„Земи или остави“ на Алфа

Да супер беше ..
За малце помислив дека се зафркна жената.. ама за срека се поврати :))

Иначе во Хрватска ко да беше другше поставена сценографијата..или ја сум грешка?? За другите не сум ги ни гледал..

не си грешка

да и мислев дека и овде ќе биде така, но се изнадив, иначе квизо беше супер само што последните 5 мин не можев да ги догледам :devil1: морав да излегувам.. од сега петоци малку покасно во град.. :)
 
не си грешка

Кај нас е подобро студиото. :toe:
Ние имаме нешто налик како на оригиналното американско издание.

*придружено со една побизарна ситуација. :pos:

Инаку еве едно инфо од Алфа тв за првото издание на квизот.

200.000 денари во првото издание на „Земи или остави“

Благица Василевска си замина за Битола со 200.000 денари. Во една драматична квиз атмосфера, полна со драма и неизвесност, Благица Василевска беше првиот учесник во македонското издание на еден од најгледаните квизови на светот кој оригинално се нарекува "Deal or no Deal".

Македонското издание на овој квиз со назив „Земи или остави“ нуди шанса да се освои највисоката награда досега видена во ваков тип емисии - 6.000.000 денари.

Василевска беше еден од оние кандидати кои поминаа низ сите фази на аплицирање и селекција и имаше среќа да биде избрана како прва. Таа, заедно со семејството, беше во стуудиото на Алфа ТВ и заедно со маестралниот Игор Џамбазов беше дел од квизот кој во исто време е и шоу и шанса за добра награда.
Како што беше и најавувано, квизот „Земи или остави“ има мини-квиз и за гледачите покрај малите екрани. На прашањето за вредна парична награда која ја избираат самите гледачи се јавија стотици од нив, а еден беше среќно одбран.
Со првото издание на квизот „Земи или остави“ се потврдија очекувањата на гледачите дека ќе уживаат во еден од најгкеданите модерни ТВ формати во светот.
 
Земи или остави

dond01.jpg


На Алфа ТВ започна нов квиз ,,Земи или остави" кој е всушност еден од најгледаните квизови ,,Deal or нo deal".
Како водител на ова шоу се појавува Игор Џамбазов.
Се емитува во петок во 21 часот.

Овој квиз се прикажува во над 80 земји.
Во студиото има 26 девојки со куфери, а во секој куфер одредена сума на пари. Така да натпреварувачот треба да ги избира куферите од 1 до 26 и да се надева на освојување на најголемата сума на пари.

Не е ова квиз каде ќе се оценува знаењето, него едно интересно и занимливо шоу каде се оди на се или ништо. А штом водител е Игор Џамбазов сигурно дека е занимливо. А Алфа телевизија опремила студио за овој квиз од 220 метри квадратни, со 7 камери.

А за сите заинтересирани еве и пријавување.

А највисоката сума е 6 000 000 денари. Ова е всушност и најголемата награда на некој квиз во Македонија.

Минатиот петок ова шоу ја имаше својата премиера и првата учесничка доби 200 000 денари.

Total-studio-Igor-i-Blagica-vo-forplan.jpg
 
Гледав еден мал дел од првата емисија, интересен е квизот, а и добри пари може да се земат доколку се има среќа.

И има ваква тема:wink:
 
Некако ми е "ај на тепка броеви погодувај и земи пари". Не ми беше интересно. Очекував повеќе а добив само 30 маникенки (иако никако не е ни лошо ни тоа).
Сепак многу фалење за емисија со погодување на куфери.
 
Вчера тој што беше на квизот освои 36.000 или 56.000 денари?
Не разбрав добро, оти гледав паралелно со Дуелот на МТВ. :)
 
Eмисијава/ шоуво, шо и да е, страшно ме потсетува на некогаш популарното Бинго, исто така водено од Игор Џамбазов.Лошото е што човеков, со сета почит, но како да заглавил во времето, ги користи истите фори, истиот "флерт" со публиката, се исто...А, да не зборам за тоа колку е мизерно студиото.Каде со таква технологија?!:nenene:
 
На сателитска на кој сателит е Алфа ТВ?
Неможам да ја најдам.:toe:
 
ааааа тие со куферчињата сакат к*р :pos2::pos2:

На сателитска на кој сателит е Алфа ТВ?
Неможам да ја најдам.:toe:


жал ми беше ... а добар човек беше ...а таа претходниот пат битолчанката шо беше колку ми идеше на живци шо се чепатеше цело време ми идеше да влезам у екран да ја убијам :vozbud::vozbud:
 
Утрешната емисија се најавува како голема и невидена драма на македонските телевизии, а госпожата која учествува ми се гледа како многу одлучна и храбра. :)
Ај баш да видам дали ќе стигне до крај и колку ќе освои.
 
Какви се правилата на квизов? Само 666 илјади зема или и тоа во куферчето им следува, во секој случај? :vozbud:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom