морам да не се согласам, Стамболиев не е самоумислена величина, него стварно стручен професор.
не знам која генерација сте и дали
сте се сретнале со Иван Мицковски (беше продекан за финансии, ваљда и уште е). е тој е самоумислена величина! на секое предавање (статика ми држеше) не пропушташе да нагласи како он во неговиот докторат открил дека коефициентот на триење е различен кога едното тело се движи, другото стои, и кога двете тела се движат. d'oh, осим ако не докторирал пред едно 200 години, некој го има откриено тоа пред него! плус не пропушташе прилика да си го испофали синот (стварно добар предавач е син му, ама не отру на предавања со него). и уште пред последниот колоквиум ни изјави дека ако сме го слушале внимателно на предавања, ќе сме знаеле да го положиме колоквиумот без учење зашто он многу добро ги предавал темите (иначе што научивме си научивме на вежби и секој снајди-се-сам после). ако беа колоквиуми на негова автобиографија, ќе положевме се без проблем. и низ нос ни извади кога требаше да ни пише оцени во индекс, го чекавме добри 4:30, па скоро и 5 саата, даде 20тина оцени и другите колеги ги избрка зашто го изнервирале, му се буткале пред канцеларија :uvo: еден колега го бутна на испит зашто нешто опсул додека решавал задача, куп луѓе ги остави да полагаат во јунска

а и Анѓушев малце си лета, ама му се може, си има фабрика човекот па не многу го боли за факултетов.
за идниот колега, не се плаши, се преживува факултетот :smir: само сега со ектс е МНОГУ битно ако не и најбитно редовно да учиш и да одиш редовно на предавања и вежби, да не оставаш материјал за учење да ти се насобере пред колоквиум/испит, и се што можеш да гледаш на колоквиуми да положиш, зашто така е далеку полесно отколку на испит.