Голф 6

  • Креатор на темата Креатор на темата krembil0tina
  • Време на започнување Време на започнување
Во кој буџет да се вклопи?
75 КС и минимално ниво на опрема за многу пари? (основна верзија)
А имиџот ми е баш битен, треба колата да има душа помалце, и сакам да изгледа убаво.
Освен кај нас на Балканот, никаде не држат цена. затоа што на Балканот останало она дека „германец тоа го направил“, не за друго, и најчесто му се припишуваат нереални квалитети. Голф од првата серија од 700 евра па нагоре? А ако е нафтена печка и 1000 евра????
Затоа и се крадат толку.

Па сигурно не бираш кола според имиџ....нелогично размислување....
Ако мене ми одговара цената на возилото баш ме брига кој друг го вози и како го тјунирал .... негов проблем:)..... и сосема небитно....
Изгледот е важен ама има и поважни работи ..... 95% од времето кога користиш возило ти си внатре а не надвор.....била убава од надвор....и....?
не викам дека треба да биде грда или воопшто да не го земеш во обзир надворешниот изглед ама тоа не е примарна работа кога купуваш возило....тоа ти се вика интилигентно размислување....
цена држат во секој случај.....и не само фолксваген туку и сите останати германски произведувачи....
тоа што германец ќе го направи од инженерски аспект НИКОЈ не го прави(особено од аспект на технологија и квалитет,дизајнот не им е јака страна)....примери имаш колку сакаш....што не значи дека и они не знаат за забрљаат работа од време на време........
па ќе кошта 1000 евра, кога поминуваат по 500.000 км со фабричкиот блок и можеш сам да ги сервисираш пред зграда....
 
Официјални слики од новиот GOLF

Според наводите на неколку извори ова се првите службени фотографии на шестата генерација на еден од најпопуларните автомобили во историјата и која својот прв настап го очекува на парискиот авто салон. Веќе на прв поглед ќе дека забележите разликите на надворешниот изглед во однос на моменталниот модел од петта генерација се мали. Поточно се разликуваат само светлата, предните потсетуваат на она Ѕ од Scirocco претставен во Женева, а задните личат на оние од Touareg. Во внатрешноста без големи промени што се однесува до уредувањето на ентериерот, а и тука повторно се видливи некои влијанија од Scirocco посебно на средниот столб на предната арматура.
Моторизацијата на новиот Golf ќе биде прилично широка, кога станува збор и за бензинските и за дизел моторите. Да споменеме дека на купувачите ќе им биде достапен новиот 1,6 литарски TSI мотор со моќ од 200 КЅ, потоа 2,0 литарскиот мотор со турбо сила од 240 КЅ кој ќе ја придвижува GTI верзијата. VW исто така планира во својата понуда да ги воведе и 3 цилиндричните мотори со волумен од 1 и 1, 2 кои благодарение на турбо полначот би развивале моќ од 75 КЅ.

http://imageshack.us

http://imageshack.us

http://imageshack.us

http://imageshack.us

уууфуфуфуфффффф, еден 6-ка со овој мотор 2,0 литарскиот мотор со турбо сила од 240 КЅ кој ќе ја придвижува GTI верзијата
 
Ете просто едноставно и УБИСТВЕНО....:helou:
 
Точно, а болдираното ептен! Наместо Гољф, има многу подобри опции! Па пре би зел Фиат Линеа него Гољф. И навистина мислам дека Линеата е подобар избор.

Споредуваш Фиат Линеа со Голф? Исто како да споредувас Најк со Маниа патики. Имам Голф 4 1.9 ТDI 2000година, земи ја најновата Линеа од салон 2008 и ке наравиме неколку тестови...стабилност,сигурност,потрошувачка,крајна брзина,стартна брзина...сигурно има некоја причина што држи цена. После 120.000км пред некој ден и ги сменив задните фабрички диск плочки, мењам уље на 15.000км и тоа е. Линеата нема ни дискови позади, како 101 има принцип на кочење, а моделот е 2008, јаки муда. 6ката никој ја нема видено а почнаа критиките :pos2: за изглед не зборам, нема некој изглед, ама за перформанси, издржливост и квалитет...греота е да се збори.
 
Па сигурно не бираш кола според имиџ....нелогично размислување....
Ако мене ми одговара цената на возилото баш ме брига кој друг го вози и како го тјунирал .... негов проблем:)..... и сосема небитно....
Изгледот е важен ама има и поважни работи ..... 95% од времето кога користиш возило ти си внатре а не надвор.....била убава од надвор....и....?
не викам дека треба да биде грда или воопшто да не го земеш во обзир надворешниот изглед ама тоа не е примарна работа кога купуваш возило....тоа ти се вика интилигентно размислување....
цена држат во секој случај.....и не само фолксваген туку и сите останати германски произведувачи....
тоа што германец ќе го направи од инженерски аспект НИКОЈ не го прави(особено од аспект на технологија и квалитет,дизајнот не им е јака страна)....примери имаш колку сакаш....што не значи дека и они не знаат за забрљаат работа од време на време........
па ќе кошта 1000 евра, кога поминуваат по 500.000 км со фабричкиот блок и можеш сам да ги сервисираш пред зграда....
Jaс сигурно бирам кола која мене ми се допаѓа, значи, не одам со стадото кое слепо верува на некои стереотипи.
По твое, бидејќи 95% од времето го минувам ВО колата (не 95 туку 100%), нередниот пат ќе склопам нешто со фотељата од дома, некој замрзнувач или контејнер, некое моторче и ќе склопам кола.
Интилигентно размислување...
Тоа не е интилигентно, туку пристрасно размислување...тоа твоето де...
Кога сме кај инжинерскиот аспект...хммм...годината е 1974, се појавува Голф 1 бидејќи Бубата е веќе за во пензија...ептен е застарена...
И, тој Голф 1 има 4 добош кочници, кои башка немаат серво поддршка на кочењето, мотор и менувач со застарена конструкција, и е дизајнирана од Италијанец.
Мерцедес, а посебно БМВ и пропаднатиот НСУ инжинериски...да. Ги ценам. Исто и Форд заради В4 моторите од '60-тите.
Буквално, дечките од Волксваген купиле еден ФИАТ 128, кола на годината претходно, тоа во фазата на развој на Голфот, го растуриле до даска за да видат што е финтата...
Арно ама, квалитетна изработка и Голфот стана мит на овие простори. Јес да го ценат и по дома, ама не до толку како тука.
За 500000 км. приказни на друг ќе му кажуваш.
Секој блок ќе оди и многу повеќе од тоа со ремонти, и бушење на Прва специјал, па Втора, па Трета...па хилзни...по дома неможеш да го сервисираш никако.
 
Линеата не...тоа е Гранде Пунто со багажник назад...ама Бравото дефинитивно!
Голфот стана симбол на сељачење благодарение на гастарбајтерите (а богами и „домашните“) кои најчесто им прават „мотика стајлинг“, некој одвратен стајлинг, држат безобразно висока цена како половни, нереално висока цена, а башка...се е тоа иста монотонија од генерација во генерација...
И, дефинитивно, најчеста мета на кражба.

Зошто бе Струмикс нереално висока цена, ајде ако се разбираш еве во коли најди ми ја причината зосто висока цена и зошто се прифаќа таа цена?
 
Jaс сигурно бирам кола која мене ми се допаѓа, значи, не одам со стадото кое слепо верува на некои стереотипи.
По твое, бидејќи 95% од времето го минувам ВО колата (не 95 туку 100%), нередниот пат ќе склопам нешто со фотељата од дома, некој замрзнувач или контејнер, некое моторче и ќе склопам кола.
Интилигентно размислување...
Тоа не е интилигентно, туку пристрасно размислување...тоа твоето де...
Кога сме кај инжинерскиот аспект...хммм...годината е 1974, се појавува Голф 1 бидејќи Бубата е веќе за во пензија...ептен е застарена...
И, тој Голф 1 има 4 добош кочници, кои башка немаат серво поддршка на кочењето, мотор и менувач со застарена конструкција, и е дизајнирана од Италијанец.
Мерцедес, а посебно БМВ и пропаднатиот НСУ инжинериски...да. Ги ценам. Исто и Форд заради В4 моторите од '60-тите.
Буквално, дечките од Волксваген купиле еден ФИАТ 128, кола на годината претходно, тоа во фазата на развој на Голфот, го растуриле до даска за да видат што е финтата...
Арно ама, квалитетна изработка и Голфот стана мит на овие простори. Јес да го ценат и по дома, ама не до толку како тука.
За 500000 км. приказни на друг ќе му кажуваш.
Секој блок ќе оди и многу повеќе од тоа со ремонти, и бушење на Прва специјал, па Втора, па Трета...па хилзни...по дома неможеш да го сервисираш никако.

Имав Ауди Б4, 1995година со 1.9 ТДИ мотор со 90 коња, го земавме удрено од МВР, имаше поминато околу 50.000км, кога го продадовме после неколку години имаше околу 350.000-400.000км, колата се возеше низ МК, беше караван и служеше за разнесување на авто делови, колата уште ја возат без ремонт, човекот што ја купи и смени само турбина, и ти сега ке ми кажуваш дека тоа се приказни? Оди со Бравото помини 400.000км, само те молам на 90.000 дојди да ти дадам визит карта да ти помогнам во наоѓање на деловите за ремонтче.
 
Jaс сигурно бирам кола која мене ми се допаѓа, значи, не одам со стадото кое слепо верува на некои стереотипи.
По твое, бидејќи 95% од времето го минувам ВО колата (не 95 туку 100%), нередниот пат ќе склопам нешто со фотељата од дома, некој замрзнувач или контејнер, некое моторче и ќе склопам кола.
Интилигентно размислување...
Тоа не е интилигентно, туку пристрасно размислување...тоа твоето де...
Кога сме кај инжинерскиот аспект...хммм...годината е 1974, се појавува Голф 1 бидејќи Бубата е веќе за во пензија...ептен е застарена...
И, тој Голф 1 има 4 добош кочници, кои башка немаат серво поддршка на кочењето, мотор и менувач со застарена конструкција, и е дизајнирана од Италијанец.
Мерцедес, а посебно БМВ и пропаднатиот НСУ инжинериски...да. Ги ценам. Исто и Форд заради В4 моторите од '60-тите.
Буквално, дечките од Волксваген купиле еден ФИАТ 128, кола на годината претходно, тоа во фазата на развој на Голфот, го растуриле до даска за да видат што е финтата...
Арно ама, квалитетна изработка и Голфот стана мит на овие простори. Јес да го ценат и по дома, ама не до толку како тука.
За 500000 км. приказни на друг ќе му кажуваш.
Секој блок ќе оди и многу повеќе од тоа со ремонти, и бушење на Прва специјал, па Втора, па Трета...па хилзни...по дома неможеш да го сервисираш никако.

Пошо мислиш дека се работи за голфот а не се разговара за него, него малку поошто, еве вака .....
1.и не ме разбра кога користиш возило, 95% си внатре на седиште останатите 5% се кога ставаш вода за брисачи и кога точиш бензин...
2.не се работи за стереотипи никакви баш напротив
3.незнам кое возило од таа генерација може да изврти 500.000 па и со 200 ремонти и бушења...
4.сигурно не им требал фиат за да видат како се прави квалитетно возило, а и фиат128 не гледам по нашиве улици па ни на запад...
5.Па и треба да ги поштуваш мерцедес бмв, сите авионски мотори од 1 и 2 светска војна они ги произведувале....
5.Има добош само одзади, напред дискови со фабричка гаранција од 150.000 км,серво се става не е проблем
6.Најважното....значи вака моторно возило во суштина ти се 4 тркала со мотор....и главна задача е да те однесе од точка А до точка Б, да предпоставиме дека растојанието од точка А до точка Б е 200.000км.Имаме возило бр.1, личи како Лада Нива, возило бр.2 личи на мекларен ф1 или пагани (по твој избор).Однапред се знае дека возило бр1. ќе го помине даденото растојание со вкупно 5 механички дефекти, а возило бр.2 со 50 механички дефекти...............................
Наградно прашање на векот (за точен одговор добивате бош пумпа за фолксваген дизел:) ).... Кое ќе го изберете драга публико...?
Јас би идел со возило бр.1 , а ти друже...?:helou:
 
ne sum nekoj FAN na GOLF ama ova mi se sviga. Super e
 
Споредуваш Фиат Линеа со Голф? Исто како да споредувас Најк со Маниа патики. Имам Голф 4 1.9 ТDI 2000година, земи ја најновата Линеа од салон 2008 и ке наравиме неколку тестови...стабилност,сигурност,потрошувачка,крајна брзина,стартна брзина...сигурно има некоја причина што држи цена. После 120.000км пред некој ден и ги сменив задните фабрички диск плочки, мењам уље на 15.000км и тоа е. Линеата нема ни дискови позади, како 101 има принцип на кочење, а моделот е 2008, јаки муда. 6ката никој ја нема видено а почнаа критиките :pos2: за изглед не зборам, нема некој изглед, ама за перформанси, издржливост и квалитет...греота е да се збори.
Колку да си знаеш, Линеата на свиоци и општо на вожња покажува подобри резултати од неколку т.н. појаки коли, меѓу кои верувам дека ќе се најде и Голфот.
Голф вредеше до 3-та генерација, во неговата класа тогаш беше најјак, но сега, јок!
 
GOLF !!!!!

Aj povtorete si go na glas nekolku pati,pa uzmuabet stavete nastavka GTI ili R32 pa ke vidite kolku toa mokno zvuchi.Moe mislenje...za vkus ne se zboruva,neli?
 
Малку го дотерале во дизајнот и ништо повеќе - многу логично.Вака на прв поглед ми делуа супер.Голф династија :wink:
 
Колку да си знаеш, Линеата на свиоци и општо на вожња покажува подобри резултати од неколку т.н. појаки коли, меѓу кои верувам дека ќе се најде и Голфот.
Голф вредеше до 3-та генерација, во неговата класа тогаш беше најјак, но сега, јок!

Не верувај во све ;)
 
Во таа класа најдобро лежење на патот покажуваат Форд Фокус и Голф...... а за фиат мислам дека нема место таму.... се "потркав" со еден фиат стило низ демиркаписката клисура...... видов како лежи.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom