-Малина Попиванова
Своерачна автобиогравија
-Родена сум во 1902год. во град Кочани,Македонија.
До 1920 год. се школував.Основна провесија:аптекарски помошник.
Работев во аптека до 1924год.(во Скопје).Во крајотна 1919год.како
гимназистка,стапив во Комсомол-Бугарија.Во крајот на 1920год. во
Белград-Југославија стапив во партијата. До 1924год.извршував разни
по партиска и синдикална линија. Бев прочелник на петорка, член на
градскиот комитет на партијата во Скопје,член на градското раковоство
на синдикатот на вработените во трговијата, бев член а потоа и секретар
на градскиот совет на синдикалната организација во град Скопје.Во есен
1924год. ЦК на КПЈ службено ме испрати во Москва за да се школувам во
Комунистичкиот универзитет “Свердлов“
По завршувањето на Ком. високо училиште во пролет 1928-та година
заедно со група другари бев вратена во Југославија, со задача да се
обнови партијата и да се исправи нејзината политичка линија, врз основа
Отвореното писмо на ИККИ до членовите на КП на Југославија. Таа работа преставуваше
подготвување на 4 конгрес на КПЈ. Во периодот на конгресните подготовки
работев во својство инструктор на оргазиционото биро на ЦК на КПЈ:во
Далмација, тогашниот центар на “левите“ во КПЈ.
По 4 конгрес работев како началник на оделот при ЦК на партијата. Во
есен 1929год. поради болест со дозвола од ЦК, емигрирав во Москва. Бидеиќи во југословенскиот сектор на Комунистичкиот универзитет на
националните малцинства на Запад беше откриена троцкистичка група
студенти и наставници,заради зацврстувањето на партиското јадро, според
решението на ЦК на Југославија, започнав да работам во југословенскиот
сектор на КУНМЗ како предавач.Во декември 1932 год. преминав на
организациона работа; работев како инструктор на орг. одделение на
Баумановиот реонски комитет на СКП во Москва. Во октомври 1933год.
по мобилизацијата на ЦК на СКП (б) беф пратена на работа во политичкиот одел на Уст-Заустовската МТС,Омска област во својство
началник на политичкиот одел.Сега предавам историја во НСШ.
----------------------------------------------------------------------------------------------
-Малина Попиванова-македонска револуционерка (1902-1954)
-Делегат од Македонија на Конгресот во Дрезден во 1928 год.