B
Blacks
Гостин
Ме инспирираше темата “Ги баталувам цигарите” па решив малце да погуглам и да најдам нешто што ќе им помогне на луѓето. Иначе и јас сум пушач и решив да ја следам оваа листа која ја најдов овде. Тука ја преведов листата на македонски
Со среќа во откажувањето!!
.
- Верувајте во себеси. Верувајте дека можете да се откажете. Помислете на некои од најтешките работи кои сте ги направиле во својот живот и сфатете дека ја имате храброста и одлучноста да ги откажете цигарите. Се зависи од вас.
- Откако ќе ја прочитате оваа листа седнете и направете ваша листа, прилагодена на вашиот карактер и начинот на кој ги правите нештата. Направете ваш план на откажување.
- Запишете си ја причината зошто сакате да се откажете (придобивките од откажувањето): ќе живеете подолго, ќе се чувствувате подобро, ќе биде подобро за вашата фамилија, ќе заштедите пари, ќе мирисате подобро итн. Знаето што е лошо кај пушењето и знаете што ќе придобиете ако се откажете. Запишете си го тоа на лист хартија и читајте го тоа секојдневно.
- Замолете ја вашата фамилија и пријатели да ве подржуваат во вашата одлука. Замолете ги да тотално да ве подржуваат и да не ве осудуваат. Пред време ги известите дека најверојатно ќе бидете нервозни па дури и ирационални додека се откажувате од пушењето.
- Одредете дата за откажување. Одлучете на кој ден ќе се откажете целосно од цигарите. Запишете си го тоа. Планирајте за тоа. Подгответе си го умот за помислата: “првиот ден од остатокот на својот живот”. Дури може и да си одржете мала церемонија кога ќе го пушите последниот цигар, или пак утрото на првиот датум на откажување.
- Зборувајте со доктор за откажувањето. Подршката од стручно лице е докажан начин да ги подобрите шансите во откажувањето.
- Почнете да вежбате. Вежбањето е просто не компатабилно со пушењето. Вежбањето ве ослободува од стресот и му помага на вашето тело да се опорави од штета предизвикана со години од пушење цигари. Ако е потребно почнете бавно, со кратки прошетки еднаш или двапати дневно. Зголемете на 30-40 минути ригорозно вежбање 3-4 пати неделно.
- Секојдневно практикувајте длабоко дишење околу 3-5 минути. Вдишувајте преку носот многу бавно, задржете го здивот неколку секунди и издишете преку устата. Пробајте да дишете со затворени очи.
- Замислете го вашиот живот како непушач. Затворете ги очите и почнете да се замислувате како непушач. Замислете се како уживате повеќе како во точка 7. Замислете како одбивате цигара ако некој ви понуди. Замислете се како ги фрлате сите цигари и за тоа како освојувате златен медал. Развијте некоја сопствена имагинација. Тоа помага.
- Почнете да ги оставате цигарите постепено (ако го изберете овој метод обавезно одберете дата кога сигурно и целосно ќе ги откажете цигарите). Постојат повеќе начини да се остават цигарите постепено. Еден од тие начини е да планирате колку цигари ќе испушите секој ден до датата кога целосно ќе ги оставите цигарите со тоа што секој нареден ден ќе пушите се помалку и помалку. Менувајти ги марките на цигари за да не уживате толку, давајте цигари на други за секојпат кога ќе сакате да запалите да мора да барате цигара.
- Најдете некој друг пушач којшто сака да ги откаже цигарите и помогнете си еден на друг со позитивни зборови и убедување да не се откажете од помислата на откажување ако некој попушти.
- Миете си ги забите често во денот. Уживајте како изгледаат вашите заби и одржувајте ги убави.
- Пијте многу вода. Водата е добра за вас како и да е а повеќето луѓе не внесуваат доволно. Помага во отстранувањето на никотинот и другите хемикалии од вашето тело.
- Дознајте што ја активира вашата желба за пушење. На пример стресот, после оброк, пристигање на работа, влегување во кафич итн. Планирајте алтернативни начини како да се справувате со овие ситуации.
- Најдете нешто што ќе го држете во раката и устата за да ги замени цигарите. Цевки за пиење се добра алтернатива.
- Напишете си инспиративна песна или поема за откажувањето, цигарите и што ќе ви значи ако се откажете. Читајте ја секојдневно.
- Цело време носете со себе слика на некоја личност која ви е многу важна во животот. На парче хартија запишете си: “Се откажувам заради тебе”. Залепете го ливчето за фотографијата и кога ќе посакате да запалите цигара извадете ја сликата и прочитајте тоа што сте напишале.
Со среќа во откажувањето!!
.