„Земи или остави“ на Алфа

од денешниот број на Вест од интервјуто на Игор Џамбазов
"Шоуменот ни открива и дека за две недели на Тв "Алфа" стартува неговиот нов квиз "Земи или остави". Од септемви повторно на истата фреквенција тој ќе го врати мегапопуларното ток-шоу од деведесетите години "Дневна соба".
За крај, Џамбазов додава дека му е чудна кампањата против него дека повторно исчезнал. "Не може да исчезне човек кој се појавува на телевизија како водител на "Пирамида", не може да исчезне човек што два пати во неделата е во театар, не може да исчезне човек што во моментов дава изјава за весник", вели неповторливиот шоумен во свој стил. "

После 4 месеци од најавата квизот конечно почнува. :ojea:
Не се сомневам какво ќе биде штом Игор е водител.
П.С. Среќа што шпекулациите дека исчезнал се лажни. :nesum:
 
Е ова е веќе нешто..

Многу подобро му стојат вакви емисии отколку Пирамида.

Пирамида е тип на емисија кај што водителот не доаѓа до израз. Е овде се веќе поинакви работите.

Ќе го следам шоуво :pipi:
 
Хммм за две недели стартува квизот а нигде нема упатство за пријавување :pipi:
 
Како до 6.000.000, или шест милиони денари? Одговорот пристигнува со еден од фаворитите од врвот на Ендемол, квизот „Deal or no deal“ кој од оваа сезона доаѓа како „Земи или остави“ на Алфа ТВ Скопје со Игор Џамбазов, како водител.
Тоа не остава никого рамнодушен пред малите екрани.
Но, што треба да се направи за да се биде херој на „Земи или остави“?
Следете ги програмите на Алфа ТВ, или прочитајте ги Упатството за пријавување и Правилата и проcцедурите за учество во квизот „Земи или остави“.
Откако ќе бидат избрани да учествуваат во квизот на учесниците ќе им требаат знаење, среќа, храброст и добро чувство за вистински потег во вистинско време.
На спектакуларно уредената сцена ќе блескаат стотици рефлектори и голем дисплеј кој го претставува „дрвото на парите“ односно сумите што ги има секој куфер кои во тој момент ги изнесуваат 26 убави девојки.
Секое куферче е одбележано со број. Од 1 до 26. Никој, освен за тоа овластени луѓе од продукцијата, не знае кое куферче колкава сума носи.

Игор Џамбазов го повикува на сцената натпреварувачот и тој треба да го направи првиот важен чекор: да одговори на три прашања. Потоа мора да го избере своето куферче со надеж дека во него е највисоката сума предвидена во играта.
Потоа играта на знаење и нерви може да започне...


http://alfatv.com.mk/default.aspx?mId=88&articleId=130

Сега имаше реклама на Алфа, ако тоа беше македонското студио од кај што збореше Игор Џамбазов, тогаш алал да им е за завршената работа.
 
Е ова е веќе нешто..

Многу подобро му стојат вакви емисии отколку Пирамида.

Пирамида е тип на емисија кај што водителот не доаѓа до израз. Е овде се веќе поинакви работите.

Ќе го следам шоуво
:pipi:

море не само што ќе го следам, туку и се пријавувам обавезно. само да видам шо како е на почетокот, па одма пишувам порака.:wink:
 
Па не се знае, дури сега почна рекламата на Алфа која ја кажува Игор за пријавување, не знам досега што чекаа, али би требало наскоро да оди, е кога е тоа наскоро, не знам, требаше за 1 недела
 
Квизот "Земи или остави" со Игор Џамбазов започнува на АЛФА идниот петок во 21 часот​
 
„Земи или остави“ 6 милиони

Снимена е првата епизода од квизот „Земи или остави“. Вредеше да се биде
трпелив и да се почека зашто од петок, 20 март, Република Македонија ќе
гледа една од надобрите ТВ продукции видени досега во нашиот етер и,
секако квизот со најголемата награда - 6.000.000 денари.’Ксметлија
да биде првиот учесник во квизот „Земи или остави во продукција на Алфа
ТВ, беше Благица Василевска од Битола. Таа беше извонреден
натпреварувач која во емисијата донесе се што овој квиз донесува во
целиот свет, односно во повеќе од 100 земји каде што се емитува:
возбуда, неизвесност, драма и емоции и - најважно од се - вредна
награда за својот придонес.Затоа, гледајте во петок во 21 часот
и уживајте во програма измислена за најгледаните термини во
телевизиските програми и размислете уште еднаш зашто вие не би биле
еден од учесниците во квизот.
___
Igor-za-intervju-na-sajtot.jpg
_______________________________________________
Игор Џамбазов:
КВИЗ ЗА ЉУБОВ НА ПРВО ГЛЕДАЊЕ


Што вели Игор за неговиот најнов предизвик – квизот „Земи или остави”?
Е ова е навистина предизвик. Во последните неколку години кога се случи
оваа страшна експанзија на кабловските и сателитските оператори, јас
како и многумина граѓани голем дел од денот го поминував во сурфање со
далечинскиот управувач. Така, за прв пат успеав да ги видам сите
квизови, игри на среќа и ТВ Шоу програми од целиот свет. А кога за прв
пат го видов „Земи или остави“, сфатив дека е како роден за мене. Тоа
беше љубов на... прво гледање. Во меѓувреме, луѓето од АЛФА ТВ
успеале да ја откупат лиценцата за квизот и веднаш ме побараа. Како да
знаеја дека ова шоу е мојата слабост. Нашиот договор се случи за
помалку од две минути.
Што е тоа што овој квиз го разликува од другите?
Пред се, неговиот генијален концепт. За разлика од другите квизови во кои
пресуден фактор е знаењето, лесно може да дојде до манипулации во однос
на тежината на поставените прашања. Во „Земи или остави“ е сосема
обратно. Прашањата што му се поставуваат на натпреварувачот во првата
фаза од квизот се, што би рекле ние македонците - од општа култура. Во
вториот дел од квизот, освен среќата на натпреварувачот, пресудни се и
неговата интуиција и храброст, како и логиката на споредба на
отворените, елиминари суми, и оние што сеуште се во игра. Квизот
изобилува со напнати моменти кои го прават еден од најзабавните
телевизиски проекти на планетава.
Што им препорачуваш на оние што сеуште размислуваат дали да се пријават или не?

Им препорачувам да не се мислат премногу зашто начинот на пријавување за
учество во квизот е многу едноставен. Најпрвин се јавувате на телефонот
141514 или пуштате СМС порака на истиот со содржина алфатв. Потоа
следува апликацијата на веб страницата на Алфа ТВ со разни прашања
поврзани со вас и вашиот живот. Откако ќе завршите со овој дел,
останува да почекате да ви се јават официјални луѓе од АЛФА ТВ. Од сите
пријавени се прави кастинг од 50-на луѓе на кој се поставуваат прашања
според кои се дознава профилот на потенцијалните натпреварувачи и
дополнителните сознанија за мотивацијата за учество во квизот. На
крајот на кастингот, жири комисијата на „Земи или остави“ избира
кандидати кои се стекнуваат со право да учествуваат во некој од
изданијата на квизот.
Можеби делува замрсено, но морате да разберете
дека сепак се работи за најголемата награда во Македонија вредна
6.000.000 денари.
Се надевам дека успеав да Ви објаснам.
 
Одличен квиз! Дефинитивно и понатаму ќе го гледам.
Со ова „Алфа“ ги помести бедните граници на македонските телевизии. Браво.
 
Интересен квиз, ама уште да не ме заебаа со прашањето за островот :). Два пати добив порака дека грешно сум напишал, погрешна команда пфффф! За џабе 120 денари :tapp:
 
Интересен, возбудлив и пренапнат квиз - одлично
 
Да супер беше ..
За малце помислив дека се зафркна жената.. ама за срека се поврати :))

Иначе во Хрватска ко да беше другше поставена сценографијата..или ја сум грешка?? За другите не сум ги ни гледал..
 
А да кажевте кога има реприза бидејќи го пропуштив?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom