во една друга тема,пишував за Мурато
оваа идеја е сосем добра,но ми изгледа на локално-Битолско ниво.
Треба да е на повисоко државно ниво па и пошироко Балканско- Европско
Мурато го заслужил тоа. Маршот сигурно е еднодневен или најповеќе два.
Кога тоа би прераснало во една голема традиција, во еден поголем марш,
пообемен,подолг и подолготрајен во еден поход.
По патеките на Богомилскиот поход односно Февруарскиот поход. Тоа би било сеќавање и долг не само према Мурато, туку и према нашите дедовци,
борци,партизани,синови на оваа земја за која се бореа и која ја ослободија од бугарските,германските и другите фашистички слуги.
Уште еднаш да потсетам дека треба да се направат повеќе спомен обележја за Мурато на пример на: Плетвар,Ѓавато,Солунска глава,Матка,
па и на крстот на Водно,т.с. на местата почесто посетени од народот и туристите, така ќе зачуваме и почитуваме неговото големо дело.