланд да ги тепаме таман!!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom