АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА = ФАШИЗАМ

Точно.



А дали ти не би ги презирал тие што те презираат или би го вртел и другиот образ на секој шамар што го добиваш????

Не се работи тука дали ќе го свртиш другиот образ, туку дали ќе бидеш ист како нив (националистите)... Бидејќи тоа е погрешно... Ако некој си ја сака својата земја нетреба ни да ја срами со своите националистички идеи... Треба да биде единствено ГОЛЕМ ПАТРИОТ...!!!
 
не си ја научивте лекцијата, како и многу други пред вас...биле римјани турци балканци брнковци и љупчовци сеедно...или ке бидете прегазени или самите ке се задушите во сопствените гомна....

за твојот карактер интереси и мивка од душа, многу кажува твојот пост...
гладните и сиромашните ги задојуваат со национализам ,сакам сити богати и учени Македонци ,свеста не се подигнува со пароли и реклами
туку со учење и грижа на државата кон соите грагани ,ако самата власт ги дели (а го прави тоа) на леви и десни,не гледам напредок кон ништо а најмалце кон развивање на свеста ,сите досегашни искуства кажуваат дека властите прибегнуваат кон такви методи кога се во криза

за мојат свест кон Македонското прочтиај малце повеке .грод сум што сум Македонец ,поентата е што правиме за Македонија ...
 
pritoa..samiot poddrzuvajki teroristicki napadi kako nacin na borba.. :helou:
да како начин да го оствари својот сон НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА која ке се натпреварува на културни полиња:helou:
 
Kaко на пример убивање на милиони луѓе во концентрациони логори, напаѓање на други земји, освојување и разурнување, пљачкосување на туѓи богатства и ресурси и поробување на народи а се во име на својат нација ?

Дали некој смее да им писне на Германците? Не. Како го постигнале тоа? Тепале сè живо што им дојде на пат и да, ги гушеле Евреите.

А на Шпанците? Ја покосиле Јужна Америка и не само неа. Пуздер правеле каде и да оделе. Ај те молам наречи ги нешто друго, освен Шпанци.

Французите? Оделе во Африка и силувале. Те молам кажи им дека не се Французи.

Американците? Имаат најмоќна војска, со дополнителната „цивилизираност“ дека не мораат да ги наптепаат другите - можат да ги купат и пак ќе им оди од рака. Ај те молам кажи им дека се или Англичани, или Французи, или Шпанци, или Кинези, или Кореанци, или Јапонци, или... Што и да е, освен Американци.



Да, за жал или не, ако си способен да се тепаш и да се бориш, макар го прегазил тој другиот, победуваш. Ако не сакаш да се бориш, тој ќе те победи тебе.

Тоа е спорт. Крвав и бескомпромисен спорт, на државно и национално ниво. Ако не го играш, не си фраер и не те ценат.

А ако играш, макар и изгубил и страдал, добиваш респект. Не толку колку победникот, ама барем знаат дека постоиш.




Е па идниот пат кога мислите да правите отстапки, во име на „зачувување на мирот и добрососедските односи“, помислете дали воопшто ќе продолжите да постоите после тие отстапки.



ДОПОЛНА: Што мислиш, како „западните“ земји пркнале? Им текнало, направиле Крстоностни војни, дошле и нè натепале и ги украле сите наши богатства (Средниот Век бил *многу* развиен и просперитетен на нашите простори). И после тие голтари, кои се обогатиле со сила одземајќи од другите, ќе кажат дека се „цивилизирани“? Што, „одеднаш“ им се случила Ренесансата? А од каде средства за тоа, жити сè?

Помисли кому му веруваш.
 
крусер и сето тоа ти го оправдуваш????
 
форумот е политика , не правда


ТИ ЛИ КАКО МЕКДОНЕЦ НАЈДА ПРАВДА ДА ДЕЛИШ:kesa:
 
Фашизмот тропа на мала врата Благица ИВАНОВА

Има или не негативен национализам во Македонија? Тоа е прашањето за кое дебатираат повеќе интелектуалци, по завчерашните коментари што пристигнаа на интернет-изданието на весникот „Шпиц“, по написите за масовно промовирање нацистички симболи и величење на античката историја низ земјава. Дел од читателите ни испратија коментари во кои пишуваат дека се залагаат за „чиста Македонија“, величејќи го таканаречениот креативен национализам.
Експертот за човекови права Жарко Трајаноски, колумнист во „Дневник“, смета дека во Македонија се создава плодна почва за „преродба“ на фашизмот и тоталитаризмот.
- Груевски го користи национализмот како средство за добивање неограничена власт. По освојувањето на државните институции, партијата настојува да воспостави контрола врз медиумите и врз граѓанското општество. Расте моќта на тајната полиција и се поттикнува милитаристички менталитет - објаснува Трајаноски.
Според него, се зголемија и ксенофобијата, расизмот и дискриминацијата кон повеќето маргинализирани групи, а за сметка на тоа се развива култ кон чистото етничко потекло.
- Расте омразата и нетрпеливоста кон индивидуалноста и поинаквото мислење. Луѓето почнуваат да се плашат јавно да зборуваат - предупредува тој.
Еуфоријата за античката историја е првиот елемент на дефиницијата на кој било национализам, па и на македонскиот, тврди аналитичарот Дане Талески, кој подготвува поширока анализа токму за растечкиот македонски национализам.
- Јасно е дека кај нас преовладува античката историја, а сите други историски етапи на Македонија се исклучени. Антиката е споена со православната религија, што пак може да се види преку етномобилизацијата што ја врши МПЦ, повикувајќи, на пример, на заштита на правата на Егејците - вели Талески.
Како најпрепознатлив симбол каде што се гледа дека е споена религијата со историјата тој го посочува сонцето од Вергина со православен крст во средината, што мошне често го користат македонските иселеници и фудбалските навивачи.
- Последниот и најсилен елемент на национализмот е токму митоманијата, каде што можат да се вбројат сите последни, демек научни откритија, како каменот од розета, античките потомци Хунзи, како и некоја литература каде што пишува дека некои американски претседатели имале македонски корени и дека Македонците биле писмени пред 15.000 години - објаснува аналитичарот Танески.
Според професорот по меѓународна дипломатија, Димитар Мирчев, негативниот национализам донекаде е поттикнат од актуелната власт.
- Интензивната потрага по антиката е рефлекс и барање на корењата на нацијата во услови кога македонскиот идентитет е загрозен. За коренот да биде поцврст, се бара во антиката. Тоа не е во ред, затоа што ги истиснува граѓанските и европските вредности - вели Мирчев.
Национализмот не донел стабилност во ниту една земја, коментираат нашите соговорници и затоа не зачудува фактот што неговиот пораст, без разлика дали е македонски, албански, српски или каков било, придонесува за појава на радикални феномени, каков што е неонацизмот.


„Креативен“ национализам


Еве како некои од читатели на „Шпиц“ го објаснуваа „позитивниот“ национализам:
„Се што е за добро на Македонија, се што е добро за татковината и за крвта македонска, го гоните, го понижувате. Го осакатувате најдоброто за Македонија, а тоа е националсоцијализмот, она што може да не донесе на нозе цврсто да стоиме пред неправдата на Грците кон нас, со иста моќ со ист национален режим да го возвратиме ударот. Браво за секој што во себе има храброст да продава, да носи, да поддржува идеологија за бела и чиста Македонија... Се чудам зошто не пишувате нешто против албанските организации, туку се овој Евреинов Козма против Македонциве зборува... Македончиња, разбудете се! Само ултранационализмот е излезот од оваа страшна ситуација. Белото е моќ“, пишува граѓанин што се претставува под псевдонимот „Националсоцијалист“.
Друг читател, кој се претставува како „Националист“, пишува вака:
„Национализмот не повикува на насилство, туку само ја подига свеста и љубовта кон својата нација. Нешто што фали во оваа држава. На младите им треба еден креативен национализам, со кој здраво би ја граделе иднината на оваа земја. Апсолутно не ме засега тоа што се продаваат маички со сонцето од Вергина. Но, ги засега тие што сакаат да ја избришат македонската нација“.


--------------------------

Продажбата на жпиц оди катастрофално лошо, Толку лошо што менџментот паднат во очај па се фатил за партизански методи на продавање....

Вчера на семафорите кај соборна околу 8.30, без да побарам низ прозор во лице ми беше втурнат примерок од Шпиц..ги раздаваа ко партиски флаери....

Откако ми помина шокот и сфатиф дека на мене е фрлен весник а не бомба, го искинав на две и го фрлив низ прозор....на поагање ѕирнав на ретровизорот....и другите го следеле мојот пример....место весници имаше губре по улицата..продолжи Геро, или без заби или без работа..без нешто ке останеш
Go podrzuvam textot.
MK odi vo pogresna i neprocenlivo opasna nasoka,no to e.No dobro e,sto i to mora ednas da se pomini,a GR nema da dozvoli na NG da mu fali ni vlakno,pa nasokava nema da fati koren.Taman rabota.
 
Националист е збор со лошо значење поради National-Socialist Party of Germany. т.е. Нацистите на Хитлер.

Еве што вика dictionary.com (бидејки ние МК немаме речник на својот јазик, за жал)

1.national spirit or aspirations.
2.devotion and loyalty to one's own nation; patriotism.
3.excessive patriotism; chauvinism.
4.the desire for national advancement or independence.
5.the policy or doctrine of asserting the interests of one's own nation, viewed as separate from the interests of other nations or the common interests of all nations.
6.an idiom or trait peculiar to a nation.
7.a movement, as in the arts, based upon the folk idioms, history, aspirations, etc., of a nation.

Мислам дека превод не е потребен.
Така да НАЦИОНАЛИЗАМ не треба да се асоцира автоматски со нацисти или нео-нацисти.
 
Не се работи тука дали ќе го свртиш другиот образ, туку дали ќе бидеш ист како нив (националистите)... Бидејќи тоа е погрешно... Ако некој си ја сака својата земја нетреба ни да ја срами со своите националистички идеи... Треба да биде единствено ГОЛЕМ ПАТРИОТ...!!!

Ова кажи им го на Грците, Бугарите, Србите, Албанците....

Нашиот национализам се појавува како одбрамбен механизам поради агресијата на нашите соседи, за разлика од нашите комшии кои на чело со своите националистички идеи ги проширувале териториите на наша сметка.
 
Шпиц работи најмногу во корист на Македонскиот Патриотизам и Македонското Национално Самосознавање...

Како? Па со такви колумни го разгневува народот, при што истиот се навраќа токму на тоа што нивните колумни го мразат. Со други зборови: Ако сакаш да си патриот земи читај шпиц и прави го сосема спротивното од тоа што го пишува. Рецепт за да постанеш 100% тоа што треба да си, Патриот.:smir: Бон Апетит.

Супер рецепта за патриотизам, лаф да нема... Земи си весник (по можност Шпиц) и развивај патриотизам.

Има и еден друг рецепт, кој многумина го практикуваа 2001 година... Кога ќе дојдат на врата да те мобилизираат да ја браниш татковината, фино лепо ќе си се сокриеш во шифоњер, под јорган, под сукња...не е битно, а вечерта сиктер у кафана, ќе се наљокаш прописно како статива, ќе ја нарачаш „Душмани едно запаметете...„ и ќе псуеш се' живо и диво на непријателот...Поголем патриот, здравје... А на форуми, се' патриот до патриот...:toe:

Патем, не мешајте патриотизам и национализам, различно е...
Национализмот никому не донел ништо добро.
 
крусер и сето тоа ти го оправдуваш????

??? Кој ти е муабетот? За каква правда зборуваш?

„Ти не си Македонец, ти си FYROM-ец. Твојот јазик не е Македонски, тој е Славобугарски. Во твојата држава има Албанци (прво и основно) и Славобугари. Ако кажеш дека има Македонци, ги напаѓаш моите основни човекови права да кажувам дека Македонија е Грчка, бидејќи од секогаш било така (Букурешт 1913 е само мит, жими сè).“

Дали ти *ова* го оправдуваш? Ако да, ти си Грчки националист.



Нема универзална правда, има само две (или повеќе) страни, кои се борат за едно нешто. Има борба, има победник и тој е во право. Сега ти бирај на која страна се бориш.
 
Најголем момент во поновата историја на Македонија беше војната во 2001ва кога можеше да се покаже кој ја сака Македонија, кој е патриот, националист што се гордее со Македонското во себе, а кој не....

Не се покажува патриотизам и национализам пред компјутер, во тоа време јас паметам најголемите "патриоти" еве од мојата околина "се погоде" да одат на одмор кај јужните соседи кога ги бараа за резервести, а некој што не можеше да си дозволи одмор кај нашите браќа у Грчка отиде во тетово, куманово, скопје на првите борбени линии и гинеше за некој.

Би сакал да ве прашам сите што се правите кој е поголем македонец дали денес би зеле пушка во раце и би се бореле против грчките националисти?
 
Најголем момент во поновата историја на Македонија беше војната во 2001ва кога можеше да се покаже кој ја сака Македонија, кој е патриот, националист што се гордее со Македонското во себе, а кој не....

Не се покажува патриотизам и национализам пред компјутер, во тоа време јас паметам најголемите "патриоти" еве од мојата околина "се погоде" да одат на одмор кај јужните соседи кога ги бараа за резервести, а некој што не можеше да си дозволи одмор кај нашите браќа у Грчка отиде во тетово, куманово, скопје на првите борбени линии и гинеше за некој.

Би сакал да ве прашам сите што се правите кој е поголем македонец дали денес би зеле пушка во раце и би се бореле против грчките националисти?

А може ли место пушка, тастатура и маус ? Не зезај, не има и нежни кои немаме душа да одземаме туѓи животи... Ама затоа на форуми, маме им ебавме на тоа терористите....Се у очи им плеснавме...:kesa:
 
секој кој ја напаѓа мојата земја и мојот народ, фактички ме напаѓа и мене, тој е опасност и по мојот живот.
за таа цел, за да се одбранам и да го уништам тој непријател, јас не националист или патриот ами и махараџа ако треба ќе станам за да се заштитам себе си и другите кои ги сакам.

некој погоре рече дека национализмот кај наз е одбранбен механизам. точно е тоа

ние не им вршиме агресија на грците и бугарите, туку тие нас ни вршат, затоа и треба да бидеме националистички настроени кон нив, и кон сите кои ни вршат некаква си агресија
 
Најголем момент во поновата историја на Македонија беше војната во 2001ва кога можеше да се покаже кој ја сака Македонија, кој е патриот, националист што се гордее со Македонското во себе, а кој не....

Не се покажува патриотизам и национализам пред компјутер, во тоа време јас паметам најголемите "патриоти" еве од мојата околина "се погоде" да одат на одмор кај јужните соседи кога ги бараа за резервести, а некој што не можеше да си дозволи одмор кај нашите браќа у Грчка отиде во тетово, куманово, скопје на првите борбени линии и гинеше за некој.

Би сакал да ве прашам сите што се правите кој е поголем македонец дали денес би зеле пушка во раце и би се бореле против грчките националисти?


1. Дали ти си бил таму, па да можеш да збориш како било? Јас знам лично два-тројца кои биле и имам само најголема почит за нив. Ако ти си бил таму, ќе те почитувам исто така. Ако не си бил и муабетот ти е само за да привлечеш внимание, празен ти е.

2. Јас лично не би можел. Зошто? Имам лоши колена и во првиот момент кога би ме натовариле со чизми, оклоп и слично би завршил во болница. Со други зборови, би имале поголем зијан од мене во војска, отколку ќар. Повели, пцуј ме за тоа ако сакаш.

3. Национализмот и патриотизмот се покажуваат на многу начини. Она што јас го можам е да бојкотирам сè што е со Грчки капитал (Веро, Макпетрол, некупување на производи со потекло од Грција, неодење во Грција на одмор итн). Слободно кажи дека сум „помал“ патриот од оние што биле на фронтовите во 2001, во право си. И јас живеам со тоа. Но не кукам што другите се поголеми патриоти од мене, туку ги поддржувам во секој момент.

Со други зборови, помогни кајшто треба. Ако не можеш да помогнеш, не одмагај.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom