Ne moze da bide akcioner ????
Ај кажи ми ти на кој начин може, според закон за акционерски друштва, а да не биде основано од неа во старт, или да не е во нејзина сопственост.
Ти си барем правник, размисли.
Туку, моето лично гледање на проблематиката околу странските инвестиции...
Кампањата како кампања е за поздравување. Чисто како потег.
Е сега, другиот момент. Болниот за нас сите во оваа држава. Ај малку логика и реално гледање на нештата.
Што бара секој странски инвеститор? Со прости зборови, минимализирање на трошоците и максимизирање на профитот. А како може да го оствари тоа? Со ефтини локации за изградба на деловни објекти, ефтина работна сила, ниски даноци...се, ама буквално се во процесот на производство на производот/услугата да чини минимално.
Колку од ова ние можеме да им го понудиме, за да се одлучат да изградат фабрика кај нас, наместо во Кина на пример? Winston, ти спремен си да работиш за плата пониска од плата на Кинез? ABC, ти прв се буниш за даночни олеснувања за странци. Ако се даде некоја локација за изградба на фабрика на странец, сите одма скокаме колку ефтино му ја дале. Па одма муабети од типот "ааа, лапнал некој провизија гарант", па хајки по медиуми...
Ајде, кажете, вие сте тие што треба да убедат странец да инвестира. Што причина ќе му понудите за да го убедите дека токму тука неговите пари ќе се оплодат убаво?
Океј, владата треба да среди проблеми како закони, судство и така натаму, ама инвеститорите првенствено ги интересира профитот, односно што таа земја нуди за да го остварат.
Не си праете филм од типот на странски инвестиции дека ќе дојде некој, ќе отвори претставништво некое за консалтинг, вие ќе се вработите, ќе одите на работа во одело и службен џип, ќе земате плата според ЕУ стандарди и работа ќе ви биде да делите памет. Никој нема да инвестира тука во такво нешто. Се знае во што би инвестирал. Погон, ефтина работна сила. Ланец трговски објекти, ефтина работна сила.
Еве бе, кажете идеи и предлози за да биде успешен проектот Invest in Macedonia. Пошто инвеститори не се носат со сила, туку со услови. Не можеш да му речеш "инвестирај кај нас или ќе те тепам", треба да му понудиш интерес. Кои услови треба како држава да им ги понудиме за да сме атрактивни како земја за инвестиции?