Направи сам

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување
Полици за пешкири

Потребна ви е дрвена плоча, неколку подлабоки конзерви и салфети или ткаенини со мотив по желба, како и украсна врвца за работ на конзервата.

3.jpg


Најпрво треба да се обои конзервата во светла акрилна боја, а кога истата ќе се исуши се нанесува заштитен лак и лепило за салфетата. Без разлика дали ќе употребувате салфета или ткаенина, принципот е ист – треба да се исечат прецизно по работ на мотивот. Ако е салфета , треба да се одвојат два слоја и да се прилепи на конзервата. Кога салфетата е на местото, внимателно израмнете ја со прстите, па со тенка четка, пазејќи да не ја скинете, нанесете уште еден слој на лак.

3.jpg


5.jpg


На крај, прицврстете ги конзервите на дрвената плоча со штрафови.

6.jpg


И...:)

1.jpg
 
Миризлива свеќа во школка


Ќе ви треба:
  • школка
  • парче парафин
  • фитил
  • етерично масло со мирис по ваша желба
Постапка:

1.
На тивок оган, растопете го парафинот.
2. Откако парафинот ќе се стопи, истурете го во школката.
3. Капнете неколку капки од етеричното масло во топлиот парафин.
4. Фитиљот наместете го во средина и почекајте парафинот да почне да се стврднува.

1-napravete-sami-mirizliva-svekja-vo-shkolka-www.kafepauza.jpg
 
Иако прашањево е софтверско, сепак спаѓа на некој начин во Направи сам :LOL: Па да прашам, да ми препорачате софтвер за дизајн на ентериер. Најдов 1-2 ама нема торенти некако :cool:
 
Доаѓаат сончевите денови но нема гајле ако се направи ваков едноставен систем;

87c0ebd2079fc6bf5ab8a91130f315d5.jpg


Нема да е лошо за скара или така, поради атмосфера.

adbe2160641fb2da3851b1d607ef58c6.jpg


Знаеме колку се досадни комарците (мене не ме јадат оти е општо познато дека не касаат комуњисти) па треба да се проба;

http://www.thriftyfun.com/Making-a-Mosquito-Trap-1.html

Против бубачки (со цимент);

http://366daysofpinterest.com/2012/08/09/day-191-cinnamon-in-the-sandbox/
 
Последно уредено:
Сакаам да правам летниковец со конструкција од метал ама незнам какво да биде покривањето некока идеја ?!
 
Дали ќе можете, ве молам да споделите, каде (низ Скопје) може да се најдат палети? Дали може да се побараат неупотребувани палети по стоваришта, кои буквално не требаат никому? Каде? Дали се купуваат? Од каде? Колку пари отприлика?[DOUBLEPOST=1432074897][/DOUBLEPOST]И уште ова би ме интересирало:
планирам да направам преграда од едната страна на балконот за да не струи ветар. Едно размислување е со полупроѕирна или мат пластика или полупроѕирно стакло да се направи. Дали можете, ве молам, да споделите ваше предлог решение, не сложено за имплементација, а и не многу скапо, и како тоа да се монтира на балконот?

Или пак, како алтернатива, упатете ме каде би можел да појдам за да побарам врамено стакло/пластика, кое треба само да се монтира/прицврсти на балконот?

Благодарам многу!
 
Последно уредено:
Дали ќе можете, ве молам да споделите, каде (низ Скопје) може да се најдат палети? Дали може да се побараат неупотребувани палети по стоваришта, кои буквално не требаат никому? Каде? Дали се купуваат? Од каде? Колку пари отприлика?[DOUBLEPOST=1432074897][/DOUBLEPOST]И уште ова би ме интересирало:
планирам да направам преграда од едната страна на балконот за да не струи ветар. Едно размислување е со полупроѕирна или мат пластика или полупроѕирно стакло да се направи. Дали можете, ве молам, да споделите ваше предлог решение, не сложено за имплементација, а и не многу скапо, и како тоа да се монтира на балконот?

1.Неупотребувани палети кои не требаат никому :) тешко ќе најдеш...Нови ти се окулу 250 денари, употребувани окулу 150 денари, побарај по огласи, ги има...

2. За преграда на страна од балкон
- метална рамка со плексиглас/стакло или лексан.
- бамбус ролетна, ако одговараат димензии
 
Фала на одговорот!

Имам следно прашање: каде конкретно во Скопје можат да се најдат даски и летви од кои може лично да се изработат полици, делови од мебел и слично...
Каде за без пари? Каде за со пари и за колку пари?
Фала ви!
 
^Потешко е да се најдат асални палети и гајби него да се направи ова.
 
Јас прашав за даски и летви.
Знам дека постои опција и за гајби и за палети, ама ова прашање ми е друго.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom