Страст

  • Креатор на темата Креатор на темата leandra
  • Време на започнување Време на започнување
страста може да ти ја уништи љубовта туркајќи те во туѓ кревет.

Da moze da ja unisti dokolku te fatat, ali ako ne te fatat se moze da bide vo najdobar red pa taka da em tvojata strast zadovolena em ljubovta cveta i na nikogo ne e nanesena steta.:smir:
 
Како полесно ја контролирате страста,кога сте во врска со некого или кого особата која ви го „ дига моралот “ е во предбрачен филм?Уствари како воопшто ги контролирате тие нагони да не го искинете некој со се партали?
 
Одат и разделено.Љубовта е подолга од страста,но страста може да ти ја уништи љубовта туркајќи те во туѓ кревет.

Кој си седи мирен, мирна му е главата :)
 
страст чуствувам само кон партнерот и огромна љубов тој е за мене све не ни гледам други типци просто не ме интересираат :toe: го обожавам просто без него неможам да дишам многу ме привлекува а и неможам да чуствувам страст спрема некој ако не го сакам :uvo: така да овие две работи ми одат заедно
 
Страста,секогаш ми е на најдолно ниво...
Премногу сум затворена за да некогаш и се препуштам на страста.
Неможам и не смеам-тоа е мојата мисла.
Имамсо кого да делам страст,наоколу не ја барам.
 
Уф. Во принцип, како девица во хороскоп не ги искажувам емоциите во целост, па така и страста. Јас можам да се чувствувам најубаво на свет, но сепак да останам воздржана и ладна. Таква ми е психата едноставно.
Но и не во СИТЕ случаи е така.. :)
На пример, постојат личности со кои во никој случај не можам да останам рамнодушна, страста ме совладува и ништо не може да ме спречи да уживам. Се предавам. Чувствувам нагони на привлечност и додека личноста е покрај мене се губам во сето тоа...во сите воздишки и жешки бакнежи.. Неописливо :)
Инаку љубовта е дефинитивно посилна од страста, се поистоветува со неа, би требало да одат во пакет.. само тогаш се одразуваат како дупло уживање. :pipi:
 
Дали страста е посилна од љубовта?


Онаа забранетата (ако може така да се нарече) страст дефинитивно е појака од љубовта. Станува збор за онаа страст која ја чувствуваме кон некого, а тој е во врска/брак или пак јас сум во врска, сеедно. Е таа страст не покосува и не фрла наземи и ни го одзема разумот и се останато.
А страста во врската, со текот на времето спласнува, тоа е факт, не е како во првата година-две кога се јадете со поглед. Мада со труд и вложување во врската може да се одржува, но нема да е како онаа налудничава, почетна страст.
Е, проблемот е како да и одолееме, да ја контролираме или да и се препуштиме на таа забранетата.
Бидејќи сум во врска и си го сакам партнерот нема да си дозволам да ме заслепи страста (а сум ја почувствувала), да изневерам некого и после да си јадам од газот. Тоа е веројатно себеказнување и наоѓање разни препреки, само да не попуштам пред нејзината болна убавина. Ако сум слободна, е тогаш не размислувам- му се фрлам и уживаме додека можеме.Нема да постојат никакви морални препреки. А доколку во случајот он е у некаква врска, нека му ја мисли он.:sekss:
 
Чувство кое те покосува,те фрла на колена,ти го помешува расудувањето.Еден поглед,еден допир,фатална хемија ти го трга тлото под нозе.Погрешна перцепција на работите,обид за повлекување,борба со себе си,за еден бакнеж,за еден допир,капки по телото.Ниту љубовта неможе да и спротистави,целосно ти ги одзема мислите,сонот те гуши.Има краткотрајно дејство,но погубно.Ја посакуваш особата со целото битие,сакаш да ја допреш,тие усни,се проколнуваш.Замислуваш како те допира нежно со усните,го чувствуваш здивот на себе си,секој атом од твоето тело сака уште.
Но има и човек што го сакате,на кој страста фрла прашина.Карактеристиката на верност столб за одбрана и себеказнување?
Вие сте сами,но особата е во врска,полесно за реакција?
Сами сте,морален столб како препрека?
Ви се случила силна страст кон некого,реакции,стратегии за одбрана или див секс кој неможе да ви се повтори во животот?
Ахххх....
 
Страста,секогаш ми е на најдолно ниво...
Премногу сум затворен(а) за да некогаш и се препуштам на страста.
Неможам и не смеам-тоа е мојата мисла.
Имам со кого да делам страст,наоколу не ја барам.

Не знам зошто, но најмногу се препознавам во оваа мисла.
Најверојатно затоа што социјализацијата ме направила различен од животните.

За мене, љубовта е спој од четири компоненти (грубо речено):
РАЦИОНАЛНИ КОМПОНЕНТИ:
1. доверба
2. почитување

НЕРАЦИОНАЛНИ КОМПОНЕНТИ
3. страст / телесна привлечност
4. секс

Рационалните компоненти, сами за себе се доволни само кај пријателството и другарството (доверба и почитување). Тие зависат од нашите логички постапки, од нашата способност да умееме да се довериме и да ислушаме некој друг, неговите проблеми, маки, радости и среќа... Почитта е врв на социјализацијата и цивилизираноста на човекот. Таа значи вреднување на туѓите гледишта, а истовремено е толерантност кон различноста.

Нерационалните компоненти, сами за себе се доволни само кај промискуитетните и несоцијализирани човечки суштества, кои во последно време почнуваат да доминираат меѓу човековата популација. Хедонисти, проститутки, луѓе кои не знаат што е верност, луѓе кои не знаат што со својот живот, кои не знаат и не сакаат да искушаат, на кои единствена цел им е сексот и уживањето... и надежта дека преку него ќе се стекнат со материјална безбедност (уф, ми се слоши).

НО:

Кога овие компоненти ќе се спојат, вистинската љубов е неизбежна.
Е сега, од некаде мора да се почне за да се стигне до љубовта.
Најчесто, тоа е ... страста :wink: Тоа е кога со личноста се познавате некое време, а истото тоа чувство не се менува... Може и пријателството да резултира со љубов, но тука ризикот е страста да варира, да спласнува и да се разгорува.

Денес, и сексот (за жал) е основа за развој на љубовта, но како и сите останати компоненти, и тој е подеднакво важен и релевантен.

И колку само се согласувам со мислењето на леандра: Љубовта е подолга од страста, а страста може да ти ја уништи љубовта туркајќи те во туѓ кревет. :back:

Страст... најголема причина за неверство, уште од искона па наваму.
Но ако постои доволно доверба и почитување кон партнерот, никогаш нема да се дозволи страста кон друг/а да го помати умот, оти сепак сме рационални суштества, и нема да завршиме во туѓ кревет.

Ако првите две не се на доволно ниво, а страста се губи, подобро да бидеме искрени кон себе и партнерот/ партнерката и врската да ја прекинеме, барајќи некој/а кон кој/а сите компоненти ќе бидат присутни, бидејќи само на тој начин можеме да ја чуствуваме и живееме вистинската љубов.
 
јас ја победив страста и го достигнав ЗЕН-от(не тони)

поточно одбив да имам секс со особа со која имав порано но сега се омажи и не може...не бива:toe:
 
Да не сум чул више ни еден лош збор према страста. Па сите вие немаше да постоите ако пред икс години немаше разгорувачка, попалувачка, нозепресекувачка, гласно стенкачка страст помеѓу татко ви и мајка ви.
 
Страста нема премногу долг рок на траење. Штом исчезне помеѓу две личности, се што останува е пријателство и блискост. Ако некој може да се задоволи со тоа во ред, секој друг би се обидел да ја пронајде на друго место.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom