Како да се откажете од цигарите?

  • Креатор на темата Креатор на темата *princess*
  • Време на започнување Време на започнување
Ми треба помош и совети за тоа као да се откажам од цигари... ако знаете нешо поише пишете. Или пак као некој ваш близок се откажал ?! Сум пробуел на 100 начини и не ми успева. Стално у друштво иам некој тежок пушач и тоа не ми дава да проужам ,,здраво,,:wink: Постнете некое клипче, слика, к**ци палци да ми се отвори глаата :wink: фала однапред .


Пуши нешто друго :vozbud:
 
Ја па уште се вратив страница назад за да ги видам сликиве :nesvest:
 
јас имам слушнато (но не и пробано) да го намачкаш цигарот со кисело млеко или јогурт и да го осавиш да се исуши а после да го запалиш. Викаат имало грд вкус и немало да ти текне да пробаш цигара уште еднаш. Е сега колку е вистинити тоа не можам да ви кажам.
 
Совети не помагаат, треба цврста војла, желба и да се има цврст став. Кога ќе се каже не пушам и нема пушење, треба да се има свое јас, ако кажеш уште еден цигар, уште денес или уште оваа кутија, ништо не постигнуваш.

точно!!!!!!
 
Бев пушач и одамна не сум,советите се доби и слично на тоа што го правев јас кога се откажував.
Најбитно е да сакаш да престанеш и да си направиш свој план како ке престанеш-без инает нема откажување.
 
најдобар план (делува:pos2:)
заклучи се во соба едно 2-3 недели без цигари до тебе и воопшто негде во куќата/станот.
така напраив јас:pipi: еве сеа не пушам:helou:
 
Браво убво сте изнапишале, арно ама на никого не му текнало да ги напише, никотинските жлезди во грлото:toe: на никого нему текнало да ги запише тампературните разлики кој се јавуваат во белите дробови,кога ке заплиш цигара колку расне температурата во белдроните крила?? колку се задржува истата ,за колку време пага под нормалната телсена температура, и колку може некој да издржи без цигара кога ке опадне температурата во белите дробови,а секак тоа е последица на никотинот и катранот,е сега исто така заборавивте да напоменете дека пушењето нее само психолошка зависност туку и физичка,и нее потребна само јака воља и дека нее туку така едноставно непушам,доколку организмот создал потреба од цигарите за организмот доага како нормално атмосверско вдишување а знае ли некој низ каков стрес поминува човековото тело кога некој нагло ги остава цигарите ???
 
Некои луѓе имаат таков нагон што не можат едноставно со никаква метода да се откажат. Едноставно цигарата им е како дрога и мораат да ја зимаат. Жално но вистинито.


Па цигарата е ДРОГА .Нормално ....прочитај на кутија цигари :helou:

Целата зависност е од никотинот ..кој предизвикува голема зависност , само хероинот е појак во зависноста
 
незнам како да се отакажат ама ако имаш воља и ако си упорен ќе ги откажеш а јас еве пушам и немам запалено 5 дена цигара и цело време мислам на нив

а не палам зато што немам пари да си купам и сите пари ги фрлам на цигари
 
Јас не пушам ама можам да ви кажам татко ми како го откажа.. он пушел од 6 одд па се до 32 год и коа свати дека му сметаат реши да го откаже и тоа како......секогаш коа му се пушеше цигара земаше по едно луто бомбонче и му успеа ама сепак се разбира треба да имаш и цврста волја.И др работа што имам слушнато е дека ако успееш да се воздржиш едно 2 недели после самиот организам се навикнува без нив и дури осека одбивност ......така да пробај со бомбоните. СО СРЕКА !!!!!!!!!
 
Пуши ги цигарите наопаку. Откоа ќе истуриш црева нема да си пуши толку.:))
 
Може и така, или притисни таб и замисли желба!(чиста вистина):)


да, или препрати го ова на 1624 луѓе, замисли желба, стисни F5 два пати, погледни у мониторот.. и ќе видиш како ќе ги откажеш :pos2::pos2::pos2:
 
Тешко е у п.м.! Јас едвај ги оставив и тоа сум крајно загрозен случај (бев). Дури се осеќав како предавник што оставам нешто што сакам. Тоа ми беше главниот проблем: не ми беа навика, ги сакав. Уживав во нив (и уште ги сонувам, не дај Боже да видам некој на маса да пуши мои цигари), ко мало дете уште лиги што не ми потечат... Но! Успеав! Најважно е да биде во договор со дечкото/девојката или тој што си со него; инаку, тешко. Нема шанси да ти дими пред нос а ти нешто спартански да вежбаш дисциплина на ментални ќелии.
Уште нешто: постепено намалување е најдобар начин. Следната фаза е некупување цигари; во моменти на тешка криза дозволи си една да запалиш-поарно него да се испокараш со цело семејство. :smir:
И то...
 
Ја богами не ги откажувам, до коњец-слаб карактер сум (еден од оние три карактери што идеа низ шума, е јас сум четвртиот :vozbud:). Кафе, пивце...без цигара кафе не иде.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom