Кладилница

  • Креатор на темата Креатор на темата GrouchoMarx
  • Време на започнување Време на започнување
На кучиња најбрзо и најлесно се праат пари, еднаш за пола саат стигнав до 1000ка со 100 денари, но исто така и најбрзо се губат, после за 15 минути отидов у минус 100... битно ги истрчав кучињана саат време :)
 
спортска се игра од курташак, секој што мисли ќе се збогати се заебал гадно.... ако веќе играш со план да се збогатиш, боље иди мавај на апарати или рулет :toe:
 
Нема леб ни од спортска ни од апарати ни од рулет. Бар за мене зборам па сеа некој ако му се посреќило блазе си му.
 
спортска се игра од курташак, секој што мисли ќе се збогати се заебал гадно.... ако веќе играш со план да се збогатиш, боље иди мавај на апарати или рулет :toe:

Ај, постов ти е фаталистички. Познаваш некој кој се збогатил од апарати или од рулет? Јас не иако половина од моите другари по цел ден киснат во Астра и работата е - денес ќе добиеш 5,000 утре ќе оставиш 5,500. Лош совет ти е ова.
 
Точно, ретко се искача со позитива од казино а и кога ке искочиш едноставно МОРАШ пак да се вратиш назад, и кога тогаш ке ти отидат и тие пари што си ги добил.
 
Ај, постов ти е фаталистички. Познаваш некој кој се збогатил од апарати или од рулет? Јас не иако половина од моите другари по цел ден киснат во Астра и работата е - денес ќе добиеш 5,000 утре ќе оставиш 5,500. Лош совет ти е ова.

да али таму со сигурност или ќе се кренеш или одиш банкрот, иако второво е поверојатно... од спортска ништо не праиш, само за забава, никогаш не сум се нервирал ако ме заебела една... апарати/рулет на некој начин ти е играње кладилница али само што не чекаш
 
Ок, како сакаш. Мене ако ме слушаш БЕГАЈ ОД ТАМУ. Не ти зборам за инает, ти кажувам од искуство сум гледал другари кои на почеток збореле исто како и ти но после некое време ми плачеле пред врата за пари на заем.
 
хеехе друже, не сум почетник, прв пат влегов во Астра/Сенатор пред околу 2-ипол години и точно знам како иде таа работа... не сум тежок коцкар, и не сум зависен од тоа... кога ми е ќејф си играм со не толку голема сума 500-1000... порано бев многу навлечен али сеа и тоа ми одмили, 2 пути месечно дали идам.

иначе за разонода, спортска е боље работа, али да останеш само на тоа
 
За разонода дефинитивно е подобро спортска пошо релативно поспоро се губат пари таму.
 
хеехе друже, не сум почетник, прв пат влегов во Астра/Сенатор пред околу 2-ипол години и точно знам како иде таа работа... не сум тежок коцкар, и не сум зависен од тоа... кога ми е ќејф си играм со не толку голема сума 500-1000... порано бев многу навлечен али сеа и тоа ми одмили, 2 пути месечно дали идам.

иначе за разонода, спортска е боље работа, али да останеш само на тоа

Како и да е, ти посакувам многу среќа.:smir: И утре Јувентус - Милан - 1-0 точен резултат ја уплатив на 150 денари чекам 1,000. :pos2: Пробај и ти, може ќе излезе.:smir:
 
Не играм баш често, еднаш - два пати месечно и не играм на толку големи суми него од 600 - 2000 највеќе....
 
Па може да се каже дека играм често,кога играат атрактивните лиги,ЛШ и по некој пат ако ми кажат некоја намештаљка!
 
Многу оскудно си ја поставил темата.:smir:
Има доста за кажување за оваа завист кај луѓето,посебно оние кога барем еднаш ќе добијат.
Јас се обложувам не секогаш,понекогаш.
И имам добиено два-три пати.:vozbud:
Сите ние го имаме барем малку она коцкарското.Било машко или женско.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom