Дали лепите постери во вашата соба?

  • Креатор на темата Креатор на темата Мартин$
  • Време на започнување Време на започнување
Имам неколку...
 
не.. порано кога бев помала да... али сега ваљда или пораснав или ми стана поинтересно да шкртам по ѕидови
 
аууу лепев мнооогу ...ама сеа едино чат пат ако ми се засвиѓа некој така посебен да биде ке го залепам на врата....а на зидовите обожавам да цртам со креди во боја . пред месец и нешто имав нацртано школка и риби на едниот зид а на другиот плаѕбоѕ знакцето интересно бесе ..али ми искречија сеа :(... ..
 
Не сум лепел никогаш постери по ѕидови. Сум имал од списанија ама што знам некако никогаш не сум добил некоја желба да ми се излепени. До душа во стариот стан немав моја соба посебна, а сега веќе мислам дека сум голем за лепење постери.
 
Порано лепев, во основно. Сега не ми се свиѓа естетски како изгледа соба полна со постери, детинесто ми е. Имам само два цртежи (што ми ги црташе една другарка) и неколку Конверс налепници на еден помал шифоњер, онака симпатично и дискретно залепени, не се нападни.

Би можела да ставам некои 2-3 постери, така поголеми и урамени како слики, не од познати фаци туку некои убави фотографии.
 
Лепам и постери (јес да на пола од луѓето шо се на постерите не им знам ни една песна, али нејсе, убави се луѓето и убави се позадините на постерите..) , и разгледници, и уметнички слики (тие ги закачувам уствари :) ), и слагалици, и карти од концерти.. и не знам зошто, ама пак не ми е пренатрупана собата :pipi:
 
Кога бев помал лепев.. цела соба ми беше излепена со постери од моите омилени пејачи и фудбалери.. ама сега немам ни еден постер не лепам :toe:.
 
Лепеше сестра ми, лепев и јас. И како да не ги лепиш кога ги даваа во „Наш Свет“.
И на ништо не личеше собата, ама пусти мерак.
Сега нема ништо, буквално ништо. Само полици и виолетов ѕид. Милина :pipi:
 
Лепев порано ко помал и сеа не знам зш валда од мрза ни лепам ни ги вадам залепените па паѓаат 1 по 1 од ден на ден :D
 
тато не ме остават да лепам на ѕидојте,ама сите плакари ми се изналепени со постери ( 80% се од тоше )
 
Не гледам причина зошто родител не би ти дозволил да залепиш постер во СВОЈА соба.
Инаку имав до скоро, така некои поголеми (мега) постери, па скоро молерисувавме и ги тргнав ама ќе залепам пак :)
 
Порано лепев постери цртав по дзидови ама еден ден се одлепив дека имав тапети беа оштетени ги извадив и нив искречив собата и сеа имам неколку слики убави малецки, некоја карта од концерт :)
 
lol.

Не ми требаат постери. Не оти ќе ми служат за нешто. Собата ја користам за спиење и за на компјутер, па не би ги ни погледнал. :)
 
Ехее порано собава ми беше исполепена што со постери што со цртежи,логоа од бендови,и секакви глупости,ама направивме пожар со сестра ми,па мораше пола да се фрлат.
Инаку,глупо ми е цела соба со постери,си имам само неколку,и тоа јас не си ги рачунам за постери,тие ми се плакати за почит кон бендовите :pipi: и тие ми спаѓаат во моето богатство,у тестамент ќе ги пишувам :)
И имам залепено и два извадоци од списанија со музичари што ги поштуем.
А сестра ми у нејзиниот дел си има закачено огромно знаме од ГНР,поточно од Аксел Роуз,и има еден Офсајд ѕид до пола и друг ГНР ѕид до пола.
Не се лепиме цели со постери,не личи.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom