Окупацијата и поделбата на Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Bratot
  • Време на започнување Време на започнување

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Веб-сајт
www.macedonianspark.com
Фашистичката окупација

Втората светска војна го затекнала македонскиот народ поделен во три држави: Југославија, Грција и Бугарија. Бугарија, на 1. март 1941 година склучила сојуз со нацистичка Германија, додека Грција и Југославија во краткотрајната априлска војна од 1941 г. биле поразени и окупирани од страна на силите на оската, што ја сочинувале Германија, Италија и Бугарија. Така целата територија на Македонија била окупирана од фашистичките сили и поделена на окупациони зони.

Бугарија, која претходно го имала Пиринскиот дел на Македонија во својот состав, го добила поголемиот дел од Вардарска Македонија и источниот дел од Егејска Македонија. На Италија u припаднале: поголемиот дел од Западна Македонија (Тетово, Гостивар, Кичево, Дебар и Струга), преспанските села и Костурско во западниот дел на Егејска Македонија. Преостанатиот дел од Егејска Македонија го окупирале германските сили. Припојувањето на окупираните делови од Македонија кон Бугарија, бугарските окупатори ја прикажувале како ослободување на своите национални територии, а припојувањето на окупираните делови од Македонија кон Албанија, Албанците го доживувале како ослободување на своите национални територии.

Веднаш по окупацијата бугарските власти започнале со организирање на својата власт поделувајќи ја окупираната територија на две административни области: Скопска и Битолска. Во овие области окупациониот систем бил наметнат во сите сфери на живеењето (државно-административната, полициската, воената, образовната и црковната), во кои започнале да важат граѓанските и административните закони на царството Бугарија. Во власта влегло и локално население што било лојално на новиот режим.

Во италијанската окупациона зона цивилната и судската власт започнала да се воспоставува во мај 1941 година, а веќе од јули ова окупационо подрачје u било препуштено на квислиншка Албанија, со што оваа територија станала дел од Голема Албанија. На тој начин, во Западна Македонија била воспоставена албанско-италијанска власт. Властите формирале и своја окружна управа (префектура) со центар во Дебар каде се наоѓала и командата на италијанската дивизија „Фиренца“. Албанските судови започнале да функционираат во мај 1941 година. Воено-полициските сили ги сочинувале жандармеријата (карабињерите), кои биле под италијанска команда, и полицијата (квестурата), која била под албанска команда.

Со капитулацијата на Италија во септември 1943 година, италијанската окупациона зона ја презеле германските нацисти, а власта и понатаму била во рацете на албанските колаборационисти. Германските окупатори ја продолжиле политиката на поддршка на идеите за Голема Албанија, со цел да формираат база за борба против комунистичките антифашистички сили. Така, под влијание на германските разузнувачки служби биле активирани албански фашистички организации кои подоцна се претвориле во балистички вооружени формации.

Положбата на Македонците во Вардарскиот дел на Македонија

Фактот дека окупирањето на територијата на Македонија од страна на бугарската држава било прикажувано како ослободување на бугарска територија претходно под власт на кралството Југославија, им служело како изговор на бугарските окупатори да применуваат различни стратегии за разбивање на единството на македонскиот народ. Освен што бугарсткиот јазик бил прогласен за единствен официјален јазик, бил донесен и посебен закон со кој на населението од окупираните територии му се наметнало бугарско државјанство и му се одзело правото на секој поединец да се изјаснува како Македонец. Згора на тоа, власта ги менувала имињата и презимињата на Македонците со цел да добијат бугарска форма.

Денационализаторската и асимилациската политика на бугарската власт најмногу доаѓале до израз во сферата на образованието и во црковното дејствување. Уште во 1941 година бугарската влада почнала да го воведува бугарскиот образовен систем со цел да се бугаризира македонската култура и да се асимилира македонскиот народ. Училиштата биле на бугарски јазик, со бугарски наставници и со предмети како: бугарска историја, бугарски јазик и култура и сл. Бугарската православна црква воспоставила црковна управа на тој начин што поставила свои свештеници, сменувајќи ги и прогонувајќи ги свештениците од српско и македонско потекло. Во своите проповеди, бугарските свештеници го истакнувале „бугарското потекло“ на македонскиот народ. Посебен вид пропаганда насочена кон младината се спроведувала преку специјално подготвуваните весници („Македонија“ и „Целокупна Бугарија“), но и преку разни политички групации составени и од локални соработници на окупаторот („Отец Пајсиј“, „Браник“, „Македонскиот иницијативен комитет“). Сите противници на режимот, а посебно комунистите биле прогонувани, апсени и мачени од страна на бугарската полиција.

Делот од Македонија окупиран од италијанската војска бил припоен кон Албанија и понатаму третиран како ослободена албанска територја. Албанците во Македонија, кои во кралството Југославија биле обесправувани како и Македонците, се здобиле со права кои претходно не ги уживале: право на користење на албанскиот како официјален јазик и право на образование на албански јазик. Со прогласување на албанскиот јазик за официјален, сите јавни натписи на установите, трговските и угостителските дуќани морале да се заменат со натписи на албански и италијански, а целокупната администрација морала да се води на албански јазик. Наставата во училиштата се одвивала на албански јазик. Македонците биле принудени да одат во училишта на албански јазик, со наставници и учебници од Албанија, кои ги пропагирале големаолбанските и фашистичките идеи.

Албанизацијата што ја спроведувала квислиншката влада одела до таму што ги преименувала градовите и селата во Западна Македонија, давајќи им албанска форма. Истото се случувало и со имињата и презимињата на македонското население, кои во многу случаи добивале албанска форма.

На овој дел од територијата на денешна Македонија дејствувале и голем број балисти и качачки групи кои, под изговор дека водат борба против партизаните, го тероризирале македонското население. Нивните акции особено се засилиле по замената на италијнската окупација со германска. Делувајќи во име на големоалбанските националистички организации кои соработувале со фашистичките сили („Втора Призренска Лига“, „Легалитет“, „Бали Комбетар“ и др.), балистите и качачките групи опожарувале, пљачкосувале и убивале по селата, принудувајќи го локалното македонско население (главно од Гостиварскиот регион) да ги напушта своите домови.
 
Положбата на Македонците во Егејскиот и Пиринскиот дел на Македонија

Слична била и ситуацијата на Македонците во Пиринскиот и Егејскиот дел на Македонија. Положбата на Македонците, кои сочинувале повеќе од 90% од населението, не се променила. Непризнавањето на македонскиот идентитет од страна на царска Бугарија продолжило и понатаму, а секоја обид за спротивставување бил жестоко казнуван. Денационализаторската политика била континуирано спроведувана преку образовниот и културниот систем проследена со полициски и други мерки на репресија и терор. За пример, само во селото Белица биле уапсени и испратени во концентрационен логор 150 лица.

Македонскиот народ во Егејска Македонија се нашол поделен во три окупациони зони: бугарска, германска и италијанско-албанска. Во германската зона, нацистите со поддршка на грчката квислиншка управа, воделе жестока пропаганда која првенствено била заснована на антимакедонски и антикомунистички основи. Тие настојувале да го користат традиционалниот страв на Грците од Словените, кој датирал од порано. Така поради македонските национални пројави во Егејска Македонија уште пред почетокот на војната близу 5000 Македонци биле затворени и интернирани на разни грчки острови.

БОРБАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ И ОБЕДИНУВАЊЕ

Антифашистичкиот отпор во Вардарскиот дел на Македонија

Уште од самиот почеток на окупацијата, македонскиот народ започнал со подготовки за вооружен антифашистички отпор. Како организатор на овие подготовки се појавила Комунистичката партија на Југославија на чело со Јосип Броз Тито, во чија програма[1] македонскиот народ ја видел својата прилика за национално и политичко ослободување.

И покрај проблемите кои се јавиле во почетокот на вооружената борба во Вардарска Македонија, во периодот август-октомври 1941 година дошло до формирање на првите партизански одреди: Скопскиот, Прилепскиот и Кумановскиот. За почеток на вооружениот антифашистички отпор се смета акцијата на Прилепскиот одред од 11 октомври 1941 година, кога биле нападнати бугарската полициска станица, затворот и поштата во Прилеп. Иако воените успеси на овие први партизански акции биле скромни по обем, тие сепак имале силно политичко значење.

Вооружениот отпор земал поголем замав по јуни 1942 година, кога обновениот Покраински воен штаб бил преименуван во Главен штаб на Народноослободителните одреди на Македонија на чело со Михаило Апостолски. Оваа промена создала услови за поголема воена и политичка активност на припадниците на отпорот. Успесите што ги постигнала антифашистичката коалиција на сите фронтови во текот на 1943-1944 година имале позитивно влијание и на политичкиот развој на антифашистичката војна во Македонија. Токму во овој период се случиле и главните воено-политички настани пресудни за исходот на војната во Македонија.

Во март 1943 година во Тетово бил одржан првиот состанок на Централниот комитет (ЦК) на новоформираната Комунистичка партија на Македонија (КПМ), а за нејзин прв секретар бил именуван Лазар Колишевски. На истиот состанок било одлучено да се соработува со движењата на отпорот во Албанија, Бугарија и Грција. На следниот состанок на ЦК на КПМ на 2.08.1943 година во Отешево (Преспански состанок), биле донесени неколку важни одлуки. Освен што било решено да се формираат батаљони и бригади што ќе бидат подготвени да дејствуваат на поголем простор и Народноослободителни одбори како органи на новата власт, најважната одлука била да се започнат подготовките за свикување на Антифашистичкиот Собрание на Народното Ослободување на Македонија (АСНОМ).

Пред одржувањето на Преспанскиот состанок, регионот на Дебарца станал поприште на борбени дејствија кои траеле подолго време и резултирале со постепено создавање на првите поголеми слободни територии. Во оваа област била формирана Првата Македонско-Косовска народноослободителна бригада, на која u претходело формирањето на батаљонот Мирче Ацев, кој бил првата регуларна воена единица на Народно ослободителната војска на Македонија (НОВ). Тука се наоѓало верското намесништво чија задача била да работи на создавање на македонска православна црква, а започнале со работа и првите училишта на мајчин македонски јазик.

Значаен настан од овој период било одржувањето на второто заседание на Антифашистичкото веќе на народното ослободување на Југославија (АВНОЈ) во Јајце на 29 ноември 1943 година. На ова заседание е озваничена можноста Вардарска Македонија да ја продолжи борбата за создавање на македонската држава како рамноправна членка на југословенската федерација. Со тоа биле остварени програмските цели содржани во манифестотот на Главниот штаб на НОВ издаден во октомври 1943 година.

Од воените акции на партизанските сили посебно место зазема прочуениот Февруарски поход од 1944 година. Борбените дејства на македонските единици опфатиле поголем дел од територијата на Вардарска Македонија и дел од Егејска Македонија. Благодарејќи на овој поход оружената борба се проширила низ цела Македонија, се зголемил приливот на нови борци, а македонската војска добила воено признавање за учеството во антифашистичката војна од присутните сојузнички воени мисии.



Извадоци од дневникот на еден борец, учесник на Февруарскиот поход

Не знам кој датум е, деновите ги бројам според стеменувањето и разденувањето. Изгледа се наоѓаме некаде во Велешко, во некои напуштени трла. Нашата бригада се враќаше од една акција. Се веселевме, бидејќи успеавме да заробиме 15 Германци. Сега сето тоа е далеку изгубено во зимската пустош. Ноќеска ќе останеме овде...

Шеснаести ден. Многу сме извалкани и запуштени. Чај вариме од букова кора... Изутрина рано тројца доброволци отидоа на патрола. Седев крај огнот и во порцијата си топев снег. Еден од другарите ми се приближи, ме повлече за рака и ми шепна: “Овдека има јаготки, јас ги пронајдов. Потоа клекна и почна да собира брбушки. Една по една ги ставаше во уста. Никој не му се насмеа...

Патролата се врати. Се поврзала со некои селани. Донесоа малку грав. Го поделивме и секој доби по девет зрна... Утре ќе тргнуваме. Ќе продолжиме за Дебарца. Снегот е длабок и едвај се пробиваме...

(извор: Косадин Делиниколов; Историска читанка за средно образование; Скопје 1976)



Како реакција на воените успеси на силите на антифашистичкиот отпор истата година бугарските окупаторски војски ја презеле познатата Пролетна офанзива за да им го олесни повлекувањето на германската војска од Грција на север преку Македонија. Главниот штаб на НОВ ја искористил оваа офанзива за да ги започне операциите за ослободување на Македонија.

Завршните ослободителни операциите започнале кон крајот на летото 1944 година, а се засилиле по капитулацијата на Бугарија во септември, кога народноослободителната борба добила општонароден карактер. И покрај замената на бугарските војски со германски, единиците на македонската војска во периодот од септември до ноември ги ослободиле сите градови во Вардарска Македонија.

Македонските партизани учествувале и во воените операции на Косово против балистичките и германските воени единици. Исто така, 15-от македонски корпус кој броел 22 000 борци, и на чие чело се наоѓал искусниот шпански борец Алекса Демниевски–Бауман, заминал на Сремскиот фронт учествувајќи во завршните операции за ослободување на Југославија.

Антифашистички отпор во Егејскиот и Пиринскиот дел на Македонија

Во Пиринска Македонија инцијативата за организиран антифашистички отпор била во рацете на Бугарската комунистичка партија. Првите партизански вооружени групи во овој дел од Македонија биле предводени од Иван Козаров и Никола Парапунов. Првата акција била изведена од групата на Козаров, само пет дена по нападот на нацистичка Германија на Советскиот Сојуз во јуни 1941 година. Во партизанските групи членувале комунисти и поранешни раководители и активисти на ВМРО (Обединета).

Во годините што следеле приливот на нови борци во партизанските одреди се зголемувал поради тоа што антифашистичката борба не била само борба против фашизмот, туку и можност за остварување на вековните стремежи за национално и територијално обединување на македонскиот народ. Така, во 1942 година во Разлошкиот, во Горно Џумајскиот и во Петричкиот регион биле формирани нови партизански чети, а во мај 1943 година бил формиран и партизанскиот одред „Јане Сандански“. Во наредниот период и други чети од Пиринскиот дел прераснале во одреди кои во 1944 година се поврзале со партизанските единици од Вардарскиот дел на Македонија.

По капитулацијата на фашистичка Бугарија и преземањето на власта од страна на Отечествениот фронт, Македонците од Пиринскиот дел со право очекувале новата власт да ги почитува нивните национални права и во тоа име се бореле против германската власт на страна на Отечествениот фронт.

Македонците од Егејскиот дел на Македонија исто така рано се вклучиле во антифашистичкиот отпор. Во летото 1941 година на територијата на Егејска Македонија под раководство на КПГ биле формирани партизански групи во Кукушко, Нигридско, Кајларско и Пајак Планина, во кои учествувале и борци од вардарскиот дел на Македонија. Овие групи ги извршиле и првите акции против фашистичките окупатори.

Во септември 1941 година Комунистичката партија на Грција (КПГ) ги повикала и Македонците да се вклучат во општата антифашистичка борба на балканските народи. Македонците од Егејскиот дел го прифатиле повикот и покрај недореченостите на КПГ по однос на македонското прашање и фактот што поголем број македонски политички активисти се наоѓале по затворите и логорите. Меѓу најпознатите борци на македонското ослободително движење и учесници во антифашистичкиот отпор, како член на КПГ се вбројува и Лазо Трповски, кој бил свирепо убиен од грчките националисти во 1943 година.

Во 1942 година покрај омасовувањето на партизанското вооружено движење во овој крај биле формирани и неколку политички организации како што се: Македонската антифашистичка организација (МАО) во Воденско и Славјано-македонскиот ослободителен фронт (СНОФ) во Костурско. Овие политички организации почнале да го истакнуваат македонското национално прашање на територијата на Грција во периодот на војната.

Антифашистичката борба на Македонците на оваа територија сe повеќе се доживувале како борба за конечно и праведно решавање на македонското национално прашање што подразбирало и обединување на трите дела на Македонија. Водени од таквите стремежи сe поголем број борци пристапувале кон партизанските единици, со што биле создадени услови за формирање на покрупни воени формации. Така, со наредба на КПМ, во ноември 1944 година била формирана и Првата Егејска ударна бригада.

Есента 1944 год. развојот на настаните во Егејскиот дел на Македонија тргнал во поинаков правец откако британската војска воено интервенирала во Грција. Како резултат на оваа интервенција, КПГ ги изгубила позициите, а на власт во Грција се вратила предвоената влада, која ја продолжиле својата антимакедонска политика во наредниот период.

.
 
Борбата за национално обединување

Идејата за национално обединување на македонскиот народ била присутна уште од почетокот на народнослободителното движење, како дел од антифашистичката борба. Прашањето за национално обединување за прв пат било отворено искажано уште во 1941 година од страна на Методија Шаторов-Шарло, тогашниот секретар на Покраинскиот Комитет на КПЈ за Македонија. Повикувајќи се на континуитетот на илиденската епопеја од 1903 година, Шарло истакнал дека е потребно “да се обединат сите Македонци во остварувањето на своето право за слобода и рамноправност против поделбата на македонската земја и македонскиот народ”. Исто така, тој сметал дека македонскиот народ треба самостојно да ја води борбата без директно влијание на КПЈ како единствен начин за остварување на идеите за целосна и самостојна Македонија. Ваквите ставови на Шарло, како и неговата одлука за привремено приклучување на партиските организации од Вардарска Македонија кон Бугарската комунистичка партија (БКП), предзивикале судир со КПЈ, кој резултирал со негово сменување од функцијата секретар на Покраинскиот комитет на КП за Македонија.

Сe поприсутната идеја кај Македонците за национално и територијално обединување на сите делови била сосечена од страна на генералниот секратар на КПЈ, Јосип Броз Тито (септември 1943 година), кој го нападнал раководството на КПМ за неговите автономистички национални тенденции за одвојување на КПМ од КПЈ и одвојување на борбата на македонскиот народ од борбата на другите народи на Југославија. Ваквиот став негативно се одразил врз стремежите на македонскиот народ за национано обединување, кои сега биле постиснати во заден план.

Важен документ од овој период бил Манифестот на Главниот штаб на Народноослободителната војска и паризанските одреди на Македонија од октомври 1943 година, со кој се повикувале сите народи во Македонија да се вклучат во антифашистичката војна. Иако во него стоело дека македонскиот народ никогаш претходно не се наоѓал во поповолна ситуација за исполнување на своите вековни стремежи за национално обединување, документот бил нападнат со образложение дека недоволно јасно ја изразува потребата за национално обединување на Македонците.

Прашањето за национално обединување на македонскиот народ било главната тема на разговорите што делегацијата на иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ, составена од Методија Андонов-Ченто, Емануел Чучков и Кирил Петрушев, ги водела со Тито, во јуни 1944 година на островот Вис. Тогаш Тито нагласил дека уште е рано да се поставува прашањето за обединувањето на Македонците за да не се ослабне борбата против заедничките окупатори, но истовремено ветил дека веднаш по војната тој лично ќе се заложи за решавање на ова прашање со оглед на неговот значење, не само за македонскиот народ, туку и за цела Југославија.

СОЗДАВАЊЕ НА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА

Народноослободителни одбори (НОО)

Уште во текотот на војната биле создадени народноослободителни одбори од страна на КПМ. Во почетокот, нивната основна дејност била насочена на прибирање оружје, храна и облека за партизаните. По создавање на првите слободни територии ја вршеле и функцијата на органи на народната власт, грижејќи се за снабдување на населението со основните прехрамбени продукти, за општо народниот имот, за посредување во спорови меѓу селаните и сл. Освен тоа, НОО биле одговорни и за културно-простветниот живот на слободните територии: ги отвориле првите училишта на мајчин македонски јазик, организирале курсеви за описменување на луѓето, приредби и сл. Ваквата активност на одборите создала услови, особено кон крајот на 1943 година за формирање на повисоки органи на новата власт.

Антифашистичко собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ)

Во согласност со одлуките на Преспанското советување од август 1943 година, во ноември истата година на слободната територија во Дебарца, каде се наоѓал Главниот штаб и членовите на ЦК на КПМ бил формиран Иницијативен одбор за свикување на АСНОМ. Како политички претставник на народната власт, Иницијативниот одбор презел некои функции на Главниот Штаб и ги прифатил одлуките од второто заседание на АВНОЈ. Одборот имал девет члена и негов претседател бил Методија Андонов-Ченто, а секретар Киро Глигоров. Ова највисоко претставничко тело на македонскиот народ во април 1944 година се проширило на 22 члена, кое во улога на неформална влада ги завршило подготовките за одржување на првото заседание на АСНОМ.

Првото заседание на АСНОМ се одржало на 2 август 1944 година во манастирот “Прохор Пчински”. На него учествувале 60 од вкупно избраните 116 делегати од сите делови на Македонија, а присуствувал и делегат на КПЈ (Светозар Вукмановиќ-Темпо) како и шефовите на американската и британската воена мисија. На заседанието, под претседателство на Ченто, биле донесени сите релевантни документи неопходни за создавање на македонската држава.


Првото заседание на АСНОМ го отворил најстариот член на Иницијативниот одбор, учителот од Велес Панко Брашнаров со зборовите: “ Во овој момент, во ова историско место 'Св. Отец Прохор Пчински' и на овој историски ден - Илинден, кога објавувам да е отворено првото Антифашистичко собрание на народното ослободување на Македонија, душата ми е преполнена со радост и пред премрежените очи гледам како се раздвижиле сите реки од Пчиња и Вардар до Места и Бистрица, заплускувајат е целата македонска земја, сакајќи да измијат од македонскиот народ десетвековниот ропски срам од пропаста на Самуиловата држава, за да се роди денеска нова, светла и слободна македонска држва
АСНОМ бил прогласен за врховен, законодавен и извршен орган на новата македонска држава во Вардарскиот дел на Македонија.

Демократска Федерална Македонија (ДФМ) станала рамноправна членка во новата Демократска Федеративна Југославија (ДФЈ). Македонскиот јазик бил прогласен за службен во новата држава, а 2 август - Илинден бил прогласен за државен празник. Еден од најдемократските акти во тоа време била и Декларацијата за основните права на граѓанинот, напишана од д-р Владимир Полежиноски. Со првиот член од оваа Декларација им се гарантирала слобода и рамноправност на сите граѓани, без оглед на нивната верска, национална и политичка припадност, а со вториот член се гарантирале и правата на националните малцинства. Исто така биле донесени и важни решенија во врска со образованието, здравството, приватната сопственост, Македонската црква и др. Со одлуките на АСНОМ бил потврден вековниот стремеж на македонскиот народ за создавање на сопствена држава.

Одгласот на АСНОМ во Егејска и Пиринска Македонија

Првото заседание на АСНОМ имало силен одглас и во Егејскиот дел на Македонија. Од една страна, дошло до помасовно вклучување на Македонците во ослободителната војска на Грција, со надеж дека преку заедничка борба ќе можат да ги остварат своите национални права. Од друга страна, сe повеќе се наметнувала и потребата за сопствена организација што би го водела движењето на отпорот на Македонците во овој дел на Македонија, со што јасно би се определила нивната улога во рамките на антифашистичкото движење во Грција, како и нивниот статус по завршувањето на војната. Во овој дел на Македонија АСНОМ ги зајакнал и идеите за обединување на Македонците во заедничка држава. Така на пример, штабот на Леринско-костурскиот баталјон “Гоце” ги доживеал решенијата на АСНОМ како настан што треба да поттикне на “воскреснување и обединување на целиот македонски народ во нашата татковина Македонија”.

И Македонците во Пиринска Македонија позитивно ги примиле решенијата на АСНОМ, што особено се почувствувало по капитулацијата на Бугарија во септември 1944 година и доаѓањето на власт на Комунистичката партија на Бугарија (КПБ) и Отечествениот фронт. Заради воспоставување добри односи со КПЈ, КПБ била принудена да го разгледува и признавањето на македонската нација, како и правото на македонското национално малцинство во Бугарија. И покрај тоа што некои опозициони партии во Бугарија се спротивставувале на решенијата на АСНОМ, на 17 септември 1944 година владата на Отечествениот фронт на Бугарија донела Декларација со која ја признала ДФ Македонија и покажала подготвеност за создавање услови за решавање на македонското национално прашање.

Новата македонска држава и прашањето за национално обединување

Македонскиот народ со АСНОМ успеал да формира своја држава само на еден дел од својата етничка територија - Вардарска Македонија. Останатите два дела - Егејскиот и Пиринскиот, по завршувањето на војната останале во рамките на Грција и Бугарија, со што македонскиот народ останал територијално разделен и покрај ветувањата што ги добил пред и за време на војната.

Веднаш по конституирањето на првата македонска држава дошло до разидување во највисокото раководство по однос на македонското национално прашање. Еден дел од раководството на чело со Лазар Колишевски, сметал дека преку создавањето на македонската држава на дел од нејзината етничка територија била остварена целта на антифашистичката борба и дека иднината на Македонија треба да се гледа во градење на новиот социјалистички поредок во рамките на југословенската федерација. Наспроти нив стоел друг дел од раководството, меѓу кои биле Методија Андонов-Ченто, Емануел Чучков, Киро Глигоров, а подоцна и Венко Марковски, Петре Пирузе и др., кај кои сe уште била жива идејата за обединување на Македонија. И покрај тоа што го прифатиле статусот на Македонија како федерална единица во рамки на Југославија, тие не се откажувале од остварување на идејата за обединета Македонија, било во рамки на постоечката југословенска федерација, било во состов на некоја идна Балканска федерација.

Набрзу дошло до политичка пресметка помеѓу овие две идеолошки спротиставени струи во македонското политичко раководство, при што победила струјата на Колишевски поддржана од југословенскиот политички врв. Лидерот на поразената група, Методија Андонов-Ченто, кој уште во првите денови по ослободувањето го кренал гласот против реваншизмот кон идеолошките противници, монтираните судски процеси и убиства, бил принуден во јули 1946 година да поднесе оставка од раководната функција. Неколку месеци потоа, на монтиран судски процес и самиот бил осуден на единаесет години затвор. Исто така, и сите негови истомисленици и приврзеници биле политички изолирани, а некои од нив на монтирани судски процеси неправедно осудени.

Пред крајот на војната, во Македонија постоеле и политички струи, кои ја заговарале идејата за обединета, самостојна Македонија. Тие се спротиставувале на решенијата од АВНОЈ и АСНОМ, и не го прифаќале фактот дека Македонија останала поделена, а само еден нејзин дел се стекнал со државност во рамки на југословенската федерација. Меѓу нив имало и такви кои под идејата за обединета Македонија се обидувале да делуваат спротивно на интересите на македонскиот народ. Тогашното политичко раководство ги прогласило припадниците на овие политички струи за непријатели на државата. Како последица на тоа, голем дел од нив биле политички изолирани, осудени на затвор, па дури и ликвидирани
 
Борбата за национално обединување

Идејата за национално обединување на македонскиот народ била присутна уште од почетокот на народнослободителното движење, како дел од антифашистичката борба. Прашањето за национално обединување за прв пат било отворено искажано уште во 1941 година од страна на Методија Шаторов-Шарло, тогашниот секретар на Покраинскиот Комитет на КПЈ за Македонија. Повикувајќи се на континуитетот на илиденската епопеја од 1903 година, Шарло истакнал дека е потребно “да се обединат сите Македонци во остварувањето на своето право за слобода и рамноправност против поделбата на македонската земја и македонскиот народ”. Исто така, тој сметал дека македонскиот народ треба самостојно да ја води борбата без директно влијание на КПЈ како единствен начин за остварување на идеите за целосна и самостојна Македонија. Ваквите ставови на Шарло, како и неговата одлука за привремено приклучување на партиските организации од Вардарска Македонија кон Бугарската комунистичка партија (БКП), предзивикале судир со КПЈ, кој резултирал со негово сменување од функцијата секретар на Покраинскиот комитет на КП за Македонија.

Другарот Лазо, во своите мемоари, неретко се осврнува на драматичните југословенски збиднувања во 1941 г., на самиот старт на Втората светска војна. Во книгата Аспекти на македонското прашање, издадена 1988 г., тој опишува како и кој го смислува планот за операцијата "свилен гајтан за Шарло акробатот" (акробат во преносна смисла, бидејќи Шаторов, по разгромот на Југославија во април 1941 г., по наредба на СССР, ја поврзува КПМ со бугарската партија, не можејќи веќе да одржува врски со окупираниот Белград). Колишевски (тогаш Колишевиќ) веќе долги години се наоѓа во Србија, каде што работи како металоглодач. Лазо раскажува: "Кратко време потоа, отидов во Крагуевац на работа во Окружниот комитет на КПЈ, а во почетокот на мај ми беше соопштено да тргнам на партиска работа во Ниш. Меѓутоа, неколку дена подоцна, бев повикан во Белград, каде што другарот Александар Ранковиќ ми ја соопшти одлуката за моето одење на работа во Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија. Тој исто така ми соопшти дека за член на ПК КПЈ за Македонија е испратена една другарка која работеше во Ниш и која беше член на Окружниот комитет. Таа беше Мара Нацева. Ми ја изложи ситуацијата во Македонија колку што му беше и нему позната во врска со ставовите на тогашниот секретар на ПК КПЈ, Шаторов Шарло. Ранковиќ инсистираше, доколку ситуацијата на ПК ќе биде поволна, да ја преземам функцијата на воената комисија".

Две работи се круцијални во ова искажување: прво - Колишевски е човек од највисока доверба на Александар Ранковиќ, шефот на сите тајни служби во Титова Југославија, творецот на ОЗНА (Одделение за заштита на народот) и долгогодишен челник на УДБ (Управа за државна безбедност); и второ - Ранковиќ, Србин по националност, инсистира Лазо да ја преземе воената комисија во КПМ бидејќи во тие воени комисии била најдобро инфилтрирана мистериозната српска националистичко-милитаристичка организација "Црна рука", од која после Војната ќе израсне злогласниот КОС (Контраобавештајна служба на ЈНА)...."


"....НЕ ЗА КОЛОНИСТИТЕ Ако треба да се опише значењето на Шаторов Шарло во една реченица, таа би можела да гласи вака: еден од најмоќните левичари во Македонија кон средината на минатото столетие. Отприлика, она што неговиот имењак и земјак-прилепчанец Методија Андонов Ченто - првиот македонски претседател - претставувал за десницата, тоа Шарло бил за левицата. И едниот и другиот настрадале во сталинистичките чистки на Колишевски.
Во таа прилика Шарло експлицитно бара протерување на сите српски колонисти, населени од страна на кралот Александар по македонските краишта, поради што Србите и Власите во КПЈ решаваат да го елиминираат. Кој ќе биде извршител на тој проект? Лазар Колишевски - Митре (Лазовото партизанско име денес го носи неговиот син, кој од неодамна е висок раководител, испратен од Љубљана, во една голема македонска банка). "
 
Хубава тема. Абе не мога да се сетьа, как се казваше кмета на Скопие - (1941 - 1944). Мисльа, че беше ньакак`в доктор, но не му помньа името. Знам, че е застрельан от комунистите през 44-та с обвинение, че е колаборационалист...
Сега за него споменава ли се нешто при вас?
 
balkan_belligerants_1914.jpg
 
Хубава тема. Абе не мога да се сетьа, как се казваше кмета на Скопие - (1941 - 1944). Мисльа, че беше ньакак`в доктор, но не му помньа името. Знам, че е застрельан от комунистите през 44-та с обвинение, че е колаборационалист...
Сега за него споменава ли се нешто при вас?



Спиро Китинчев бил,и да ако мислиш да кажеш дека е Бугарин,да е...
Само немој да ми кажиш дека Македонија е била Бугарска во тој период,оти Македонија е била под Бугарска ОКУПАЦИЈА...фактите што нашите грагани во тоа време биле тепани и силувани мислам дека не е мал,но можам да кажам дека од 1914-1941 сме биле и под СРБСКА окупација....а не во рамките на СХС.

Поздрав
 
Хубава тема. Абе не мога да се сетьа, как се казваше кмета на Скопие - (1941 - 1944). Мисльа, че беше ньакак`в доктор, но не му помньа името. Знам, че е застрельан от комунистите през 44-та с обвинение, че е колаборационалист...
Сега за него споменава ли се нешто при вас?

Roden kam krae na 1895 vo Skopie. Uci vo Skopie . Visoko obrazuvanie polucava vo Lozana -Svejcarija.
1944 g. arestuvan e vo Kjustendil od bugarskite komunisti i predaden na komunistite vo Makedonija . Osuden e na smrt, posle zameneta so druga 20 godini zatvor. Umira edna godina sled prisudata.

P.p Brisite veke nared kad ne vi udisa nesto , bravo bre sefe.
 
А знае ли светот дека ние и во 40’тите сме се бореле против нашите окупатори и дека и тогаш ни било ветено дека Македонија ќе биде обединета. Знаат ли денешните европратеници за нашата историја или само гледаат евра пред нивните очи и сето друго е помалку односно неважно. И ако тие незнаат, не се криви за нивното незнаење, криви се оние кои знаат ама не сакаат да ги научат и нив!!!

Македонија на Македонците , ЗАСЕКОГАШ!!! :oeoeoe:
 
Македонија делена од окупаторите

какви договори се воделе без нас

Македонија во билатералните и мултилатералните договори на балканските држави 1861-1913, документ бр.1

НАЦРТ НА СРПСКО - ГРЧКА КОНВЕНЦИЈА за поделба на балканските владенија на Османлиското царство, респективно и Македонија, на сфери на пропагандно дејствување, 1861 година 1


Во името на Светото Тројство.
Неговото Височество грчкиот крал и Неговата Светост српскиот кнез согледувајќи ја состојбата на пропаѓање и последните издишувања на Турското Царство, сметајќи дека продолжувањето на сегашната состојба на статус-кво претставува постојан камшик за христијанските народи што е и непосредна опасност за нивната иднина, следствено на тоа нивно право и обврска е самите да најдат соодветни средства за да се доведе состојбата на работите во согласност со желбите и правата на овие народи, одлучија, со општа согласност, да уредат се што се однесува на овој предмет, од заемен интерес, со една специјална конвенција и ги именуваа:
Н.В. Кралот на Грција Н..., а
Н.Св. Кнезот на Србија Н ...
Кои, откако едниот на другиот ги претставиле своите полномоштва и констатирале дека се во ред, ги утврдиле и потпишале следните членови:
Чл. 1
Страните потписнички се обврзуваат непосредно по ратификацијата на оваа Конвенција да дејствуваат заеднички кај кнезовите на Влашко и Црна Гора да прифатат да го потпишат приложениот проект договор за соработка.
Чл. 2
Во случај двете влади да не го прифатат проектот на споменатиот договор, двете страни договорнички сепак ќе го потпишат овој Договор и ќе настојуваат, на начин како што е набележан, да придобијат една од големите сили да го признаат принципот на неинтервенирање во работите на Исток. Чл. 3
Откако една од големите сили ќе го признае овој принцип и ќе вети да направи да биде респектиран и од другите сили, двете договорнички страни ќе настојуваат да ги извршат секоја своите обврски предвидени со чл. 2 од Договорот.
Чл. 4
Согласно тоа, Владата на Н.В. елинско се обврзува:
1. Да ја зголеми својата редовна војска на 30.000 луѓе,
2. Да вооружи што е можно побројна флота,
3. Да го обезбеди потребното оружје за вооружување на народот на Тесалија, Епир, Македонија и Тракија, во кои што би пламнало револуционерното движење.
Чл. 5
Владата на Н. Св. српска се обврзува:
1. Да ја зголеми својата редовна војска на 12.000 луѓе,
2. Да организира во најголема можна бројност народна војска,
3. Да обезбеди оружје и да ги снабди со другите потреби провинциите: Босна, Херцеговина и Бугарија, во кои би можело да се подигнат револуционерни движења.
Чл.6
Ако се оствари предвиденото со чл.З од Договорот, двете договорни страни се обврзуваат да ја продолжат борбата и нема да го оставаат оружјето се додека не успеат на Исток да воспостават состојба на работите адекватна на моралните и материјалните потреби на народите на Исток, како и на нивните свети и незастарени права. Тие едната на другата си ветуваат заемна помош и поддршка како за време на траењето на војната исто така и при договарањето на мирот за одредување на границите на респективните држави, согласно со начелната определба во чл. 3.
Чл. 7
Страните договорнички се согласни дека нема да преземаат никакво движење се додека доволно не се подготват. Во секој случај по взаемна согласност.
Чл. 8
Оваа Конвенција ќе остане тајна.
Дополнување 2 на чл. 3:
1.Елинското кралство ќе ги анектира: Тесалија, Епир, Македонија, Тракија и островите на Архипелагот.
2. На Српското кралство, составено од сегашното Српско кнежевство, ќе се придодадат: Босна, Херцеговина, Горна Албанија и Црна Гора (во случај ако /последното/ трајно не би останало на тоа да претставува самостојно и независно кнежевство).
3. На Бугарското кралство границите ќе му се определат подоцна.
4. Кралство Дакија, составено од Влашка и Молдавија.

Кажано:3
Српските агенти ќе дејствуваат до линијата почнувајќи од морето (Јадранско) што ги зафаќа подрачјата наДрач, Елбасан, Охрид, Прилеп, Велес, Штип, Кратово, Џума(ја) до (пл.)Балкан (северно). Грчките агенти ќе ги обработуваат подрачјата на: Берат, Горица, Битола, Демир-Капија, Радовиш, Разлог до (пл) Балкан (јужно).
Толкување на "Хартиите":4
1. Грчкиот предлог. Има природни граници: планините Балкан и Шара. Но, Грција добива 2-3 милиони Словени и станува поголема од Србија и Бугарија зедно. Воедно истите би претставувале премногу долга и тесна држава. Србија добива многу малку море.
2. Српскиот предлог. Посоодветен на народносниот принцип. Бугарија претставува посебна држава и сите три држави би биле приближно подеднакви, Србија добива доволно море. Но, границите претежно не се природни. Грција станува тесна во средината.
3. Во случај Цариград да не може да се освои, од какви и да е причини, Тракија до Балкан (Планина) останува Турска. Постојната пречка помеѓу Грците и Бугарите се отстранува. Поделбата на Албанија и Македонија меѓу Србија и Грција (како под 2) е лесна, бидејќи Грција е согласна. Двете активни сили се прошируваат приближно подеднакво. Грција без Цариград нема изгледи за надмоќност,
4. Ако Бугарија не влезе во комбинацијата и останува на Турција. Но, Србија се проширува до Искар, а средна Албанија и ја препушта на Грција. Добрите страни на овој предлог се исти како и под 2. Но, Србија повремено, да цели на турските - бугарски земји.
5. Најскромен но, можеби, и најповолен план за идните планови на Србија. Двете држави, засега, малку да се зголемат со зафаќање на чисто српските односно чисто грчките провинции и така да дојдат до првите природни граници. Со време Србија може да ја напушти Грција и да го гледа само својот интерес и да недопушти да се грцизираат на пр., Битола, Воден, Дојран и тд., (курзив-ММ), како ни Пловдив, Казанлак, Загора.
6. Според Лежеановата карта на принципите на народноста и природните граници најадекватен план е планот за конфедерација од повеќе држави. Бидејќи грчките држави според природните особености се мали, и словенските се поделени на повеќе држави поради нивните различности.5 Но, сомнително е дека овој српско-грчко-арнаутски бунт би бил доволна гаранција за Европа против плановите на своите соседни големи сили.

(Гргур Јакшић и Војислав Вучковић, Спољна политика Србије за владе кнеза Михаила (Први балкански савез), Београд, 1963, 474-477)


1 Нацртот на конвенцијата беше предложен од Грција.
2 На договорот за сојуз, предпог на грчката страна.
3 Српската верзија (на Гарашанин) за договорената поделба на подрачјата на пропагандното дејствување.
4 Текстот на толкување на документите од Илија Гарашанин.

5 Тука не станува збор и за Македонија.
 
документ

АЕН ДОГОВОР за сојуз и обединување на Кнежевството Србија и на Кнежевството Црна Гора, 23 септември 1866 година

Во името nа Светото Тројство

Неговата Светост Кнезот на Србија и Неговата Светост Кнезот на Црна Гора земајќи ги предвид од една страна своите свети должности а од друга страна жалната положба на српскиот народ во Турција1 и одушевени од еднаква патриотска желба со искрен договор да работат на ослободување и обединување на својот народ, се спогодија со овој таен договор да се регулираат сите прашања во врска со тоа и однапред да го определат делокругот на својот заеднички потфат.
За таа цел:

Н.С. Кнезот на Србија го одредил за свој полномошник г. Милое Лешјанин, началник на Министерството за надворешни работи, а Н. С. Кнезот на Црна Гора војводата и сенатор Петар Вукотиќ, кои на средбата откако ги прегледале полномоштвата и констатирале дека истите се добри и регуларни, ги договориле следните точки:
Чл. 1
Нивната Светост кнезот на Србија и Кнезот на Црна Гора се обврзуваат и едниот на другиот си даваат збор дека ќе работат во најголема искреност и согласност што побргу да се подготви востание против Турција за да се ослободи од турскиот јарем целиот српски народ и да се обедини во една српска држава.
Чл. 2
Ако овој потфат биде крунисан, со божја помош, со целосен успех односно целиот српски народ во Турција да се ослободи и се обедини во идната голема српска држава, тогаш, под тој услов, Кнезот на Црна Гора свечено ветува дека Црна Гора ќе и пристапи и ќе се обедини во таа голема држава, признавајќи го кнезот Михаило за владетел на таа целокупна српска држава.
Чл. 3
Во таков случај Кнезот на Србија, ценејќи го високо благородното и патриотско жртвување на Н.С. Кнезот на Црна Гора, најсвечено ветува во свое име и во името на Србија дека на Н. С. Кнезот на Црна Гора и на неговото семејство не само што ќе го задржи своето кнежевско достоинство туку и дека ќе биде и негова лична грижа да му обезбеди на сегашниот владеачки кнез на Црна Гора, сјаен морален и материјален статус во новата српска држава.
Чл. 4
На сегашниот владеачки кнез на Црна Гора посебно му се обезбедува ранг на принц на владеачкото семејство, првенство пред сите други по владетелот и неговиот законит син и наследник, доколку има таков, како и споменувањето на името во црквите после владетелот. Освен тоа на Кнезот на Црна Гора му се обезбедува износ од 20 илјади дукати годишно, со можност, подоцна, кога во заедничката држава ќе се определува апанажата на владетелот да се размисли и за посјајна позиција на Кнезот Никола. Исто така ќе се среди и за одлична морална и материјална положба на сите блиски сродници на Н.С. Кнезот на Црна гора. За кнежевска блиска роднина ќе се сметаат од семејството Петровиќи само по Степановата линија.
Чл. 5
Ако Црна Гора се обедини со Србија Н.С. Кнезот на Србија ветува сите старешини и чиновници кои ќе се затекнат како старешини и чиновници на Црна Гора за време на обединувањето ќе имаат еднаков третман како и српските старешини и чиновници, еднакви плати и материјална положба, и со нив поеднакво ќе се постапува.
Само по себе се подразбира дека и целиот црногорски народ ќе ги ужива сите права и слободи што ги има српскиот народ.
Чл. 6
Имајќи ги предвид; од една страна љубовта и приврзаноста на црногорскиот народ на сегашниот владеачки кнез на Црна Гора и неговите сјајни предци а од друга страна природното сиромаштво на Црна Гора и сакајќи на црногорскиот народ да му даде доказ на благодарност за жртвите што со векови ги поднесувал во борбите против заедничкиот непријател, Н.С. Кнезот на Србија му ветува на Кнезот на Црна Гора дека спрема црногорскиот народ ќе ги имаат во предвид сите можни погодности кога ќе се определуваат државните трошоци во обединета Србија.
Со оглед на тоа дека црногорскиот народ не е навикнат на регрутација и живеење во касарни туку секогаш се борел против непријателот како народна војска, Н.С. Кнезот на Србија, прифаќајќи ја со задоволство желбата на Н.С. Кнезот на Црна Гора, ветува дека црногорскиот народ за време од 25 години ќе се обучува и ангажира само како народна војска и дека за тоа време во Црна Гора нема да се спроведува никаква регрутаци ја бидејќи ќе се земаат само доброволци во постојаната војска.
Чл. 7
Со оглед на тоа денес во Црна Гора постои орден Данило I, што е посебно воведен за воени заслуги, Кнезот на Србија, од почит спрема споменот и заслугите на Кнезот Данило и од почит кон секогашната црногорска храброст, ветува дека истиот орден ќе биде прифатен во обединета Србија со сите степени, како прв за војнички заслуги и за храброст пред непријателот и дека за таа цел секогаш ќе постои. Само по себе се подразбира дека на тие кои се и ќе бидат наградени до обединувањето ќе им се признаат и ќе бидат почитувани како и тие кои се наградуваат во обединета Србија.
Чл. 8
Двајцата кнезови се обврзуваат дека ќе работат договорно и секој во границите на своите можности да се реализира спогодувањето со народите во Турција, за да се придобијаат сојузниците за нашата намера (курзив-ММ) да се создаде добро расположение во дипломатија. Посебно се обврзува Кнезот на Црна Гора пред Кнезот на Србија дека од своја страна ќе направи се за да надвладее потребното убедување дека помеѓу Србија и Црна Гора постои целосна согласност во желбите и намерите.
Чл. 9
Кога ќе дојде времето за востание Н. С. Кнезот на Црна Гора ветува и дава збор дека на повик од Србија, заедно се неа, ќе влезе во војна против Турција со сите свои сили. За да може да даде што поголема помош на заедничкото дело тој ветува дека, според расположливите средства, ќе се подготви за војна колку е можно подобро и побрзо. Во тоа Србија од своја страна ќе и даде на Црна Гора секаква помош и олеснување.
Чл. 10
Како што Србија никако не мисли да ја одделува својата судбина од судбината на Црна Гора и Кнезот на Црна Гора се обврзува дека без Србија и договор со српскиот кнез нема да започнува ништо против Турција ниту ќе започнува сепаратни преговори откако непријателствата ќе започнат. Чл. 11
Кнезот на Црна Гора ветува дека и за време на војната ќе работи во најголема согласност со српскиот кнез и дека по усвојувањето на воениот план според истиот ќе дејствува и доследно ќе го спроведува.
Чл. 12
Овој Договор е напишан и потпишан во два еднакви примерока, ќе се чуваат во најголема тајност а ќе почнат да важат откако ќе бидат потврдени од двајцата владетели и тогаш ќе се разменат потврдените егземплари, кои ќе се направат во Белград најдоцна за три недели или ако тоа е можно и порано.

Договорено на Цетиње на 23-ти септември 1866 година.2

Милоје Лешјанин
Петра Вукотић, војвода.
(Г. Јакшић - Војислав Вучковић Спољна политика Србије.., 486-489)

1 Под српското име тука беа класифицирани и Македонците односно македонскиот народ.
2 Истиот ден договорот бил потврден и потпишан од кнезот Никола.

ПРОЕКТ НА ДОГОВОР за создавање двојна Српско-бугарска монархија, 14 јануари 1867 година


СРПСКО-БУГАРСКИ ИЛИ БУГАРСКО-СРПСКИ СРДЕЧЕН ДОГОВОР, 14-ти јануари 1867 година.1
Чл. 1
Српскиот народ и бугарскиот народ, кои по суштина се Словени од иста крв и вера, кои произлегуваат од исто стебло и населуваат области што се гранични, се повикани од самото провидение во иднина да живеат под една иста управа и под едно знаме.
Чл. 2
Бидејќи претставуваат едно тело вдахновено со исти чувства и поради тоа што имаат исти стремежи и што нивните стремежи можат да ги остварат само во заеднички живот, овие два братски народи во иднина со право ќе го носат името Србо-Бугари или Бугаро-Срби а нивната заедничка татковина Бугаро-Србија или Србо-Бугарија.
Чл. 3
Неговата Светост Кнез Михајло Обреновиќ, чиј што патриотизам толку пати е потврден, од славно потекло, син на јунакот ослободител на Србија, се прогласува за возвишен шеф на Србо-Бугарите и за командант на нивната војска.
Чл. 4
Народното знаме ќе биде составено од српското и бугарското знаме.
Чл. 5
Се гарантираат границите на Србо-Бугарите од секој надворешен напад.
Чл. 6
Законодавството ќе биде единствено. Обнародувањето и примената на законите ќе бидат на двата дијалекта.
Чл. 7
Паричната единица ќе го има на едната страна ликот на владетелот а на спротивната страна србо-бугарскиот грб со натпис: "Србо-Бугарско Кралство ". Владетелот на Србо-Бугарите ќе востанови народни одликувања што ќе соодветствуваат на нивната историја.
Чл.8
Метричкиот систем ќе биде народен систем. Исто и парите.
Чл. 9
Вероисповедта на Србо-Бугарите е православна.
Чл. 10
Патријархот на Србо-Бугарите ќе биде независен, според правата добиени од дамнина. Следствено и независна народна хиерархија. Синодот секогаш ќе биде мешовит. Епископиите, административната и судската управа треба да одговараат на побројната популација и примена на односниот дијалект. Синодот предлага кандидати за епископи на политичката власт која врши избор, во секој случај, според предоминантниот дијалект во епархијата.
Чл. 11
Владетелот ја именува својата влада, грижејќи се секогаш во истата да има Срби и Бугари. Чл. 12
Собранието ќе одлучи за престолнината на нашата татковина.
Во Букурешт, 14-ти јануари 1867 година
/Потписници/
Оваа програма односно договор усвоен од бугарското собрание од делегатите од разни краеви на Бугарија во Букурешт, во април 1867 година.

(Милутин Р. Степановић, Срби и Бугари у прошлости и садашњости, Београд, 1913, с. 21-22)


1 Проектот на договорот за создавање единствена српско-бугарска држава, под владетелство на српскиот кнез Михајло Обреновиќ, како наследен кнез, бил разгледан и усвоен од Собранието на Добродетелска дружина, во Букурешт, во почетокот на април 1867 година.
 
голема србија и бугарија

ПРОТОКОЛ кон проектот на српско-бугарскиот договор (од 14.01.1867 г.) на бугарскиот револуционерен комитет "Добродетелска дружина" од Букурешт, од 5/17-ти април 1867 година, предаден на Кнежевството Србија


Бидејќи денешните прилики ги повикуваат сите угнетени народи во Турција да преземат мерки да се ослободат па и нас Бугарите кои живееме во Бугарија, Тракија и Македонија1 да размислиме и да најдеме средство за ослободување на нашата мила татковина, да успееме да се вброиме ние во слободните народи и да покажеме дека сме живи.
За да ја постигнеме таа посакувана цел треба да избереме еден соседен народ и со негова помош да постигнеме ослободување и заемна корист. Таков народ нема друг освен српскиот кој, според народноста, верата и местоположбата е зближен со нас со векови и нашите интереси се еднакви, па затоа со збратимувањето народот може да биде независен. За тоа братско зближување, согласно со денешните прилики, ги предлагаме за основа овие 12 точки:
1. Братското обединување на Србите и Бугарите треба да се изврши под името "Југословенско царство".
2. Југословенското царство го чинат Србија и Бугарија (од Бугарија, Тракија и Македонија).
3. На чело на ново формираната влада да биде сегашниот српски кнез Михаило Обреновиќ, со право на наследување.
4. Новото царство треба да има едно народно знаме што ќе биде претставено со симболите од двата народа. Истото се подразбира и за идните монети.
5. Секоја страна да го зачува во официална употреба своето наречје. Затоа чиновниците треба да бидат од тој народ каде што служат и кои го говорат истото наречје.
6. Постојните српски закони ги прифаќаме и истите ќе се преведат на бугарско наречје. Сите наредби што се публикуваат во Југословенското царство, да се публикуваат без исклучок истовремено на двете наречја.
7. Господаречка религија е православната, а вероисповедта слободна.
8. Црковните работи ќе се управуваат од независен синод, составен од претставници на двата народа. Синодот, кого го претставува прв митрополит а епископите по епархиите според наречјата народното население, го потврдува владетелот.
9. Државниците кои влегуваат во владата треба да бидат од двата народа.
10. Народното претставништво во државата да биде составено соодветно на бројноста на народното население и согласно со постојната форма во Србија.
11. Престолниот град на Југословенското царство да го определи народното претставништво.
12. Седиштето на црковниот поглавар и на синодот секогаш да биде во престолнината. Но, за да се реализира оваа општа желба одлучивме да се избере една управа од 7 лица кои сега живеат во Букурешт која што според околностите ќе води грижа за постигнување на таа патриотска цел. За членови на управата2 ги избравме: г.г. Кристо Георгиев, др. Г. Атанасовиќ, Михаил Колона, др. Д. Протиќ, Стеван Иванов, Г. Николопулос и др. Гиколеску3 кои за спогодување на идното Југословенско царство, треба да ги имаат следните два услова:
I. Согласност договорот да стапи во сила од денот на потпишувањето од српската влада и управа.
II. Српската влада треба да се обврзе со споменатиот договор дека ќе даде секаква материјална и морална помош за постигнување на заедничката цел, што управата ќе ја разгледа според приликите и потребите, без за тоа да биде одговорен некој од потписниците.
Нека Господ Бог ни биде заштитник и на помош во ова наше свето решение.
5-ти Април 1867 год.4

/Потписници/

(М.Р. Степановић, Срби и Бугари.., с. 23-24; Simeon Radev, L'Accord serbo-bulgare de 1867 en vue d'une confédération yougoslave.-"La Bulgarie," i, 7 décembre 1927)



1 Бугарите емигранти во Букурешт од организираната група Добродетелска дружина настапуваа во својата програма со отворени големобугарски претензии спрема Македонија и македонскиот народ го прогласуваа за бугарски. Така што во овој Протокол Македонија е класифицирана во рамките на проектираната голема Бугарија (како бугарска земја) во предлогот за создавање единствена српско-бугарска држава.
2 На револуционерната организација "Добродетелска дружина" - Букурешт.
3 Имињата на членоеите на управата внесени според Гргур Јакшић и Војислав Вучковић!, Спољна политика Србије за владе кнеза Михаила(Први балкански савез), Београд, 1967, с. 506.
4 Во мај 1867 година во Белград допатувале претставниците на Добродетелската дружина: Георги Шопов и Михаил Колони кои биле примени од претседателот на српската влада на кого му го предале протоколот. Гарашанин го поздравил и поддржал предлогот на бугарската Добродетелска дружина но откажал да потпише некаков формален договор за да не си ги врзува рацете во тековните

ДОГОВОР за меѓусебните односи склучен помеѓу Османлиското царство и Кнежевството Бугарија во кој бугарското Кнежевство се обврза да спречува префрлување на вооружени чети во Македонија и во Источна Румелија и да спречува пропагандна дејност против Османлиското царство на својата територија, 26 март/8 април 1904 година


Османлиската царска влада и Кнежевството Бугарија се согласија за следното:
1. Кнежевството Бугарија се обврзува дека како на својата територија така и во Источна Румелија ќе спречува создавање на револуционерни комитети и вооружени чети како и сите субверзивни активности против Империјата, дека ќе ги казни, согласно законите, своите државјани кои во соседните провинции извршиле дејствија насочени против јавниот ред а потоа избегале или во Бугарија или во Источна Румелија.
2. Кнежевството ќе ги преземе сите потребни мерки за да се спречи внесување, во соседните вилаети, секаков експлозивен или отровен материјал како и сите производи што можат да му наштетат на здравјето на населението;
3. Османлиската царска влада ќе ги спроведе реформите договорени помеѓу Турција, Австро-Унгарија и Русија за Солунскиот, Битолскиот и Косовскиот вилает. Со тоа и со општата амнестија што Неговото Императорско Височество Султанот ја прогласи, со најголемо милосрдие, ќе постигне целосен ефект. Следствено, тие кои се наоѓаат во затвор или се протерани под обвинение или обвинети дека непосредно или посредно учествувале во револуционерната дејност, како и сите политички осуденици, ќе бидат пуштени на слобода и испратени во своите краишта. Со исклучок на злосторниците осудени заради бомбашки напади врз бродови, железница, мостови и јавни установи (курзив-ММ).
4. Жителите од Румелиските провинции кои заради немирите од пред две години заминале во Бугарија или Источна Румелија или кое останало во земјата но нивните куќи се уништени, по враќањето во своите .села ќе добие помош кај царските власти за обнова на нивните домови и враќање на земјата;
5.Посебен договор ќе биде склучен за заемно предавање на злосторници и дезертери избегани, од главниот град или од другите провинции на Империјата, во Кнежевството и во Источна Румелија или оттаму во другите делови на Империјата. За спречување на преминувањето на демаркационата линија1 од страна на разбојниците и на четите Царската влада и Кнежевството на споменатата линија ќе основаат мешовити цивилни и воени одделенија и за тоа ќе треба да се направи одделен договор. За разгледување и уредување на прашањата кои ќе останат нерешени од едната и од другата страна, ќе биде основана мешовита комисија и таа ќе треба веднаш да се зафати со работа;
6. Царинските мерки посебно воведени, во последно време, за стоката од Бугарија и Источна Румелија ќе бидат укинати и ќе се применуваат истите формалности и олеснувања како и во минатото. Двете страни ќе донесат ефикасни одредби за обезбедување и заштита на демаркационата линија;
7. Железничките возови слободно ќе сообраќаат и нема да има никакви пречки за Бугарите со уредни документи кои доаѓаат од Кнежевството или од Источна Румелија по работа.
8. Сите државјани на Империјата без разлика ќе бидат примани во јавни служби, во зависност од нивната оспособеност а цивилните и судски служби и натаму ќе им бидат достапни на бугарските жители со барани способности.
Нивните Екселенции Саид-паша, претседател на Државниот совет и Зеки-паша, аѓутантот на Н. Царско Величество Султанот и голем артилериски специјалист, од страна на Османлиската Царска Влада, и г. Начович, специјално делегиран за таа цел од бугарската Влада, потоа го потпишаа овој акт и на него ставија свои печати.

Составен во Цариград, на 26-ти март/8-ми април 1904 год.

Потпишани:2
Саид Г. Д. Начович
Зеки
(ЦДИА-С., ф. 284, оп.2, а.е.,131, л. 1-2)
1 Бугарското Кнежевство официјално се уште беше трибутарно, односно зависно, па согласно таквиотстатус границата со Османлиската држава официјално претставуваше демаркациона линија, како што ја именуваше владата во Цариград.
2 Бугарската страна Договорот го ратификувала на 4 април ( ст.ст. ) 1904 година, во Рилскиот манастир, со потпишувањето на ратификационите документи од кнезот Фердинанд и од претседателот на бугарската влада Рачо Петров.

ДОГОВОР ЗА СОЈУЗ склучен помеѓу Бугарија и Србија, 29 февруари 1912 година1
Неговото Величество Фердинанд I, цар на Бугарите, и Неговото Величество Петар I, крал на Србија, проникнати од убеденоста за заемноста на интересите и единственоста за судбината на нивните држави I на двата братски народа; бугарскиот и српскиот, решиле, солидарно, со заедничка сила, да ги бранат тие интереси и да се погрижат за нивното сестрано напредување, се договорија за следното:
Чл. 1. Царството Бугарија и Кралството Србија си ја гарантираат едната на другата државната независност и целоста на државната територија, обврзувајќи се апсолутно и без никакво ограничување да си притекнуваат на помош едната на другата со севкупната своја сила, во секој случај кога едната од нив ќе биде нападната од една или повеќе други држави.
Чл. 2 Двете договорни страни исто така се задолжуваат да си помагаат едната на другата со својата севкупна сила во случај било која голема сила да се обиде да присоедини или да окупира или со војска заземе, макар и привремено, каков и да е дел од балканските територии што денеска се наоѓаат под турска власт, ако едната од нив тоа го смета за спротивно на своите животни интереси како cazus belli.
Чл. 3 Двете страни се задолжуваат да склучуваат мир заеднички, само по претходна спогодба.
Чл. 4 За потполно и целосно исполнување на овој договор ќе се склучи Воена конвенција во која што исцрпно ќе се предвиди, се што е потребно, да се превземе од едната и од другата страна, во случај на војна. А така и се што, со оглед на војската и односните врховни команди, би требало да се утврди во мирно време за подготвување воена положба и за успешно водење на војната.
Воената конвенција ќе се смета за составен дел на овој договор. Со нејзиното изработување ќе се започне најдоцна 15 дена од потпишувањето на овој договор, а за нејзиното изработување се остава рок од најмногу два месеца.
Чл. 5 И овој договор и воената конвенција ќе влезат во сила од денот на нивното потпишување до 31 декември 1920 година заклучно. Само по дополнителна спогодба, изречно утврдена од двете договорни страни истите можат да продолжат и по овој рок. Но, во случај, на денот на истекувањето на договорот и конвенцијата, страните да се затекнат во војна или со уште не ликвидирана положба по војната, договорот и конвенцијата имаат сила се додека мирот не се склучи, а положбата што довела до војна не се ликвидира.
Чл. 6 Договорот ќе се потпише во два еднакви примероци, и двата на бугарски и на српски. Истиот ќе го потпишат владетелите и министрите за надворешни работи. Воената конвенција, исто така во два примероци и двата на бугарски и на српски, ќе ја потпишат владетелите, министрите за надворешни работи и специјални воени полномошници.
Чл. 7 Договорот и конвенцијата можат да се објават или да им се соопштат на други држави само по претходна спогодба на двете договорни страни и тоа заедно и истовремено. Исто така, само по претходна спогодба, ќе можат да се примат во сојуз и друга држава.

Составен во Софија, на 29-ти февруари 1912 година

Ив. Е. Гешов М. Миловановиќ

(Уговор о пријатељству и савезу измеѓју Краљевине Србије и Краљевине Бугарске и тајни додатак томе уговору, 29 II 1912,-Архив Војно-историјског института-Београд.)

1Види: Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, том први, Скопје, 1981, 533-535.
 
1912 година

СПОГОДБА помеѓу бугарските и српските генералштабови, 15 септември 1912 година
Согласно чл. 4 од Воената конвенција помеѓу Царството Бугарија и Кралството Србија, и нивните определени делегати, командантите на респективните генералштабови, откако го разгледаа проектот за нападна војна против Турција, по заемна согласност, ги донесоа следните решенија:
1. Целата српска армија ќе дејствува на Македонското операциско боиште, со тоа што се задолжува да го обезбеди операциониот правец: Крива Паланка - Ќустендил.
2. Целата бугарска армија ќе дејствува во долината на р. Марица, со тоа што, во прво време, ќе остави една дивизија на линијата: Ќустендил-Дупница. За заштита на градот Дупница ќе остави посебен гарнизон.
3. Една српска дивизија од првиот повик ќе биде пренесена со воз во Ќустендил и со бугарската дивизија, во прво време, ќе формира една армија што ќе содејствува со главната српска армија. Ако главната српска армија ги отфрли Турците од линијата: Скопје-Велес-Штип и продре на југ, тогаш Бугарите можат да се послужат со својата дивизија за засилување на своите војски на Маричкото боиште, со тоа што ќе остават доброволни војски на македонската граница.
4. Организирањето на транспортот ќе се врши на следниов начин: На српскиот генералштаб се остава на располагање линијата: Пирот-Цариброд-Софија-Ќустендил уште од петтиот ден од мобилизацијата. Транспортирањето ќе се врши со српски возови, бидејќи бугарскиот подвижен материјал ќе биде ангажиран.
5. Исхраната на српската дивизија ќе се обезбеди, во прво време, од бугарското воено министерство. Земените прехранбени производи српското воено министерство ќе ги врати во натура.
6. Спогодбата помеѓу командантите на респективните генералштабови од 19-ти јуни 1912 година (потпишана во гр. Варна) останува во сила и во сегашната комбинација.
15-ти септември 1912 година Гр. Софија
Командант на штабот на бугарската армија


Генерал-мајор Фичев Генерал Р. Путник
(Ат. Шопов, Как' ни се наложи Балканската воина.., 69)

ПРОТОКОЛИТЕ НА МИРОВНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО БУКУРЕШТ, 17-ТИ/ЗО-ТИ ЈУЛИ ДО 28-МИ ЈУЛИ/10-ТИ АВГУСТ 1913ГОДИНА


ПРОТОКОЛ БР. 1 од седницата одржана во среда на 17-ти/30-ти јули 1913 година, во Букурешт во Министерството за надворешни работи

Присутни:
За Бугарија:
Н.Е. г. Димитар Тончев - министер на финансии, генералот Иван Фичев - Шеф на Генерлштабот, г. Симеон Радев и Константин Станчов - генералштабни полковник.
За Грција:
Н.Е. г. Елефтерос Венизелос - претседател на владата, Н.Е. г. Д. Панас-ополномоштен министер, г. Николас Политис-професор по меѓународно право на Парискиот универзитет и капетанот К. Пали.
За Црна Гора:
Н.Е. г. Јанко Вукотиќ - генерал сердар, претседател на министерскиот совет и воен министер и г. Јован Матановиќ - поранешен вршител на работите.1
За Романија: . Н.Е. г. Т. Мајореску - претседател на министерскиот совет и мини-стер за надворешни работи, Н.Е. г. Алекс. Маргиломан-министерот за финансии, Н.Е. г. Таке Јонеску - министер за внатрешни работи, Н.Е. г. К. Дисеску - министер за просвета и црковни прашања, К. Коанда- дивизиски генерал аѓутант, главен инспектор на артилеријата и К. Кристеску - заменик Шеф на генералштабот.
За Србија:
Н.Е. г. Никола Пашиќ - претседател на министерскиот совет и ми-нистер за надворешни работи, Н.Е. г. Михаило Ристиќ - вонреден пратеник и ополномоштен министер на Србија во Букурешт, Н:Е: г. Д-р Мирослав Спалајковиќ - ополномоштен министер, полковникот К. Смиљаниќ и потполковникот Д. Калафатовиќ.
Делегатите влегуваат, седницата започнува денес 17/ 30 јули, во 16 часот.
Господинот Пашиќ предлага г. Мајореску да претседава на Конференцијата. Предлогот е примен со живо одобрување на сите делегати. Господинот Мајореску го прифати да претседава додавајќи:
“Господа, Си земам слобода да Ви ги предложам: за шеф на секретаријатот на Конференцијата г. А. Писоски - помошник министер, дипломатски агент на Романија во Каиро, за втор секретар г. Ј. Филитил - шеф на Политичкото одделение на Министерството за надворешни работи и, за нивни помошник, г. Н.Е. Лаховари - секретар на пратеништвото. Секретарите на делегациите на другите завојувани држави ќе им помагаат во нивната работа. А тоа се господата: Д. Свилкосиќ - прв секретар на пратеништвото, д-р М. Гавриловиќ - секретар на Министерството за надворешни работи, Т. Папазов - правен советник на Бугарската делегација и Михаило Цамадос - секретар на Грчката делегација.
Откако беше прифатен предлогот членовите на Секретаријатот беа воведени и претставени на Конференцијата. Претседателот ги повика своите колеги да ги предадат своите полномоштва на шефот на Секретаријатот за верификација до следната седница.
Господинот Мајореску го чита својот говор:
“Господа, Мојата прва и најпријатна должност е да Ви посакам добредојде во името на Кралот, мојот возвишен господар, и да Ви заблагодарам на срдечноста со која го прифативте предлогот да дојдете во Романија и овде да се обидете да разрешите сериозни прашања што ќе имаат решавачко влијание за иднината на државите застапени на оваа конференција.
Јас сум убеден дека сите ние сме вдахновени со желбата корисно да го приведеме до крај делото за кое што сме собрани и да обезбедиме на христијанските народи, со прелиминарна Конвенција или со дефинитивен договор, траен мир заснован на правична рамноправност меѓу нашите држави. Добар знак дека ќе ја извршиме својата задача ќе биде ако уште на оваа прва седница се договориме за една претходна мерка: најитна и најважна. Мислам на потребата за запирање на непријателствата. Во моментот кога се собравме да преговараме за условите за мир, прифатливи за сите страни во војната, верувам дека извршувам човечка должност ако Ви предложам запирање на непријателствата за најмалку 5 дена."
Во името на сојузниците зема збор г. Венизелос:
“Господа, Во името на делегациите на сојузничките држави се заблагодарувам на Н.Е. г. претседател на изразите за добредојде што ни ги искажа. Го молам да го пренесе на Н. В. Кралот со изразите на нашето длабоко почитување на неговата возвишена личност и уверувањето за нашата благодарност за гостопримството со кое што сме почестени. Среќни сме што се собравме во оваа убава престолнина и сме трогнати од симпатиите со кои што сме примени од Владата и романскиот народ. Во Букурешт дојдовме со силна желба брзо да склучиме траен мир заснован, како што многу убаво рече г. претседател, на правична рамнотежа. Делегатите најдобро ќе одговорат на чувствата со кои се вдахновени прифаќајќи го дадениот предлог за моментален прекин на непријателствата. А тоа ќе биде добар знак за подоцнежната работа на Конференцијата."
Бидејќи предлогот на г. Мајореску беше примен едногласно, воените делегати се замолени веднаш да ги утврдат потребните поединости за извршување на оваа одлука на Конференцијата и за тоа да состават записник.
Збор зема г. Тончев, делегатот од Бугарија:
"Господине Претседателе, Ви благодарам на желбите за добредојде и на вашите љубезни зборови. Бугарската делегација, што имам чест да ја претставувам, овде дојде со цврста и искрена желба да склучи мир. Со наша добра волја ќе излеземе во пресрет спонтано на секоја иницијатива што би водела кон тоа на Балканот да се воспостави траен поредок. Среќни сме што за оваа работа сме повикани во престолнината како што е Букурешт во кој што секогаш доминантно било европското сфаќање на работите. Се надевам дека сите ние ќе се погрижиме тоа сфаќање да превагне и во нашите преговори како гаранција за правичност и трајност на нашите одлуки."
Седницата е прекината за да им се даде можност на воените делегати да состават записник за запирање на непријателстата.
На продолжението на седницата генералот Коанда го чита записникот што е одобрен од Конференцијата и приложен кон овој Протокол.
Седницата заврши во 17 часот и 15 минути.
Потписници: Т. Мајореску, Д. Тончев, генерал Фичев, С. Радев, потполковник Станчев, Е.К. Венизелос, Д. Панас, Н. Политис, Пали, генерал Сердар Вукотиќ, Јован Матановиќ, Ник. П. Пашиќ, М. Г. Ристиќ, М. Спалајковиќ, пуковник Смиљаниќ, потпуковник Д. Калафатовиќ, А. Маргиломан, Таке Јонеску, К. Г. Дисеску, генерал аѓутант Коанда, пуковник К. Кристеску.

(Уговор о миру од 28 јула (10 августа) 1913. Српско- црногорски споразум од 30 октобра 1913. Српско - грчки споразум од августа 1913, Београд,1914 с.1-5)

1 Вршител на работите во Цариград.
 
БУКУРЕШКИ ДОГОВОР ЗА МИР, 28 јули/10 август 1913 ГОДИНА1


Нивните Величества: Кралот на Романија, Кралот на Грците, Кралот на Црна Гора и Кралот на Србија од една и Неговото Величество Кралот на Бугарите од друга страна, со желба да стават крај на сегашната воена состојба во која што се најдуваат нивните земји и подготвени, во стремежот за ред, да воспостават мир меѓу своите народи, толку многу напатени, одлучиле да склучат дефинитивен мир.
Нивните Височества за таа цел наименувале свои помошници и тоа:
Неговата Екселенција кралот на Романија:
Господинот Тито Мајореску, својот претседател на Министерскиот совет и министер за надворешни работи, Неговата Екселенција господинот Александар Маргиломан, својот министер за финансии, Неговата Екселенција господинот Таке Јонеску, својот министер за внатрешни работи, Неговата Екселенција господинот Константин Дисеску, својот министер за просвета и црковни работи, дивизискиот генерал аѓутант К.Коанда - главен инспектор на артилеријата и полковникот К. Кристеску - заменик шеф на Генерлштабот. :
Неговото Височество Кралот на Елините:
Неговата Екселенција господинот Елефтерос Венизелос, својот претседател на Министерскиот совет и воен министер, Неговата Екселенција Димитри Панас, својотополномоштен министер; господинот Николас Политис, професор по Меѓународно право на Парискиот универзитет; капетанот Ат. Егзадактилос и капетанот К. Пали.
Неговото Височество Кралот на Црна Гора: Неговата Екселенција генералот сердар Јанко Вукотиќ, својот прет-седател на Министерскиот совет и воен министер и господинот Јован Матановиќ, поранешен вршител на работите на Црна Гора во Цариград.
Неговото Височество Кралот на Србија:
Неговата Екселенција господинот Никола П. Пашиќ, својот претседател на Министерскиот совет и министер за надворешни работи; Неговата Екселенција господинот Михаило Г. Ристиќ, својот вонреден пратеник и ополномоштен министер во Букурешт; Неговата Екселенција господинот д-р Мирослав Спалајковиќ, својот вонреден пратеник и ополномоштен министер; полковникот К. Смиљаниќ и потполковникот Д. Калафатовиќ.
Неговото Височество Кралот на Бугарите:
Неговата Екселенција господинот Димитар Тончев, својот министер за финансии; генерал-мајорот Иван Фичев - шеф на Генералштабот на својата војска; господинот Сава Иванчов, доктор по право и поранешен потпретседател на Собранието; господинот Симеон Радев и генерал-штабниот потполковник Константин Станчов.
Тие, на предлог на Кралската Романска Влада, се состанале на Конференцијата во Букурешт, снабдени со свои полномоштва сосема во ред. По среќно постигнатата спогодба, ги договориле следните одредби:
Чл.I
Од денот на размената на ратификациите на Договорот ќе настапи мир и пријателство меѓу Неговото Височество Кралот на Романија,
Неговото Височество Кралот на Бугарите, Неговото Височество Кралот на Елините, Неговото Височество Кралот на Црна Гора и Неговото Височество Кралот на Србија, како и меѓу нивните наследници и законите следбеници на нивните држави и поданиците.
Чл.II
Старата граница помеѓу Кралството Бугарија и Кралството Романија меѓу Дунав и Црно Море, согласно записникот на воените делегати на двете страни и дополнителниот протокол бр. 5 од 22 јули (4 август) 1913 година на Букурешката конференција, е корегирана како следува:
Новата граница ќе поаѓа од Дунав, низводно од Туртукаја, и ќе излезе на Црно Море јужно од Екрене. Помеѓу овие две крајни точки граничната линија ќе минува по трасата одбележена на картата 1; 100.000 на романскиот Генералштаб, а според описот даден во овој член. Јасно е договорено Бугарија, најдоцна во рок од две години, да ги сруши постоечките фортификации и да не гради други во Рушчук, Шумла, во областите меѓу нив и во зоната од 20 км околу Балчик. Мешана комисија составена од претставници на двете високи договорни страни, во еднаков број од едните и другите, ќе и биде ставено во задача да ја повлече трасата на новата граница, согласно горните одредби, во рок од 15 дена од денот на потпишувањето на овој договор. Оваа комисија ќе претседава при поделбата на подвижниот имот и капиталот што досега биле заднички имот на окрузите, општините или на здруженија на жителите, а се разделени со новата граница. Во случај да не се постигне договор за трасата и за мфките за извршување, двете високи договорни страни се обврзуваат да се обратат на трета пријателска влада со молба да определи арбитар чија што одлука за спорните прашања ќе се смета за дефинитивна.
Чл.III Границата помеѓу Кралството Бугарија и Кралството Србија ќе оди по трасата, согласно записникот на воените делегати приложен кон протоколот бр. 9 од 25 јули (7 август) 1913 година, како што следува:
Граничната линија ќе поаѓа од врвот Патарица на старата граница и ќе оди по старата турско - бугарска граница и вододелницата меѓу Вардар и Струма, изземајќи го горниот дел на Струмичката долина што ќе остане на српската територија, ќе излезе на планината Беласица каде што ќе се спои со бугарско-грчката граница. Детален опис на оваа граница и на нејзината траса на картата 1:200.000 на австро-унгарскиот Генералштаб е даден кон овој член.
На мешовитата комисија составена од претставници на двете високи договорни страни во еднаков број на едните и другите, ќе и биде ставено за задача, во рок од 15 дена од потпишувањето на овој Договор, да ја повлече трасата на новата граница согласно горните одредби. Оваа комисија ќе претседава со поделбата на подвижните имоти и капитал што досега заеднички им припаѓале на окрузите, општините или здруженијата на жителите, а што се разделени со новата граница. Во случај да не се постигне договор за трасата и за мерките за извршување двете високи договорни страни се обврзуваат да се обратат на трета пријателска влада со молба да определи арбитар чија што одлука за спорните прашања ќе се смета за дефинитивна.
Чл.IV
Прашањата што се однесуваат на старата српско-бугарска гран ќе бидат уредени согласно постигнатиот договор меѓу двете високи договорни страни и утврдени во протоколот придодаден кон овој член.
Чл.V
Границата Помеѓу Кралството Грција и Кралството Бугарија ќе оди по трасата, согласно записникот на воените делегати со дополнителниот протокол бр.9 од 25 јули (7 август) 1913 година на Букурешката конференција, како следува:
Граничната линија ќе поаѓа од новата бугарско- српскаѓраница на сртот на планината Беласица и ќе излезе на устието на реката Меставо Егејското Море . Помеѓу овие две точки граничната линија ќе оди по трасата одбележена на картата 1 : 200.000 на австро-унгарскиот Генералштаб а според описот придодаден на овој член. На мешовитата комисија составена од претставници на двете високи договорни страни, со еднаков број од едните и другите, ќе и биде дадена задача да ја повлече трасата на новата граница на теренот согласно горните одредби, во рок од 15 дена од потпишувањето на овој договор.
Оваа комисија ќе претседава со поделбата на имотите и капиталот досега заедничка сопственост на окрузите општините и на здруженијата на жителите разделени со новата граница. Во случај да не може да се постигне договор за трасата и за извршувањето, двете високи договорни страни се обврзуваат да се обратат на трета пријателска влада со молба да определи арбитар чија што одлука за спорните прашања ќе се смета за дефинитивна.
Категорично е договорено дека Бугарија уште од сега се откажува од било какви претензии на островот Ќрит.
Чл.VI
За потпишувањето на овој договор веднаш ќе бидат известени врховните команди на респективните армии. По добивањето на извештајот, наредниот ден, владата на Бугарија ќе биде должна својата армија да ја преведе во мирновременска положба. Единиците ќе ги упати во нивните гарнизони каде што ќе се пристапи кон распуштање, во најкус рок, на резервниот состав за нивно заминување по своите домови.
Единиците чии што гарнизони се во окупационата зона на една од високите договорни страни ќе бидат упатени во некое друго место на старата бугарска територија, а ќе можат да се вратат во своите постојани гарнизони дури по евакуацијата на окупационите зони за кои станува збор погоре.
Чл.VII
Евакуацијата на окупираните територии, старите и новите, ќе започне веднаш по демобилизацијата на бугарската армија и ќе биде завршена најдоцна за 15 дена.
За сето ова време за романската демаркациона војска демаркационата зона ќе биде одбележена со линијата: Шиштов - Ловча -Турски - Извор - Глозен - Златица - Мирково - Араба - Конак - Орханија - Мездра - Враца - Берковица - Лом - Дунав.
Чл.VIII
За време на окупацијата окупационите војски ќе имаат право да спроведуваат реквизиција со плаќање во готови пари. На тие територии ќе можат слободно да ја користат железницата за пренос на единици за снабдување од секаков вид, без право на месните власти да им се даде надоместок.
Болните и ранетите на тие територии ќе бидат под заштита на тие војски.
Чл.IX
По размената на ратификациите од овој договор, колку е можно побргу, ќе се изврши размена на заробениците. Владите на високите договорни страни секоја од нив ќе определи специјални пратеници за прифаќање на заробениците. Сите заробеници кои се наоѓаат во рацете на едната влада ќе бидат предадени на пратеникот на која и припаѓаат или на неговиот ополномоштен застапник, на местото што ќе го договорат заинтересираните страни. Владите на високите договорни страни ќе поднесатеднатана другата што побргу, по предавањето на заробениците, сметка за директните трошоци што ги имале за збринувањето и издршката на заробениците од денот на заробувањето или предавањето до денот на смртта или враќањето. Од износот што Бугарија би го должел а на некоја од в л адите на високите договорни страни ќе се одбие износот што таа би го должела на Бугарија, а разликата ќе биде платена на владата доверителка што побргу по размената на споменатите сметки за издатоците.
Чл.X
Овој договор ќе биде ратификуван и ратификациите ќе бидат разменети во Букурешт, во рок од 15 дена или порано ако тоа ќе биде можно.
Во потврда на тоа полномошниците го потпишаа и на истиот ги ставија своите печати.
Во Букурешт, на 28-от ден од месец јули (10-тиот ден од месец август) 1913 година.

Потписници:

За Романија: Т. Мајореску, Ал. Маргиломан, Таке Јонеску К. Г. Дисеску, генерал аѓутант Коанда, полковник К. Кристеску
За Бугарија: Д. Тончев, генерал Фичев, др. С. Иванчов, С. Радев, потполковник Станчов
За Грција: - Е. К. Венизелос, Д. Панас, Н. Политис, капетан Е. Егзодактилос, капетан Пали
За Црна Гора: генерал сердар Ј. Вукотиќ, Јован Матановиќ
За Србија: Ник. П. Пашиќ, М. Г. Ристиќ, М. Спалајковиќ, полковник Смиљаниќ, потполковник Д. Калафатовиќ

( Уговор о миру.., 75 - 81)

1 Документот е објавуван на македонски јазик (види: Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава.., 1,572-574),анализиран и коментиран во сите трудови што се однесуваат или го засегаат македонското прашање во тој период.
 
Македонија оказалась в результате воины оккупированној војсками трех государств Сербии, Греции и Болгарии и фактически расчлененној.
Территорија, заселеннаја македонскими славјанами, сохранила старое географическое название – Македонија.
Уже в первој половине VII в. упоминајутсја первые кнјазьја, стојавшие во главе племенных сојузов, известных у византијских историков под названием «Склавинија». Против этој «Склавинии» византијские цари с конца VII в. до середины IX в. предпринимали многочисленные походы. Влијание Византии сказалось в распространении христианства среди населенија соседних земель, в том числе и среди македонских славјан.
Новаја фаза христианизации македонских славјан началась во второј половине IX в. с распространением славјанској письменности .
Этим делом занимались македонские просветители Климент и Наум, ученики создателеј славјанского письма Кирилла и Мефодија.
В 864 г. большаја часть Македонии попала под власть болгарских цареј. В 969 г., использовав недовольство македонских крестьјан, местные феодалы племени брсиаков – Никола и его четверо сыновеј – поднјали восстание. Оно закончилось созданием государства, царем которого был провозглашен один из сыновеј Николы – Самуил. Центром этого государства была Македонија. В его государстве была создана патриархија. Самуил вел многочисленные војны с Византиеј и значительно расширил границы своего государства. В 1014 г. он потерпел поражение от Византии, а в 1018 г. последние остатки государства Самуила попали под ее власть. Византијскаја оккупација вызвала ухудшение положенија македонского населенија, среди которого росло недовольство. Оно привело к восстанијам 1040 и 1072 гг., в которых население Македонии сражалось против византијского гнета вместе с сербскими и болгарскими отрјадами.
В ходе дальнејшего исторического развитија вплоть до турецкого завоеванија Македонија последовательно попадала под власть нескольких государств. В первој половине XIV в. эти земли входили в состав Сербского государства. В это времја свјази Македонии с Сербиеј усилились, а вместе с этим росло сербское культурное влијание, особенно на севере македонских земель (Скопле, Полог). После смерти Стефана Душана (1355 г.) Македонија разделилась на несколько областеј, которыми правили самостојательные феодалы. Раздробленность облегчила туркам завоевание этих земель.
С приходом турок положение македонского населенија еште более ухудшилось. Вследствие усиливајуштегосја гнета и эксплуатации большаја часть населенија ушла в горы, где занималась скотоводством, а торговлја и ремесла пришли в упадок.
Вооруженнаја борьба против турок выразилась, как и в других европејских провинцијах Османској империи, в дејствијах гајдуков, чьи неорганизованные выступленија перерастали в восстанија (например, Мориовско-Прилепское восстание 1564-1565 гг.). После вторичној осады турками Вены в 1683 г. положение македонского населенија еште более ухудшилось. Особенно тјажелым было положение крестьјан-рудокопов в северо-восточној Македонии, где в 1689 г. вспыхнуло восстание под руководством Карпоша. Повстанцы имели успех и освободили несколько македонских городов. В этом же году они установили свјазь с австријскими војсками, взјавшими Скопле. Однако в 1690 г. повстанцы стали терпеть пораженија, особенно после ухода австријцев из Македонии.
В третьеј четверти XIX в. в Турции произошли значительные обштественно-экономические измененија, свјазанные с разложением феодальној системы и зарождением капиталистических отношениј. Эти измененија имели место и в Македонии. Они пројавились в оживлении экономическој жизни, развитии городов, средств сообштенија и, что самое важное, – повлијали на самују структуру македонского обштества. Македонскаја буржуазија стала выступать самостојательно в экономическој, политическој и культурној жизни страны и боротьсја против завоевательных тенденциј соседних государств. Особенно большие размеры принјала борьба на культурном фронте. В это времја начинаетсја борьба разных течениј за создание литературного јазыка на основе македонских диалектов и за введение его в школьное преподавание. Самым сильным и самым влијательным из этих направлениј были македонисты, утверждавшие, что македонцы – особыј народ со своим јазыком, историеј и культурој.
В конце XVIII и началеXIX в. национально-освободительное движение усилилось. В Македонии это движение, направленное против турецкого игa и против завоевательских тенденциј буржуазии соседних государств (Болгарии, Сербии и Греции), еште более усилилось после Берлинского конгресса, когда развитие Македонии пошло своим особым путем.
Все большаја зависимость турок от западноевропејских капиталистических государств привела к усиленију гнета и эксплуатации широких слоев населенија, что обусловило рост недовольства и револјуционное брожение («Разловечко восстание» в 1876 г.; в 1878-1879 гг. – «Кресненско-Разлошко восстание» и в 1880 г.– «Брсјачко восстание»).
В 90-х годах XIX в. в Македонии созрели обштественно-экономические условија длја более широкого национально-револјуционного движенија. В 1893 г. создаетсја Внутреннјаја македонскаја револјуционнаја организација; в этом же году формируетсја и Македонскаја социалистическаја группа. Они совместно способствовали росту национально-револјуционного движенија, цельју которого было об'единение прогрессивных сил македонского народа против османского господства. Это движение пользовалось поддержкој и других народов Македонии, им руководил Центральныј комитет, окружные, городские и сельские револјуционные комитеты. Основној цельју этих комитетов была мобилизација народных масс на револјуционные дејствија, сбор средств, необходимых Организации. Наивысшеј точки своего развитија движение достигло в восстании 2 августа 1903 г. (Илинденское восстание), в котором принјали участие наиболее револјуционные силы Македонии. Самым јарким моментом восстанија было освобождение Крушева, в котором было сформировано временное правительство и провозглашена республика (Крушевскаја республика). Восстание охватило почти всју Македонију, восставшие были господами положенија около трех месјацев, после чего из-за слабого вооруженија и под усилившимсја натиском турецких сил повстанцы были разгромлены. В результате жестокого подавленија Илинденского восстанија многие села были разорены или сожжены. Борьба македонцев во времја Илинденского восстанија нашла поддержку народов Европы и Америки, а особенно сильныј отзвук это движение имело в России, где предпринимались дејствија в помошть пострадавшим повстанцам.
Национально-револјуционное движение Македонии нашло свое выражение во времја младотурецкој револјуции 1908 г., когда прогрессивные силы македонского револјуционного движенија об'единились вокруг Народно-федеративној партии и социал-демократических организациј Македонии. Между тем великооттоманскаја позиција младотурок привела к пониженију этој активности, одновременно способствуја усиленију захватнических дејствиј балканских монархиј в отношении Македонии.


 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom