Eкономската политика на владата

  • Креатор на темата Креатор на темата TripleH
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
10 јуни 2005
Мислења
3.399
Поени од реакции
19
Ова незнаев дали да го пренесам во некои од постоечките теми, или да отворам нова тема, но мислам дека сепак е подобро, да се дискутира на определени прашања, на посебни теми....
Еве што пишуваат нашите медиуми за тоа колку нашата влада се грижи за нас....
Неизвесен откуп на тутунот во Струмичко

сузана тасева
prazno.gif
prazno.gif
26.11.2005 Јагода и Перо Котеви од струмичкото село Водоча, денеска почнаа со диплење на тутунот. Се подготвуваат за откупот, иако не знаат кога тој ќе почне.
Го изгубиле оптимизмот дека со ниската откупна цена, непроменета со години, ќе ги повратат вложените пари и труд.
„Го береш од поле, го диплиш, ама не се исплаќа“, изјави Јагода Котева, жител на с.Водоча.
Без државна поддршка, со зголемени трошоци на производство, жолтото злато одамна не е дедо мраз за тутунските семејства.
„Деца, фамилија, сите сакаат парички, а пари нема. Сите од тутунот чекаат“, рече Перо Котев, жител с.Водоча.
И овдешните тутунари се разочарани од распределбата на парите од поскапувањето на цигарите, кои наместо кај нив, ќе завршат кај чиновниците.
Поради ниската откупна цена и зголемените трошоци, тутунот се помалку го има во Струмичко. Годинава од 2.000 хектари, се очекуваат приноси од околу 3.000 тони.
Некогаш, во старите добри времиња, тутуно-производството било двојно поголемо.



Во Македонија млекото е поевтино од водата

Игор Манасиевски
prazno.gif
prazno.gif
26.11.2005 Само во Македонија млекото е поевтино од водата. Со откупна цена од 12 до 18 денари млекото на сточарите не вреди ни колку литар вода во продавница.
За да биде апсурдот уште поголем државата молчи и го толерира намалувањето на откупната цена во време кога млекарниците си ја зголемија малопродажната цена на млекото.
Млекарниците сега прават екстра профит од четири денари - два денара им скратија на фармерите и уште два од џебот на потрошувачите, зголемувајќи ја цената во продавниците.
„Викаат неквалитетно, а во Битола тие што ви го продаваат вас млекото е квалитетно. Ова што ни го земаа било неквалитетно и затоа го земаа за ниска цена“, изјави млекар.
Ударот од намалувањето на откупната цена на млекото за сточарите е огоромен, бидејќи добиточната храна е двојно поскапена - од 6 на 12 денари за килограм и е најскапа во Европа.
Во обид да се амортизира ударот, владата годинава на сточарите им подели по 600 денари.
Во Македонија има 365 илјади крави. Нови фарми се помалку се градат, а со ваквата политика на државата краварството е пред пропаст.

Хаос со поделбата на пасиштата

26.11.2005 Хаос со поделбата на пасиштата во земјава. Лут и разочаран, Диме Тодоровски од Паланечко, за своите 300 овци, иако има валиден договор за пасиштата, друг ги му ги ора. Вели на сите врати тропнав и ги известив, но државата ништо не превзема.
„Сега се чудат како е можно исто земјиште на двајца да биде дадено - се чудат, меѓутоа кај нас е можно, се се случува“, изјави Диме Тодоровски, жител од Паланечко.
Јавното претпријатие кое од поделбата на државните пасишта зема пари, одговорноста ја префрла на Министерството за земјоделство. Од таму велат дека знаат и дека допрва ќе преземаат мерки.
„И сега ние тука треба да се колеме, да се бесиме - сега земјиштето е изорано“, рече Тодоровски.
Додека надлежните си ја префрлат топката, на Тодоровски ќе му заврши едногодишниот договор. Иако за само две години од 30 ги намножил на 300 овци, пасивноста на државата, многу лесно ќе му ги уништи плановите да направи стадо од 3.000 овци.
Случајот на Тодоровски покажува - како заради незаинтересираноста на државата се уништува овчарството, една од најважните извозно ориентирани гранки.
преземено од А1
 
Lavot напиша:
Во Македонија млекото е поевтино од водата

Игор Манасиевски
prazno.gif
prazno.gif
26.11.2005 Само во Македонија млекото е поевтино од водата. Со откупна цена од 12 до 18 денари млекото на сточарите не вреди ни колку литар вода во продавница.
За да биде апсурдот уште поголем државата молчи и го толерира намалувањето на откупната цена во време кога млекарниците си ја зголемија малопродажната цена на млекото.
Млекарниците сега прават екстра профит од четири денари - два денара им скратија на фармерите и уште два од џебот на потрошувачите, зголемувајќи ја цената во продавниците.
„Викаат неквалитетно, а во Битола тие што ви го продаваат вас млекото е квалитетно. Ова што ни го земаа било неквалитетно и затоа го земаа за ниска цена”, изјави млекар.
Ударот од намалувањето на откупната цена на млекото за сточарите е огоромен, бидејќи добиточната храна е двојно поскапена - од 6 на 12 денари за килограм и е најскапа во Европа.
Во обид да се амортизира ударот, владата годинава на сточарите им подели по 600 денари.
Во Македонија има 365 илјади крави. Нови фарми се помалку се градат, а со ваквата политика на државата краварството е пред пропаст.
Глупости. Точно е дека економската политика на владата е гомненици, но примеров за млеково нема врска. Ако е така, како може тогаш словенското, српското, хрватското, босанското и другите млека, со сите давачки и трошоци при увоз, и заработката за увозниците да бидат со цена иста како нашето млеко, а некои дури и поевтини?

А ако ни текне дека словенскиот стандард е повисок од нашиот, тогаш земјоделците од Словенија за откупната цена таму би требало да кренат крваво востание.
 
се работи за откупната цена на млекото, Мистичен, а не за продажната...
Всушност знаеш ли колку е откупната во Словенија или Хрватска...
И како Хрватска или Словенија ги штити своите производители...
....Ударот од намалувањето на откупната цена на млекото за сточарите е огоромен, бидејќи добиточната храна е двојно поскапена - од 6 на 12 денари за килограм и е најскапа во Европа.....
Што правиме со ова?
 
Нема ни да им се исплати додека не се автоматизираат. Уште се работи на рака. А сите знаеме дека механизацијата носи поевтино прозиводство.
 
Абе закон економија имаме...
Само да се критикувало.. е како не ви е страм
 
Vlad II Draculea напиша:
Абе закон економија имаме...
Само да се критикувало.. е како не ви е страм
:pos: :pos:
море устав економија имаме
садиш тутун брат?
 
Lavot напиша:
се работи за откупната цена на млекото, Мистичен, а не за продажната...
Всушност знаеш ли колку е откупната во Словенија или Хрватска...
И како Хрватска или Словенија ги штити своите производители...
....Ударот од намалувањето на откупната цена на млекото за сточарите е огоромен, бидејќи добиточната храна е двојно поскапена - од 6 на 12 денари за килограм и е најскапа во Европа.....
Што правиме со ова?
Сигурно не е поголема од кај нас. Нема никаква логика ако е поголема, со сите трошоци за финалнен производ, царина и данок при увоз и крајната цена во продавница, увозното млеко да биде со иста цена како нашата.
 
Znaci preostanuva da se zakolat kravite,ama nikoj ne gi kole zatoa shto "carot" e sepak golem.
 
ПРИЛЕП
Откупот на тутунот ќе почне без пари

Откупот на тутунот во Прилепско ќе почне за еден месец, а во Тутунскиот комбинат не кажуваат дали се обезбедени пари за исплата на годинашната реколта од 3.000 тони. Директор на секторот "Тутун", Миле Ѓорѓиоски, вели дека се уште не се познати начините и рокот за плаќање по ланските цени.

- Терминот за почнување на откупот е договорен со откупувачите. Се надеваме дека ќе се почитува. Од надлежните побаравме да ги заверат мострите за процената на квалитетот - соопшти тој. Ѓорѓиоски вели дека Тутунскиот комбинат ќе отвори толку откупни пунктови колку и конкуренцијата.

Неофицијално се дознава дека некои откупни претпријатија, во кои има странски капитал, ќе понудат повисоки цени за прва и втора класа за да соберат квалитетен тутун. "Сокомак" од Битола, "Струмица табак", "Дајмонт" од Кавадарци и "Центротабак" од Велес веќе побарале од Министерството за земјоделство дозвола за откуп на тутун во прилепско.

- Сето тоа може да биде мамка да се предаде тутунот, а потоа да се плати помалку преку процената на другите класи - велат во ТКП. Во комбинатот реагираат што тутунарите потпишале договори за предавање на родот со две или повеќе фирми, што е спротивно на Законот. Во тутунските здруженија велат дека нивните членови го прават тоа од страв да не бидат изиграни.

Околу 10.000 семејства што одгледуваат тутун се крајно незадоволни поради проблемите со откупот и ниските цени.

- Како да не потпишуваме договори со неколку фирми кога си играат со нас кога треба да се даде цена и да се плати. Не е фер да работат како ќе им текне, а ние да немаме никаков избор. Бараме годинава родот да биде платен по цена од околу 160 денари за килограм бидејќи е една од најдобрите берби - вели долгогодишен тутунар од прилепската населба Варош. Во Прилепско годинава се очекува родот да тежи околу 7.000 тони.

Претседателот на земјоделското здружение "Единство" од Долнени, Аце Алексоски, се жали дека никој не сака да чуе за зголемување на цените.

- Никој од надлежните не одговори на барањето за зголемување на цените и за воведување премија од 30 денари за килограм тутун за ланскиот род. Зар не им е јасно дека тутун садат најзагрозените социјални слоеви. Откупните цени не се зголемени десетина години, а нафтата поскапе неколкупати, а за ѓубривото да не зборувам - вели Алексоски. Тој најавува организиран притисок за тутунарите да добијат премија, најмалку по евро за килограм, од 15-те милиони евра од поскапувањето на цигарите.
преземено од Дневник
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom