Опозицијата го одби повикот на Груевски за единство

  • Креатор на темата Креатор на темата [acko]®
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
16 февруари 2007
Мислења
1.196
Поени од реакции
10
Oпозицијата не го прифати повикот на премиерот Никола Груевски да се обединат сите партии во одбрана на македонската кауза и националниот идентитет под налетот на грчкиот притисок за името. Овој апел Груевски го испрати од скопскиот плоштад, во обраќањето на прославата на Денот на независноста на Македонија.
Опозициските партии го оценија говорот на Груевски како партиски и популистички.

- Повикот на премиерот го сфатив како: слушајте ме, следете ме, немате право да критикувате. Тој дури употреби реченици дека некои работат за туѓи агенди, дека се предавници. Тој говореше за изолација, а самиот ја изолира Македонија со својата политика. Груевски отвори војна со меѓународната заедница. Така не се прави единство. Единство се гради во Собранието, а не на плоштад - изјави Тито Петковски, претседател на НСДП.

Во СДСМ оценија дека говорот го покажува вистинското лице на Никола Груевски, кој на сите граѓани им соопшти да не се надеваат на подобра иднина и дека Македонија нема да влезе во НАТО и во ЕУ.

- Премиерот повика на самоизолација. Ваков говор нашите соседи во Србија слушаа пред 15 години. Тоа што го слушнавме од устата на Груевски е страшно - изјави Јани Макрадули, потпретседател на СДСМ.
Прославата на плоштадот помина без претседателот Бранко Црвенковски и без опозицијата. СДСМ, ЛДП и ДПА не испратија свои претставници. Во првиот ред немаше ниту претставници на ДУИ.

- Не сакаме да учествуваме во настан од кој се повикува на самоизолација и со кој Македонија влегува во исклучително темно сценарио. Груевски од двојната формула за името се откажа уште пред самитот на НАТО во Букурешт. Тоа го знаат сите во Македонија, во Европа и во светот. Затоа и ги распиша вонредните парламентарни избори - додаде Макрадули.

Во ВМРО-ДПМНЕ се разочарани од отсуството на опозицијата од празникот на државноста на Македонија.
- Уште еднаш сакаме да потсетиме на пораката што ја упати премиерот, дека за клучните прашања во надворешната политика е потребно единство без разлика на етничката, религиозната или, не дај боже, партиската поделеност што ја имаме во Македонија - изјави Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.
НСДП минатата недела поднесе декларација во собранието, со што бараат Собранието да утврди државна стратегија во спорот за името, а Црвенковски и Груевски јавно да ги изложат своите ставови. Петковски очекува Собранието наскоро да ја закаже седницата.




Груевски: Нашата кауза треба да биде Македонија

Груевски ги повика сите граѓани на Македонија да се обединат, без разлика на етничката, верската или партиската припадност.

- Сега не смеат да постојат разлики меѓу нас. Некој едвај го чека тоа. Не смее да има раздор, не смееме да дозволиме дневната политика и личните кариери да бидат пред Македонија. Денес ве повикувам да се обединиме сите, и политичарите и граѓаните, оти само така ќе успееме. Сите сме дел од Македонија и тоа треба да биде нашата кауза - рече Груевски.

Тој вети бескомпромисна борба во одбрана на македонскиот идентитет и истакна дека нема да потклекне под уцените на Грција.

- Слушам секакви прогнози од аналитичари што одработуваат туѓи агенди. Во сите тие анализи нешто се заборава - Македонија постои. Сега таа треба да се одбрани и да се надградува - додаде премиерот.
Тој очекува дека грчките закани и притисоците врз Македонија ќе продолжат со уште пожестоко темпо.
 
... МАКЕДОНИЈА ...
а опозицијата нека се спакува и нека си оди кај ГРЧКИТЕ ИМ СОЈУЗНИЦИ ...
 
... МАКЕДОНИЈА ...
а опозицијата нека се спакува и нека си оди кај ГРЧКИТЕ ИМ СОЈУЗНИЦИ ...

а што е најтрагично немаше ниеден нивни преставник на собирот. тоа самото кажува колку се македонци. на ден на независноста да не се ни појават!
 
нека одат кај што им е место во МАКЕДОНИЈА не им е:nenene:
 
Што убаво... сега барем има основ за прислушкување, нема љутиш :smir:
 
Што е финтава со САМОИЗОЛАЦИЈА
овие го научиле тој збор и само него го употребуваат. Зошто самоизолација? Дека ако не смениме име , идентитет ќе нема да не примат во нато и ќе ни ги затворат границите одма? Или можеби ќе не снема? Па и досега некако живееме ваљда ќе може и да продолжиме не гледам која изолација ја гледаат.

Ме нервираат политичариве со изјавиве со овај збор САМОИЗОЛАЦИЈА
како расипана плоча се и се препишуваат еден од друг
ексик
 
Mакедонија живее во изолација веќе 17 години,па сега и малку самоизолација не е на одмет,со оглед дека ништо не помогнаа апелите за нашата слобода.:toe:
 
Наместо во најтешките моменти на државата, политичките партии да створат единство кон тоа како ќе се води битката за името на државата, нив пак повеќе ги интересираат изборите и фотељите.
 
Наместо во најтешките моменти на државата, политичките партии да створат единство кон тоа како ќе се води битката за името на државата, нив пак повеќе ги интересираат изборите и фотељите.

Ако се створи единство,изборите и фотељите нема да бидат толку интересни.:toe:
 
kartata na koja igra opozicijata ima da ja udri vo glava...predavnicki poltroncinja
 
ех кај сеа сеа сдсм-овците да јадат гомна. ги нема затоа што знаат дека се укакале!
 
Денешната опозиција толкуа години работеше на ситнење на единството (нормално, освен тоа нивното), па сега да сака да го направи...
 
Ако се створи единство,изборите и фотељите нема да бидат толку интересни.:toe:

ABC кога се во прашање државни интереси, кога е во прашање државниот идентитет, фотељата е последното нешто на кое што треба да мислат.
 
ABC кога се во прашање државни интереси,кога е во прашање државниот идентитет,фотељата е последното нешто на кое што треба да мислат.
остај... им кажале нов збор и сега до максимум го користат. тоа ти е... што друго да очекуваш од група електричари!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom