Паркур

  • Креатор на темата Креатор на темата GrouchoMarx
  • Време на започнување Време на започнување
Денеска се сретнав со бандата кои вежбаат parkour, а и се запознав со таа дисциплина која кај нас изгледа е во зачеток.
Поприлично е физички захтевна но и ментално бидејќи треба да го совладаш стравот за одредени движења или скокови.
Како и да е ако има некои кои се заинтересирани за ова нека му пратат пп на змија да се договорите.

п.с. Дечките се помлади од мене само не ми смета и ќе продолжам со вежбање зашто е добра за физичка и за ментална кондиција.

nema veze toa be, vazna e zelbata,
super sto si se zapoznal i sto si odvoil vreme za da vidis za sto se raboti.
 
Ако има заинтересирани за parkour а бидејќи јас сум почетник во овој да речеме спорт нека пише пп, па може да се договориме да тренираме.
Ги знам основните вежби за кондиција и за скокови така да бујрум.
А кога ќе вежбаме заедно со дечкиве кои неколку години го вежбаат ова тогаш сите заедно.
 
Паркур или познат уште и како уметност на преместување е активност чијашто цел е движење од една точка до друга колку што е можно поефикасно и побрзо, користејќи ги воглавно способностите на човечкото тело.Целта му е да му помогне на поединецот да надмине пречки, кои би можело да бидат било што кое се наоѓа во неговото околно опкружување, од гранки и камења до шини и бетонски ѕидови, и може да се вежба и во рурални и во урбани области. Оние кои вежбаат паркур се нарекуваат трасери, или трасерки за жени.
Основан од Давид Беле и група другари во Франција, паркурот се фокусира на вежбање на ефикасни движења со цел да се развие телото и умот на оној кој го практикува со цел да надмине можни пречки во итен случај
 
вежба некој ова?? боокац???змија???бушав??? сеуште активно???
 
TRY2FLY Parkour Team Macedonia

Еве нешто ново од македонската паркур сцена. Сами оценете колку се добри :smir:
 
Ај ја да завршам средно па идам у Скопје да учам факултет. Многу голема желба иам да научам паркоур, а иначе моментално трениран брејкденс...
 
Јас сеа нешо почнав да се занимавам со freerunning а не паркур и да ви кажам интересно е ама се повредив сеа и паузирам малку!!!:salut:
 
HARDCORE PARKOUR!! :vozbud: xaxa
само напред момци,да има што повеќе тимови како BEYOND и TRY2FLY!
 
Интересен спорт, кој бара мнооооогу храброст и “ментална“ сила!

Се надевам дека ке се развие ова и во нашите простори, зашо има доста мајмуни кај нас!:kesa:
 
Сакам да ве запознаам со тетовскиот паркаур тим NINJAS ние постоиме веќе 4 години но со активно тренирање почнавме пред две години.Ако има заитересирани кои сакаат да тренираат паркаур а се од тетово нека ме контактираат на мсн boban@dragon.com .Во тетово има многу места за тренирање и такви работи еден мој другар остана на покривот на трговскиот центар до два саат навечер више го затвории и слезе со скокање од третиот спрат на првиот а од првиот со салто до доле тоа беше невероватно кој е од тетово ќе ме свати кога викам невероватно.Значи имало повеќе паркаур групи во Македонија по може некогаш да се сретнеме и да направиме еден македонски паркаур тим кој ќе оди на светскиве натпреварувања.Ако некој сака појче да дознае за овој тип на спорт нека ме котактира на мсн boban@dragon.com
 
ЕКСКЛУЗИВНО : МК Parkour Тимот - BEYOND вечерва во 19:40 на А1 Exclusive! Гледајте! Ова НЕ се пропушта!!!
 
пеер ти се занимаваш 2 години, а дали знаеш јас и другар ми Баге од кога почнавме?????? вежбаме веќе 3 години, а ти 2 така да нема космички шанси да си ти прв! :vozbud: Па ако си толку усовршен дај да се собереме некој ден да видиме колку си усоврсил ти за 2 години и колку сме усовршиле ние.
Па пиши ај да се договориме додека трае распустов.

ПС: Те молам прај го салтото со фатени нозе, не личи на ништо, како партал си кога го правиш. Мислам срамота е ако толку си го усоврсил да го правиш така, па нема смисла...

поздрав, bookac_beyond !

Незнам што е толку битно кој почнал прв,битно е што и во Македонија има некој поискусен во овој спорт.
Инаку јас за овој спорт уште одамна сум заинтересиран да вежбам ама никако да најдам нешто повеќе за ова,
како беден почетник се надевам ке ме примите друштвото....
Туку има ли врска колку тежиш,колку си висок и такви ствари??
 
Очигледно нема сериозни луѓе за тренирање за овој спорт...
 
вежба некој ова?? боокац???змија???бушав??? сеуште активно???

Како што знам сите тројца вежбаат,а со Змија се знам онака,комшии сме,легенда чоек мајке ми :)
 
Интересен е овој спорт на видеата од последната страна изгледа како се да е лесно но не е воопшто ако направиш еден погрешен чекор отиде по ѓаволите опасно е и ексремно тоа како се качуваат по ѕидови едноставно им се дивам на трпението и упорноста што ја имале за така да успеат да прават се со леснотија.Верувајте ова треба многу години да вежбаш за вака да биде...не е од 1 месец.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom