Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
"Истовремено еден руски полковник, некојси Бешков, обиколуваше низ Македонија, и се искажуваше многу неповолно за нас Бугарите во Македонија, правејќи не Срби, што не се достојни за слобода и сл.."
...
"Отидов во Хилендарскиот манастир, каде повеќето од калуѓерите беа Бугари од Македонија."
...
"Потем во бугарското село Блаца, по него Тихолишта." - Костурско
се то а е од спомените на Борис Сарафов...
Ова Бугариве биле многу затупени...
Абе врска да се немало од животот. Мака ми е веќе воопшто да се трудам да водам смислен разговор и дискусија со нив. До еден се со диплома од специјално училиште.
Македонското емигрирање во Бугарија од другата страна може да се спореди само со преселбата на Бугарите во Бесарабија. Се разбира овде водечки елемент биле гагаузите - туркојазични вистински Бугари, со кои се повлекле кон Малорусија (Украина и Молдавија) и значителен број на псевдоБугари односно словенојазично население.
Причините биле притисокот и насилството од страна на Турците кон жителите на источна Бугарија кои давале поддршка на руската страна во војните против Османлиската Империја како и економските поволности кои ги овозможувале руските власти.
Македонската емиграција во Бугарија се должи речиси исклучиво како последица на насилството, теророт, самоволието и одмаздничките акции од страна на разните албански-качачки банди и турски башибозук (доказ за тоа е преселбата дури и на православни Албанци). Тоа е до основањето на руската губернија "Царство Бугарија", кога се активира спонзорираната од страна на Русија егзархиска пропаганда со цел бугаризација на Македонија при што не само стравот од одмазда од пропагандните и религиозни противници туку и образованието и економската поволности се јавуваат како причина за преселба кон Бугарија.
Сега разликата е во пристапот на земјата-домаќин. Русија не се обидела да ги искористи бугарските емигранти за свои политички цели во моментите кога Бугарија откажувала послушност кон својот создавач. Но ете, ученикот во тој поглед го надминал својот учител и бугарските власти извршиле упади и мешања, применувале најразлични тактики со цел да го направат раководството на македонската емиграција орудие за својата пропагандно-завојувачка политика кон Македонија и Македонците... Ама тоа веќе е друга тема.
Аха. Каква била имиграциjaта на македонците во "многу далечна" Србиja да речиме? Или во многу далечна Грциja или во многу далечна Албаниja. Дали имаш податоци колко била?Македонците не бегале само во Бугарија. Бегале и во Србија, Австро-Унгарија, Румунија и подалеку. Бугарија им била најблизу и затоа повеќе бегале таму, а не како што инсинуираш - дека се чувствувале “Бугари“...
Што сакаш со ова да кажеш? Прочитај го уште еднаш ова што си го напишал и ќе видиш колку глупаво е напишано, без концепт, без конкретно прашање и без поентаАха. Каква била имиграциjaта на македонците во "многу далечна" Србиja да речиме? Или во многу далечна Грциja или во многу далечна Албаниja. Дали имаш податоци колко била?
Уште поинтересно, станува ако треба да започнеме да гледаме колко от таа емиграциja се заврнала во Македониjа некога.
Тебе може да ти личи на што сакаш, но тоа е единствено исправен термин кој по некоја случајност се поклопува со дел од грчките тези. Новите историски сознанија сериозно ја ставаат на испит тезата за доминантноста на карпатско-словенско културолошко и етногенетско присуство кај македонскиот народ. И доколку постоело влијание од тој правец тоа се реализирало највидливо преку јазикот.Така, другите бугари са лажливи?Словеноjaдично население? - па това ми личи на грчката теза.
Като гледам ништо не кажуваш за емиграциjaта после Балканските воjни, а след Првата Светска Воjна?
Само е единствено фактите.
Абсолутно си во полна грешка. След ПСВ, от Егеjска Македониja тука идат около 250 000 нови и ако знаем,дека во това време просторите на днешна РМ има вкупно около 1 милион луге. Да направим споредба,колко одат во Србиja, во Грциja, во Албаниja?
Абсолутно не е точно и това многу лесно може да се провери каде са били заселувани лугето. Има цели населби, во кои са само бежанци во многу градови.
Вкупната емиграција до првата балканска војна од целата територија на Македонија кон Бугарија изнесува околу 60 000 (отприлика).Во северна Бугариja? По Црно Море?
Ти стварно забега многу во мешане на тезите си.
Ти можеш да негираш колкото сакаш, самиот факт дека не бегат во Грциja, не бегат во Албаниja или во Србиja е доволен. Се уште немате обjaснение што прават македонците во србско-бугарската воjна.
Што разбираш ти под терминот разселувани? Те са емигранти и кадето ги стават - тамо. Това не е било избор дали да живеш во Софиja или во Плевен. Нема да коментирам фактот, дека државата зима голем надворешен заем заради тези имигранти за да им гради куки и така натаму.... Можеше и да не ги приеме вака? Да не зборуваме дека можеше да не им даде и ништо, вака?
Ако сакаш некаде можеш да си го запишеш - наjголемата имиграциja на македонци е во Бугариja.
Луѓето мигрирале онаму кај што се чувствувале побезбедно или економски позгрижено, а не поради национална блискост, како што сакаш да инсинуираш. За време на Косовската криза, Косоварите најмногу мигрираа кон Македонија, малку кон Албанија и дури дел кон Србија. Тоа што сите не се доселија во Македонија е само поради тоа што Македонија не ги пушти па ги остави на граница поради проблемите со далекусежни последици кои ќе се изродеа од тоа... Зошто не мигрираа кон Албанија?
Прадедоми поради заканите по неговиот живот (Србите направиле и атентат врз него поради активноста во ВМРО на Петар Чаулев) емигрирал во Албанија (близина и пат кон Италија и прекуокеанските земји) од Албанија заминал во Милано, а само поради семејството (жената му била почината) се вратил во Бугарија - како најблиска дестинација и најлесна за неприметно посетување на своето семејство. Дедо ми земаше боречка пензија затоа што се борел против Бугарите во II Св. Војна . . . И? Едниот (прадедо ми) бил Бугарин, а другиот (дедо ми) бил Србин?
И двајцата мои предци се бореле против окупаторот на Македонија па кој и да бил тоа... Никогаш, никој од нив (и наназад : пра-пра дедо ми и пра-пра-пра дедо ми - колку што имам сознанија, значи од втора половина на 19 век) - значи никој од поите предци не се изјаснил како Србин или Бугарин! Што сум значи јас според тебе? Изрод? Такви се верувам повеќе од 90 % од Македонците (референдумот од пред 20 години тоа го покажа и ви ги затна устите на сите, само што Србите како попаметни се помирија со тоа и ја променија тактиката - од негирање, кон развивање на какви-такви пријателски односи).