Излегување посебно

  • Креатор на темата Креатор на темата Fortune
  • Време на започнување Време на започнување
Можеби на почетокот додека стекнам доверба во него би ми пречело, ама после не, можеби ќе ме копка нешто ама сепак би оставила, ако ме сака нема да направи глупост, ако не ме сака, тогаш не ми ни треба... Али во никој случај не би отишла „случајно“ на местото кај што е он... Значи, не ми пречи воопшто, а и не сакам на него да му пречи кога јас ќе сакам да излезам со другарки...
 
Зашто да не се излегува посебно? не гледам ништо лошо во тоа. Врската треба да се базира на доверба. Така да не би требало на некој да му смета тоа што она ќе искочи со друштво од средно на пример. Ако сум сигурен во она што го осеќа за мене тогаш и Бред Пит нека ја вика на кафе. Јас за мене си знам дека не би направил нешто со што би ја изгубил довербата од девојката што ја сакам.
 
Одлично, многу добро, 4+:pipi: Секако, чат-пат, да се надише човек, за да не се угуши.
 
Искрено зависи, точно е тоа дека вистински можам да ја доживеам врската ако оде слоу и постепено. Ама ,ако е , да кажам една навика на повеке од тоа, или приспособување на партнерот у овај случај па нормално дека ме интересира дека е , со кој е ,шо праве, мисле ли на мене...и така
Ако имам доверба и исто и он ,не ми е проблем тоа некогаш и посебно да си излеземе, дури и добро е така некогаш малку промена, малку слобода...
 
Сум имал живот и пред да бидеме заедно, не треба тоа да се фрли одеднаш на страна па после раскинување да трчаш пак кај другарчињата
 
Нормално е некогаш да сакаш да излезеш со друштво, другарки...без него.
Па немора нон-стоп заедно да сте цело време. Напротив, сметам дека е и глупаво тоа. Имам целосна доверба и мирна сум.
 
Доста често ова се случува... Па и дечкото и девојката (ако се нормални) имаат свои друштва со кои сакаат да си се гледаат. Ги имале и пред да бидат заедно и, ако се вистински пријатели во прашање, ќе ги имаат и ако тие двајца не се заедно.

Е сега, едниот партнер да му го ограничува гледањето со другарите/другарките на другиот партнер е во најмала рака себично. Тоа е како да му кажете дека не смее да се слуша по телефон со други луѓе, ако тој не е присутен, за случајно да не разменува љубовни изјави со други.

На крајот на краиштата, не се работи за тоа што прави еден од партнерите со другите луѓе, туку дали другиот партнер со тоа може да живее и да го издржи. Значи, теоретски, едниот партнер може да има милијарди сексуални искуства со исто толку други луѓе, а взаемната врска меѓу двајцата „заљубени“ да функционира, ако другиот тоа го толерира. Пример? Никола Саркози и Карла Бруни (погодете кој има милијарда искуства).

Со други зборови: сè е договор, сè е интерес.
 
Се сложувам излегување посебно секој со своите друштва.Иначе онака не дека не е убаво али ипак па не сме венчани ностоп да се влечеме натака навака со него.А и што ке се случи ако не излегуваме со друштвата и после ако раскинеме ке биде многу тешко пак да се вратиш кон она што си го отфрлил.Така да добро е да се избалансираат и двете работи и со него и со друштво:toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom