Bratot
Стоик и Машкртник!
Фашистичката окупација
Втората светска војна го затекнала македонскиот народ поделен во три држави: Југославија, Грција и Бугарија. Бугарија, на 1. март 1941 година склучила сојуз со нацистичка Германија, додека Грција и Југославија во краткотрајната априлска војна од 1941 г. биле поразени и окупирани од страна на силите на оската, што ја сочинувале Германија, Италија и Бугарија. Така целата територија на Македонија била окупирана од фашистичките сили и поделена на окупациони зони.
Бугарија, која претходно го имала Пиринскиот дел на Македонија во својот состав, го добила поголемиот дел од Вардарска Македонија и источниот дел од Егејска Македонија. На Италија u припаднале: поголемиот дел од Западна Македонија (Тетово, Гостивар, Кичево, Дебар и Струга), преспанските села и Костурско во западниот дел на Егејска Македонија. Преостанатиот дел од Егејска Македонија го окупирале германските сили. Припојувањето на окупираните делови од Македонија кон Бугарија, бугарските окупатори ја прикажувале како ослободување на своите национални територии, а припојувањето на окупираните делови од Македонија кон Албанија, Албанците го доживувале како ослободување на своите национални територии.
Веднаш по окупацијата бугарските власти започнале со организирање на својата власт поделувајќи ја окупираната територија на две административни области: Скопска и Битолска. Во овие области окупациониот систем бил наметнат во сите сфери на живеењето (државно-административната, полициската, воената, образовната и црковната), во кои започнале да важат граѓанските и административните закони на царството Бугарија. Во власта влегло и локално население што било лојално на новиот режим.
Во италијанската окупациона зона цивилната и судската власт започнала да се воспоставува во мај 1941 година, а веќе од јули ова окупационо подрачје u било препуштено на квислиншка Албанија, со што оваа територија станала дел од Голема Албанија. На тој начин, во Западна Македонија била воспоставена албанско-италијанска власт. Властите формирале и своја окружна управа (префектура) со центар во Дебар каде се наоѓала и командата на италијанската дивизија „Фиренца“. Албанските судови започнале да функционираат во мај 1941 година. Воено-полициските сили ги сочинувале жандармеријата (карабињерите), кои биле под италијанска команда, и полицијата (квестурата), која била под албанска команда.
Со капитулацијата на Италија во септември 1943 година, италијанската окупациона зона ја презеле германските нацисти, а власта и понатаму била во рацете на албанските колаборационисти. Германските окупатори ја продолжиле политиката на поддршка на идеите за Голема Албанија, со цел да формираат база за борба против комунистичките антифашистички сили. Така, под влијание на германските разузнувачки служби биле активирани албански фашистички организации кои подоцна се претвориле во балистички вооружени формации.
Положбата на Македонците во Вардарскиот дел на Македонија
Фактот дека окупирањето на територијата на Македонија од страна на бугарската држава било прикажувано како ослободување на бугарска територија претходно под власт на кралството Југославија, им служело како изговор на бугарските окупатори да применуваат различни стратегии за разбивање на единството на македонскиот народ. Освен што бугарсткиот јазик бил прогласен за единствен официјален јазик, бил донесен и посебен закон со кој на населението од окупираните територии му се наметнало бугарско државјанство и му се одзело правото на секој поединец да се изјаснува како Македонец. Згора на тоа, власта ги менувала имињата и презимињата на Македонците со цел да добијат бугарска форма.
Денационализаторската и асимилациската политика на бугарската власт најмногу доаѓале до израз во сферата на образованието и во црковното дејствување. Уште во 1941 година бугарската влада почнала да го воведува бугарскиот образовен систем со цел да се бугаризира македонската култура и да се асимилира македонскиот народ. Училиштата биле на бугарски јазик, со бугарски наставници и со предмети како: бугарска историја, бугарски јазик и култура и сл. Бугарската православна црква воспоставила црковна управа на тој начин што поставила свои свештеници, сменувајќи ги и прогонувајќи ги свештениците од српско и македонско потекло. Во своите проповеди, бугарските свештеници го истакнувале „бугарското потекло“ на македонскиот народ. Посебен вид пропаганда насочена кон младината се спроведувала преку специјално подготвуваните весници („Македонија“ и „Целокупна Бугарија“), но и преку разни политички групации составени и од локални соработници на окупаторот („Отец Пајсиј“, „Браник“, „Македонскиот иницијативен комитет“). Сите противници на режимот, а посебно комунистите биле прогонувани, апсени и мачени од страна на бугарската полиција.
Делот од Македонија окупиран од италијанската војска бил припоен кон Албанија и понатаму третиран како ослободена албанска територја. Албанците во Македонија, кои во кралството Југославија биле обесправувани како и Македонците, се здобиле со права кои претходно не ги уживале: право на користење на албанскиот како официјален јазик и право на образование на албански јазик. Со прогласување на албанскиот јазик за официјален, сите јавни натписи на установите, трговските и угостителските дуќани морале да се заменат со натписи на албански и италијански, а целокупната администрација морала да се води на албански јазик. Наставата во училиштата се одвивала на албански јазик. Македонците биле принудени да одат во училишта на албански јазик, со наставници и учебници од Албанија, кои ги пропагирале големаолбанските и фашистичките идеи.
Албанизацијата што ја спроведувала квислиншката влада одела до таму што ги преименувала градовите и селата во Западна Македонија, давајќи им албанска форма. Истото се случувало и со имињата и презимињата на македонското население, кои во многу случаи добивале албанска форма.
На овој дел од територијата на денешна Македонија дејствувале и голем број балисти и качачки групи кои, под изговор дека водат борба против партизаните, го тероризирале македонското население. Нивните акции особено се засилиле по замената на италијнската окупација со германска. Делувајќи во име на големоалбанските националистички организации кои соработувале со фашистичките сили („Втора Призренска Лига“, „Легалитет“, „Бали Комбетар“ и др.), балистите и качачките групи опожарувале, пљачкосувале и убивале по селата, принудувајќи го локалното македонско население (главно од Гостиварскиот регион) да ги напушта своите домови.