Направи сам

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување
Кревет за вашето милениче

Земете го стариот џемпер и наполнете ги ракавите со мек материјал или вид пена. Ставете малку од истиот материјал во средина на џемперот. Двата краеви на џемперот здиплете ги навнатре и зашијте ги. Потоа крајот на едниот ракав ставете го во другиот и зашијте ги заедно за да не излезе материјалот.

Screenshot_13.jpg
 
Освежувач за вашиот дом од сода

Потребно ви е:

тегла
сода бикарбона
есенцијално масло

Во теглата ставете сода бикарбона, врз содата капнете 10 капки од вашето омилено есенцијално масло. Потоа затворете ја теглата со капак на кој претходно имате направено неколку дупки низ кои мирисот ќе се шири низ вашиот дом.

Screenshot-25.png


33.png




 
Лустер од коноп


Потребно ви е:
  • топка за на плажа
  • лепило
  • коноп
Најпрво лепилото измешајте го со малку вода и потопете го конопот во смесата. Најдобро е да користите ракавици за една употреба за да си ги заштитите рацете. Напумпајте ја добро топката и нацртајте круг околу вентилот.
Почнете да го мотате конопот околу топката до означениот дел, без притоа да се држите до некоја однапред утврдена шема. Треба само да внимавате да оставате и празен простор за светлината да продира низ дупките.Откако ќе завршите, оставете ја топката на страна неколку часа, за конопот да се исуши. Потоа, издишете ја топката и извадете ја низ празниот простор.

1.jpg
 
Направете сами украсна светилка

1.jpg


 
Последно уредено:
Имам патики Ванс ама ми побелија, ме интересират дал можам да ги побелам со солна и после да нацртам на нив со нешто, по нетов пишит дека можит да се цртат со водени бои ама мене не ми звучи баш најпаметно то.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom