TripleH
.
- Член од
- 10 јуни 2005
- Мислења
- 3.399
- Поени од реакции
- 19
Ова незнаев дали да го пренесам во некои од постоечките теми, или да отворам нова тема, но мислам дека сепак е подобро, да се дискутира на определени прашања, на посебни теми....
Еве што пишуваат нашите медиуми за тоа колку нашата влада се грижи за нас....
Неизвесен откуп на тутунот во Струмичко
сузана тасева
26.11.2005 Јагода и Перо Котеви од струмичкото село Водоча, денеска почнаа со диплење на тутунот. Се подготвуваат за откупот, иако не знаат кога тој ќе почне.
Го изгубиле оптимизмот дека со ниската откупна цена, непроменета со години, ќе ги повратат вложените пари и труд.
„Го береш од поле, го диплиш, ама не се исплаќа“, изјави Јагода Котева, жител на с.Водоча.
Без државна поддршка, со зголемени трошоци на производство, жолтото злато одамна не е дедо мраз за тутунските семејства.
„Деца, фамилија, сите сакаат парички, а пари нема. Сите од тутунот чекаат“, рече Перо Котев, жител с.Водоча.
И овдешните тутунари се разочарани од распределбата на парите од поскапувањето на цигарите, кои наместо кај нив, ќе завршат кај чиновниците.
Поради ниската откупна цена и зголемените трошоци, тутунот се помалку го има во Струмичко. Годинава од 2.000 хектари, се очекуваат приноси од околу 3.000 тони.
Некогаш, во старите добри времиња, тутуно-производството било двојно поголемо.
Во Македонија млекото е поевтино од водата
Игор Манасиевски
26.11.2005 Само во Македонија млекото е поевтино од водата. Со откупна цена од 12 до 18 денари млекото на сточарите не вреди ни колку литар вода во продавница.
За да биде апсурдот уште поголем државата молчи и го толерира намалувањето на откупната цена во време кога млекарниците си ја зголемија малопродажната цена на млекото.
Млекарниците сега прават екстра профит од четири денари - два денара им скратија на фармерите и уште два од џебот на потрошувачите, зголемувајќи ја цената во продавниците.
„Викаат неквалитетно, а во Битола тие што ви го продаваат вас млекото е квалитетно. Ова што ни го земаа било неквалитетно и затоа го земаа за ниска цена“, изјави млекар.
Ударот од намалувањето на откупната цена на млекото за сточарите е огоромен, бидејќи добиточната храна е двојно поскапена - од 6 на 12 денари за килограм и е најскапа во Европа.
Во обид да се амортизира ударот, владата годинава на сточарите им подели по 600 денари.
Во Македонија има 365 илјади крави. Нови фарми се помалку се градат, а со ваквата политика на државата краварството е пред пропаст.
Хаос со поделбата на пасиштата
26.11.2005 Хаос со поделбата на пасиштата во земјава. Лут и разочаран, Диме Тодоровски од Паланечко, за своите 300 овци, иако има валиден договор за пасиштата, друг ги му ги ора. Вели на сите врати тропнав и ги известив, но државата ништо не превзема.
„Сега се чудат како е можно исто земјиште на двајца да биде дадено - се чудат, меѓутоа кај нас е можно, се се случува“, изјави Диме Тодоровски, жител од Паланечко.
Јавното претпријатие кое од поделбата на државните пасишта зема пари, одговорноста ја префрла на Министерството за земјоделство. Од таму велат дека знаат и дека допрва ќе преземаат мерки.
„И сега ние тука треба да се колеме, да се бесиме - сега земјиштето е изорано“, рече Тодоровски.
Додека надлежните си ја префрлат топката, на Тодоровски ќе му заврши едногодишниот договор. Иако за само две години од 30 ги намножил на 300 овци, пасивноста на државата, многу лесно ќе му ги уништи плановите да направи стадо од 3.000 овци.
Случајот на Тодоровски покажува - како заради незаинтересираноста на државата се уништува овчарството, една од најважните извозно ориентирани гранки.
преземено од А1