- Член од
- 9 февруари 2016
- Мислења
- 1.463
- Поени од реакции
- 3.601
Сега или парфемот симнува гаќи или е летен, не може двете
Сега има нов Авентус со метално капаче, цело црно, за кој има доста позитивни реакции во однос на перформанс. Исто така ако сакаш сличен мирисен профил, можиш да пробаш Nishane Hacivat, кој е многу јак со над 10+ сати проекција. Reflection е ок со трајност и проекција, но сосема друг стил, clean floral.@Psyside што мислење имаш за Creed Aventus vs. Amouage Reflection?
Авентусот има некако митски статус, најдобар машки парфем според неколку луѓе со кои сум зборел и плус од рецензии по респектабилни профили на интернет. Само истите тие, речиси без исклучок тврдат дека денешниот Авентус нема врска со првата верзија на парфемот од пред десетина години. Тврдат дека со секоја нова серија парфемот е се послаб и послаб, дека има изгубено некои од највпечатливите ноти од првата верзија и дека денес не вреди за парите кои ќе ги дадеш. Под една од тие рецензии најлајкуван коментар беше од човек кој вика дека би платил и дупло од денешната цена само да може да ја добие првичната верзија.
Шо пара е?Вреди за сите пари... Не го менувам бар наредни 3-4 години.
Ја за 80€ го најдов инаку се движи помеѓу 75-90€. Кој сака парфеми со овошни ноти во комбинација со ванила ова е прав избор според мене иако и првиот плавиот Версаче Ерос кој е за нијанса поскап можеби е малку појак иако според мене многу се слични.Шо пара е?
Јас имам пишано некоја страна на назад, зедов копија од Спајсбомб, истовремено декант од Спајсбомб, идентичен мирис, за 1200-300 вредеше, барем овој што го тестирав.Некој да сподели искуство со овие продавачиве на тестери на инстаграм. Постојано ми излегуваат реклами и по сторињата што ги објавуваат гледам многу задоволно корисници. Скептичен сум и доколку некој имал купено било каков (машки или женски) тестер од инстаграм страници би сакал да слушнам лично искуство, во врска со квалитето, услугата и долготрајноста.
Не, и малце уклучете мозок.Некој да сподели искуство со овие продавачиве на тестери на инстаграм. Постојано ми излегуваат реклами и по сторињата што ги објавуваат гледам многу задоволно корисници. Скептичен сум и доколку некој имал купено било каков (машки или женски) тестер од инстаграм страници би сакал да слушнам лично искуство, во врска со квалитето, услугата и долготрајноста.
Не знам што е смешно, јас му давам примет од прва рака, тестерот и декантот мирисаат исто, траат исто и имаат иста проекција, цената е различна.Не, и малце уклучете мозок.
Тестерот и обичниот парфем се иста работа. Само затоа што комерцијално е исклучен од продажба не значи дека ќе се продава за 1/5 од цената на парфемот, така ќе нема исплатливост самиот парфем да се продава.
Тестерите кои се продаваат може да се поефтини 10-15% од обичниот парфем и тие ги продаваат приватните набавувачи кои продаваат парфеми како прекупци, и тие што декантираат на помали милилитражи.
Тестерите кои демек траеле се во глобала ефтини реплики кои се често неиспитани содржински и може да ви наштетат.
Значи некој Изет од Турција во неговата колиба напраил парфемска формула иста како таа на Оливие Полж?Не знам што е смешно, јас му давам примет од прва рака, тестерот и декантот мирисаат исто, траат исто и имаат иста проекција, цената е различна.
Тој нека одлучи што сака да прави.
Или тоа или ти никогаш не си го мириснал оригиналот од Полж затоа што во Македонија, од оригинали до копии се од Изет.Значи некој Изет од Турција во неговата колиба напраил парфемска формула иста како таа на Оливие Полж?
Постојат огромни куќи - франшизи како Александриа, Армаф, Латафа, Афнан па дури и Зара, со професионални тимови и пак не можат да ги доловат во целост нотите на парфемите, така да муабетот ти нема везе.