Познато дека Клеопатра има македонско потекло, па да ја појасниме нејзината врска со Македонската кралска лоза: По смртта на Александар Македонски И распадот на неговата империја во Египет власта ја презел Птоломеј Лагов.Тој бил близок на Александар,негов другар ,доверлив генерал И основоположник на династијата Птоломеи. За династијата на Птоломеите запишано е дека иако немала египетско потекло владеела со Египет од 323г. п.н.е. се до 30г. п.н.е. и достојно се придржувала до египетската култура И традиција. Најмаркантен лик од оваа династија е Клеопатра ВИИ, таа е И последен владетел на оваа кралска лоза. Ова е она што ја поврзува Клеопатра со Македонија ,иако со Египет владеела многу години подоцна.
Родена е во 69 г. п.н.е, како трета ќерка на македонскиот фараон Птоломеј ХИИ.Во записите е опишана као висока И вита жена од чисто македонско потекло, која сонувала за светска империја...Била надарена за музика,зборувала повеќе јазици, а посебно била горда на своето македонско потекло.Одлицно го говорела македонскиот јазик, всушност повеќето владетели од оваа династија го зборувале македонскиот јазик.
Како дошла Клеопатра на власт?
По смртта на нејзиниот татко имала 18 години,а постари од неа биле нејзините сестри Клеопатра ВИ(кој умрела млада) И Береника,а помлади биле Арсинија ИВ И браќата Птоломеј ХИИИ И Птоломеј ХИВ.Според египетската традиција за да го земе престолот Клеопатра требала да биде венчана, па формлно склуцила брак со својот брат Птоломеј ХИИ.Но, тој немал никаква улога во владеењето.Таа била онаа која исковала пари со својот лик, ги потпишувала официјалните документи,донесувала одлуки... Во овој период Египет го губи Кипар И дел од Сирија,со Што слаабее владеењето на Клеопатра.Од престолот ја симнува нејзиниот брат, со кој формално владееле во заедништво. Клеопатра била прогонета, но владеењето на младиот Птоломеј било загрозено од Рим. Во тоа време со Рим владеел Цезар кој го турнал Птоломеј од престолот. Но, Цезар не скал само да го окуприра Египет,туку сакал од него да го направи свој поданик. Поволен момент во ова препознала Клеопатра И тактички успеала да се доблизи до Цезар,заведувајќИ го. Така таа повторно се врака на сцената
Со тоа Клеопатра ја задоволила својата потреба за власт под покровителство на Цезар. За да угоди на египетската традиција таа повторно се омажила И тоа за својот 11 години помлад брат Птоломеј ЏИВ. Таа ја продолжила врската со Цезар И од таа врска го раѓа синот Цезарион. Во 46-та Цезар ја повикува Клеопатра во Рим каде ја дочекува со највисоки почести И покрај противењето на јавноста. Тогаш формално објавува дека ќе се ожени со неа, но во 44-та п.н.е бил убиен во атентат.
Клеопатра во паника се повлекла во Александрија И наредила убиство на соппругот Птоломеј ЏИВ. Со тоа за единствен наследник го прогласила својот син Цезарион.
Тоа биле тешки времиња за Египет,но мудрата Клеопатра внимателно ги следела приликите во Рим каде што власта ја делеле Марко Антоние, Октавијан Август И Лепид.
Оконостите И укажале дека најмоќна позиција од сите има Марко Антоние И во 41-та г. п.н.е таа доаѓа во контакт со него.Повторно ги искористила своите моќИ за заведување, повторно успешно.
Марко Антоние пак бил понесен од идејата да има жена со сина крв. Започнал заеднички живот со Клеопатра иако бил женет. Во меѓувреме умрела неговта сопруга, а односите со О.Август се заостриле. За да ја смири ситуацијата Марко Антоние се оженил за неговта сестра Октавија.
Клеопатра во ова време раѓа негови близнаци, Клеопатра Селена И Алекасандар Хелиос.
Цезар И подарил нови територии за владеење,Нивната романса продолжила И добиле трето дете-Птоломеј Филаделф.
Нивната љубов прераснала во визија за повторно обновување на Македонската имерија од времето на Александар.Во 31 г. п.н.е Марко Антоние ја оставил својата сопруга Октавија , исковал монети со својот лик И ликот на Клеопатра.
Ова дополнително го потикнал гневот кај О. Август,кој веќе објавил војна на Клеопатра. Настанала битка на море од која победник излегол Октавијан. Во меѓувреме Марко Антоние добил вест дека Клеопатра загинала во битката И се самоубил.
Очајната Клеопатра се обидела да преговара со Октавијан, но тој ја одбил.Клеопатра се самоубила-дозволила да биде касната од кобра.Според египетските верувања оној кој умира од отровот на кобра останува бесмртен.
Клеопатра умира на 12 август 30 г. п.н.е , на 39 годишна возраст.
Со тоа Египет е целосно окупиран од Рим, а неговиот последен формален владетел е Цезарион(Птоломеј XV), кој е задавен од страна на Октавијан.
Интересен факт е дека потомците на Клеопатра И Марко Антоние останале живи И нив ги одгледала Октавија,напуштената сопругата на Марко Антоние И сестра на Октавијан Август.