Стари Скопјани

  • Креатор на темата Креатор на темата nicole_l
  • Време на започнување Време на започнување
Според теоријата на љубчо герогиевски тие се дарданци :helou:
 
Зарем има такви ?
 
Јас сум чист скопјанец од Овчеполијата :)
 
Дедо ми, беше роден и живееше во Маџир Маало.:helou:
 
Старите Скопјани се најзанимлив момент во градот наш.
Според “провинцијалските’’(горе-доле лигични искази) наследиле дуќани имоти и тежок камен од старците кои ради неработење и надменост денес скоро и да ги немаат.
Денес оваа сенилна напатена банда може да ја чуете секоја вечер кај Јанко како плаче за тоа ““како сељациве го уништоја градот’’....нешто у стил NEEEEEEEEEEEEXT :icon_lol:
 
Старите Скопјани се најзанимлив момент во градот наш.
Според “провинцијалските’’(горе-доле лигични искази) наследиле дуќани имоти и тежок камен од старците кои ради неработење и надменост денес скоро и да ги немаат.
Денес оваа сенилна напатена банда може да ја чуете секоја вечер кај Јанко како плаче за тоа ““како сељациве го уништоја градот’’....нешто у стил NEEEEEEEEEEEEXT :icon_lol:
Всушност, ситуацијата е обратна, иако дедо ми, тоест и прадедоми биле од Маџир Маало, сепак јас не потекнувам од некоја богата и угледна фамилија, туку сега оние, провинцијалците, кои што дојдоа во скопје од 70-тите па наваму, станаа богати и угледни луѓе, како да се од Скопје од пред 500 години :)
 
Всушност, ситуацијата е обратна, иако дедо ми, тоест и прадедоми биле од Маџир Маало, сепак јас не потекнувам од некоја богата и угледна фамилија, туку сега оние, провинцијалците, кои што дојдоа во скопје од 70-тите па наваму, станаа богати и угледни луѓе, како да се од Скопје од пред 500 години :)
Можеби, незнам јас сега како што, биле угледни и богати до некаде 1948... кога слегле оние од планините, познати како комунисти, и прогласувајќи ги сите оние кои имале за „ратни богаташи“ и шпекуланти, им одзеле се , за да можат самите да бидат „буржоазија“ т.е.„црвена буржоазија“...
Слично е и по другите градови...
 
Можеби, незнам јас сега како што, биле угледни и богати до некаде 1948... кога слегле оние од планините, познати како комунисти, и прогласувајќи ги сите оние кои имале за „ратни богаташи“ и шпекуланти, им одзеле се , за да можат самите да бидат „буржоазија“ т.е.„црвена буржоазија“...
Слично е и по другите градови...
Да, во право си. Сите оние кои станале богати после 1945 се партизаните, меѓу кои биле и оние “лажни партизани“ кои за време на војната наместо да се борат, се криеле по подрумите. И после за да кажеш дека си партизан требало да имаш двајца-тројца сведоци кои ќе кажат дека ти навистина си бил партизан (а уствари не си) за да добиеш некоја заслуга и вечна пензија и со тоа, мирен живот со пари обезбедени од државата. Еве на пример, оние старците од МАНУ, кои наводно биле партизани сега не само што земаат пари како “академици“, туку имаат и вечна пензија, а плукаат за Македонија, ама подобро да не мешам други работи...

Инаку има еден добар сајт за животот во Скопје во периодот 1918-1941. Од таму ја извадив и следнава статистика, се надевам дека ќе ве интересира.

http://staroskopje.vestel.com.mk


Прилог: Пописен лист од Пописот во 1929 год.
Бројот на населението во периодот од 1913 до 1926 год. се движел по нагорна линија. Во 1913 год. бројот на населението изнесувал 43.331 жители. Во 1919 год. Скопје броело 51.758, а во 1926 година таа бројка се зголемила на 69.269 жители. Најбројното македонско, турско, влашко, циганско и албанско население главно се занимавало со занаетчиство и земјоделско производство. Статистичките податоци за бројната состојба на градот Скопје биле утврдени со државните пописи од 31 јануари 1921 година, 1 април 1931 година и општинскиот попис од 3 и 4 август 1929 год.
Во почетокот на 1921 год., во Скопје имало 8525 куќи со 41.066 жители, а во 1926 год., 9130 куќи со 69.269 жители, од кои 38.392 православни, 1890 католици, 26.270 муслимани, 2667 мојсиевци и 150 лица од други вери.
Покрај ова имало и околу 10.000 привремено населени кои секој ден патувале на работа во Скопје. Просечната густина на населението изнесувала 40-55 жители на м2. Бројната состојба на населението, по националност, во 1929 год. изгледала вака: Македонци 33.310, Бугари 26, Руси 688, Турци 13.893, Евреи 2190, Грци 279, Романци 110, Ерменци 438, Албанци (Арнаути) 1900, Цигани 2496, останати 466 и непознати 2 (:pos2:) . Според статистичките податоци од 1929 год. во Скопје имало вкупно 55.798 жители. [2] http://staroskopje.vestel.com.mk/sites/c02naselenie/c02naselenie.html#_ftn2
Според вероисповедта, населението го сочинувале: православни 32.382- 58,16%, католици 1465- 2,6 %, муслимани 19.307- 34,5 %, протестанти 140- 0,2 %, грко-католици 4, мојсиевци 2464 - 4,4%, останати 30 и непознати 6 (:pos2:).
Во меѓупописниот период 1921-1931 год. не настанале некои позначајни промени во националната структура на населението во Скопје.



Прилог: Семеен лист од 1935 год.


Македонското население во градот се зголемило за 20,5%, додека податоците не покажуваат видливи промени кај припадниците на другите националности.
Зголемувањето на бројот на македонското население не било последица на природен прираст, туку механички прилив на население од други приградски градови и села во Македонија.
Според Пописот од 1931 год. од вкупно 68. 334 жители во Скопје, само 35.305 биле родени во градот, од кои само 6,8% биле на возраст од 60 и повеќе години.
Според националната структура на градот во 1931 год. од вкупно 68.334 жители, 37.701 биле Македонци, 1528 Албанци, 17.638 Турци и 11.467 други националности.





popisni.jpg




http://staroskopje.vestel.com.mk/sites/c02naselenie/c02naselenie.html
 
Голем дел од Ново маало не постои веќе, но интересни се куќите кои сеуште стојат таму а се стари преку 100 години и повеќе. Ако некој влегол, има некои од нив кои сеуште имаат земјен под, како во старо време, само горните катови се оспособени за живеење, а подрумот е со биена земја.

Пајко маало, не знам дали воопшто има жители сега, куќите веќе не постојат, мислам дека има некоја комунистичка зграда во тој дел таму сега нели? Уствари у право си, строг центар, плоштад спаѓа под Пајко маало, а таму има навистина доста стари скопјани.

Јас сум влегла во повеќе од пола куќи во Ново маало, ама не се сеќавам дека имале земјени подови. :icon_conf (или можда мала сум била, па не ме интересирале внатрешни уредувања :) ).
Инаку, како и за се` останато така и за оваа категорија на луѓе не може да се генерализира дека се не знам... голубари, дека се` што е дојдено од внатрешноста го потценуваат, дека ништо не постигнале во животот... Иако, признавам дека познавам вакви ликови по потекло од Маџар, Ново маало или други слични на нив кои сеуште живеат во некој свој маалски свет, застанати во 60-те и со ставовите и со начинот на живот. Но, познавам и луѓе кои точно потекнуваат од овие маала, а се истакнати во своите професии и општо успешни личности.
 
Јас сум стар скопјанец...
Пра-пра дедо ми бил еден од поглавните комити во Скопје за време на Турското рпство, пра-пра баба ми живеела во Стара Чешма(денеска тоа спаѓа во општина центар)така да јас сум чисто скопјанче
 
Изгубен е стилот и шмекот на Старото Скопје . Кај сакате појдете во Дебар Маало се се доселени освен неколку стари Дебар Маалци другото е се доселено истото . Незнам како е во Пајко маало , Топаана , МАџир Маало ама во Дебар Маало е цела Источна Македонија доселена :toe: .

ЃОРЧЕ ПЕТРОВ - СКОПЈЕ !!!
Staro%20gorce-web.jpg

Историјата на Ѓорче Петров датира многу одамна уште од времето на Првата Светска Војна,како предградие на главниот град Скопје до каде се стасувало само со познатото “вовче пампурче”.Најпрвин Општината се викала Ханриево, по францускиот генерал Ханрис, од Првата Светска Војна. Во времето на бугарската окупација 1941 г. го добива името Жостов, по истоимениот бугарски генерал, а во 1945 година по ослободувањето, го добива сегашното име по македонскиот револционер
Ѓорче Петров.
Општина Ѓорче Петров е една од десетте општини на градот Скопје оддалечена 5 километри од центарот на градот и се наоѓа на северозападната страна во Скопската котлина, меѓу реките: Вардар, Лепенец и Треска. Општината има и урбанистички и рурален дел и во неа влегуваат населените места: Грачани, Кучково, Никиштане, Орман, Волково и Ново Село.
Денес Општина Ѓорче Петров има 41634 жители, зафаќа површина од 6.693 ха (вклучувајки ги и приградските зони) и се граничи со општините: Карпош, Чучер-Сандево и Сарај.
 
Цело Скопје е пуно од дошљаци од цела Мак. де од ваму де од таму..и после пак Скопје ваков Скопје таков..па добро мајко му стара шо барате у Ск онда?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom