Парфеми

  • Креатор на темата Креатор на темата Devilish Angel
  • Време на започнување Време на започнување
Или тоа или ти никогаш не си го мириснал оригиналот од Полж затоа што во Македонија, од оригинали до копии се од Изет.

Сите познати парфимерии во МК, од пример на Шатци, Еликсир, Фабу спот итн продаваат оргинални парфеми.
 
Хммм... ист парфем купен од Солун, влегувам во Шатци се прскам, ни долготраен колку овој првиот, ни мирисот баш идентичен. Според мене во Шатци прават микс, имаат и оригинали, ама и некои сумливи.
Од Македонија парфем имам земено само од Белодоре и со него бев задоволен.
 
Хммм... ист парфем купен од Солун, влегувам во Шатци се прскам, ни долготраен колку овој првиот, ни мирисот баш идентичен. Според мене во Шатци прават микс, имаат и оригинали, ама и некои сумливи.

Не дека ги бранам Шатци, сеедно ми е, ама постои нешто што се вика batches т.е еден ист парфем зависи од датата на производство. Може да биде послаб, појак, со малку различни ноти (нешто одземено, нешто додадено).
 
Хммм... ист парфем купен од Солун, влегувам во Шатци се прскам, ни долготраен колку овој првиот, ни мирисот баш идентичен. Според мене во Шатци прават микс, имаат и оригинали, ама и некои сумливи.
Од Македонија парфем имам земено само од Белодоре и со него бев задоволен.

И во Белодоре се оргинали
 
Во сите нормални парфимерии се оригинали. Нормални парфимерии од тие горе наведените. Незнам само од каде ви се овие глупости со фејк парфеми во парфимерии на кои влакно од курот им е тоа што тебе ќе ти продадат парфем фејк. Имаш оригинални парфеми кои не се од парфимерии по многу пониски цени од тие таму. Ете на фб имаш група кај што се продаваат парфеми од човек кој продаава 3 цифрена бројка неделно
 
Тестерите кои демек траеле се во глобала ефтини реплики кои се често неиспитани содржински и може да ви наштетат.
Не се работи само за тестерите. На големо се прават или произведуваат фејк парфеми кои тешко се препознаваат и разликуваат од оригиналите. Секогаш е препорачливо да се купува парфем од парфимерија а не од сомнителни продавачи на интернет или било каде. На интернет им верувам само на Амазон затоа што можеш да им вратиш или замениш било каков производ ако не си задоволен дотолку подобро ако си prime member или во превод плаќаш негде приближно 40€ годишно за да имаш разни привилегии. Што не значи дека има и други чесни продавачи на интернет освен Амазон.
Важно е да се знае од кој парфем каков изглед или каква опаковка да се очекува, тежина на шишето, разни кодови и натписи што го карактеризираат оригиналот итн.
Еве конкретно за мојот парфем (EDP) Versace Eros Flame си докажав дека е оригинал преку батево кое се занимава со откривање на фејк парфеми. Можеби и некој од вас ќе си го препознае својот парфем и ќе си го најде видеото за да си потврди дека поседува оригинал.:)
 
Препорачувам ПДМ Лејтон за тој со гаќичките. :icon_lol: Може и во лето навечер, има некоја свежина. Рефлекшн исто добар, го пробав во Белодоре ама не е мој тип.
 
Се подновивме со 3 одлични парфеми, не можам да одберам кој ми прави повеќе мерак, ама ако морам би рекол Cuir Beluga, кој ми стана омилен парфем на база превртена кожа/кожа акорд, но за разлика од другите тука е скроз во позадина мека и префинета, нежна како свила, само малце колку да даде уникатен аспект на гурманската бурбон ванила база, поддржана од квалитена нота на смола, абе мислиш во рајот си.

Guerlain - Cuir Beluga

Creed - Aventus for Her

Goldfiled and Banks - Silky Woods

А богами и попуст од 15% на цела nice колекција :cool:

Aventus Spice and Wood ili pa reflection 45 spored vas decki .?

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Ako prodava nekoj dekant od Eros edt ili ima uste malku ostanato vo siseto neka mi pise.
 
Здраво дечки, имаме многу новитети на www.extravagance.mk, тука можите да ги разгледате најновите парфеми достапни за декантирање -

За било какви прашања или коментари ви стојам на располагање во порака на нашиот инстаграм профил - www.instagram.com/extravagance_mk.

Како и секогаш, тука ги имате најквалитетните декант шишиња со двојна заштита од истекување и кршење (сталени, со заштитна алуминиумска кутија), и со најдобра цена во Македонија.
 
Продавам Versace Eros EDT купен од сити мол(заборавив како се вика парфимеријата)
останати уште 50мл, гратис и неупотребен гел за туширање комплет
 
Attachments

  • DSC_0194.JPG
    DSC_0194.JPG
    2,6 MB · Прегледи: 31
Продавам Mont Blanc Legend Spirit. Има течност до црвената линија (на сликата).
Го продавам за 2000 ден. Купен е од Schatze во Т.Ц. Бисер. Цената во Schatze е 3660.

20230531_211304.jpg
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom