Јас би го играл кога и да имам прилика за тоа. Едно време и се заебававме со другарите, нешто налик на утакмица да изиграме со трчања со се комплет, ама е малце тешко ако имаш само една палка, една ракавица за фаќање и многу топки

Во една таква прилика за малце ќе го скршев носот при обид да ја фатам топката (за да биде аут нели де), па оттогаш немаме играно ни обично фрлање и удирање.
Иначе, мислам дека имаше две-три екипи во Македонија за ова кои активно си тренираа и играа, ама тоа беше главно за вработените во амбасада и некои што преку нив може да влезат. За да се направи нешто, треба некој американец да фрли некоја паричка, 2-3 терени, малце реклама и ќе има заинтересирани. Плус, далеку е поинтересно да се игра него да се гледа!
Коа сме кај гледањето, стигнаа до конференциските финалиња и истите за почнуваат вечерва - Њујорк - Детроит и утре - Сент Луис - Сан Франциско. Ќе биде дооста занимливо!