Семејно стебло

  • Креатор на темата Креатор на темата rossonerka
  • Време на започнување Време на започнување
Темава треба да се врати во живот. 3,2.1...

Според сеќавањата како што одат најдалеку - немам ниту еден предок надвор од Македонија.

Татко ми - Скопје (живеел во Дебар Маало до 2ро одделение па после Ѓорче Петров)
Дедо ми и баба ми - С. Стенче (Тетовско/Гостиварско)
Прадедовците и прабабите исто од истото село Стенче.
(да споменам дека е направено и подолго стебло од ова и испаѓа дека цело село е преселено од некаде од Матка, пред 500 години, незнам поради која причина)

Мајка ми - Скопје (цело време Ѓорче Петров)
Дедо ми - роден во Струмица, кога неговите биле на гости кај роднини некои,, али цел живот растен во Скопје во Ѓорче Петров
Баба ми - Ново Село (Скопско, она кај Ѓорче)
Од кај дедо ми, мајка му родена во Лазарополе а татко му во Гари (двете села се Мавровски/Дебарски/Рекански незнам баш точно) но живееле во Ѓорче Петров
Од кај баба ми, татко и од Булачани (Скопско) и мајка од Визбегово (Скопско) а живееле во Ново Село.

Сакам да направам подолго стебло и од двете страни, но мислам ќе биде многу тешко зашто треба ептен информации да барам (посебно од кај татко ми, зашто и така 500 години информации не е малце но сакам повеќе)

Е сеа, зашто еден човек од селото на дедо ми и баба ми од татко ми страната, направил историјат на цело село, направил и повеќе семејни стебла. Па испаднаа повеќе интересни работи пример како тоа дека далечен роднина пример ми е Бучковски :pos:
 
И јас сум бааги измешан :) .
Дедо ми од на мајка ми страната како и неговата мајка и татко се од Прилеп.
Баба ми од на мајка ми страната и нејзините родители се од Велес.
Дедо ми и баба ми од на татко ми страната се од Штип.
Поради преселбата на баба ми и дедо ми од на мајка ми страната во Штип поради тоа што дедо ми одбрал да работи во штипскиот здравен дом, мајка ми е родена во Штип. Јас сум роден во Штип и сум штипјанец :) .
 
Една баба моја правеше знам книга за нашето семејно стебло, знам собираше податоци. Ако некогаш ја заврши дури е жива, че објавам тука податоци. Јас од тоа шо знам е дека прабаба ми и прадедо ми по дедо ми, на татко ми татко, се од Прилеп. За другите немам други информации.
 
Реанимација на темава...

Јас се кладам со жива глава дека можеби 80% од денешните Македонците не знаат какво потекло имаат и се тотално незаинтересирани. Јас неодамна изразив желба за моите корени и до сега стигнав до 19 век во кој сум сигурен со документи дека во периодот од 1840 па до 1905 мојот прапра дедо Младен и неговата жена Цвета имале 4 деца и живееле во скопско-кумановското село Бучинци. Селото е исто така едно од ретките села кој нема доселеници и за самите жители, вкупно 9 родови се смета дека се староседалци. Сега сум во потрага на кој род спаѓа мојата фамилија а за тоа да го откријам планирам да ја набавам книгата „Енциклопедија на селата во Република Македонија“ од Митко Панов кој сигурен сум дека ќе ми одговори многу мои прашања. Доколку е точна оваа теорија дека селото немало доселеници, тогаш себеси се сметам за вардарски македонец. :)
 
Мојата етногенеза пишана и аудиовизуелна документирана :D
 

Attachments

  • 1.JPG
    1.JPG
    39,1 KB · Прегледи: 52
Дедо ми потекло од Унгарија,а ја наога баба ми во Австрија и се доселуваат во Загреб па се преселуваат во Белград во Кралство СXС,пази сеааааааа.......Татко ми е роден во Загреб???????...По наговарање на негов пријател кој е авантуриста и ја шета Македонија која за жал во тој период се вика Вардарска бановина,го наговара да се пресели во Скопје.....Со фамилијата се сели во Скопје,и отвора кројачки дукан кој бил лоциран некаде кај денешен ГТЦ...

Втора Световна Војна го затекнува во Скопје.Имаат кука каде е паркингот на МНТ сега.Задоен со пролетерските идеи учествува во војната која ја дочекува со чин капетан.За жал не се активира во воена служба,туку се врака дома.Куката е срушена и добива стан во зградата која е срушена за време на Скопскиот земјотрес 1963-та локација веднаш спроти денешна Градска болница......По земјотресот добиваат барака во Тафталиџе.....

Работи во Гранд Хотел или сегашен Холидеј Ин како шеф на ресторанот.Како дете ми беше најомилено место за слатки:);)......

Баба ми беше школувана жена која работеше во архивот на Македонија како преведувач од германски и англиски јазик.Секогаш не пречекуваше со благо од смокви и чаша вода.Знаеше да свири на клавир и понекогаш даваше часови на студентите од Музичкото училиште....

Двајцата зборуваа чист литературен јазик,но кога ке требаше нешто да се каже,тогаш зборуваа на германски:)........

А од на мајка ми страната знам дека е по потекло од Русија,и тоа малечко место блиску Москва.Доага како член на делегација на тогашниот СССР во официјална посета на Скопје по повод на годишнина од Скопскиот земјотрес.И опаааааааааа,му влегла мајка ми у радарски домет,или како што знаеше да се пошегува.......со тоа летното фустанче и голите рамења изгледаше како балерина:):):).........

И љубовта тргнала.Прво со писма,па после со повеке писма;);),за на крај да се спакува мангупот и да ја опраи за СССР.Отишол таму држ не дај,на авион и дома........

И here I am:pos::pos:......Македонец 1000000%:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:

Македонец ама и Скопјанец до коска тоа сум сигурен.Навивам за ФК Вардар,ама за баскет извинете ме МЗТ во душа,стар Аеродромец од 1979-та......

Моето семејно стебло.Сопругата се чудеше која во пописот се пишав Македонец.Ми вели...Од каде ти Македонец????И велам сега ке ти објаснам....

Роден во Македонија??Да...Живеам во Македонија??Да...Имам Македонско државјанство??Да...Е па што сакаш повеке и велам?......:):):)

Убаво е да секој си ја познава својата фамилијарна лоза.Тука нема ништо лошо....Сервус
 
Случајно налетав на темава, па сакав да помогнам троа: за сите кои сакаат да одвојат малку време и да направат семејни стебла, има многу добар сајт за таа намена:

http://www.familyecho.com/

Јас имам направено семејни стебла на сите 4 фамилии: 2 од страната на татко ми (по баба и дедо) и 2 од страната на мајка ми (по баба и дедо). Штета што имам оставено многу полиња со прашалници, зошто на голем дел од моите втори и трети братучеди па и внуци, особено од страната на татко ми не им ги знам ни имињата. Еден дел од нив се во Скопје, но поголемиот дел се во Смедерево и на други места низ Србија. Корените од страната на мајка ми водат најдалеку до моите пра-пра-баби и пра-пра-дедовци, а од кај татко ми - само до прабабите и прадедовците.
 
Мојот прадедо кој патем сеуште е жив и има 96 години , има документ од неговиот пра пра дедо кој е роден при крајот на 18 и почетокот на 19 век , незнае точно која година , и има слика нацртана од него , некој уметник во Германија го насликал во далечната 1840та.
 
Мајка - Скопје
Баба - с. Долгаец (Прилеп)
Дедо - стар Скопјанец
Прабаба - Скопје
Прадедо - Скопје

Татко - Пловдив, Бугарија
Баба - Кузњецк, Русија
Дедо - Пловдив, Бугарија
Прабаба - Кузњецк, Русија
Прадедо - Македонец што живеел во околина на Пловдив во Бугарија.

Јебем ти гени...
 
66129_10151624314606026_495688051_n.jpg
 
А знае ли некој како иде тоа со имињата пример: татко, дедо, прадедо, прапрадедо и после како се нарекуваат?
 
.......„..Цртаваа, гледавне колку што знам ама ич не се скопски. Тоа шо твоите зборубале дома така,
само потврдува дека и тие биле дојденци, т.е. провонцијалци од пичке материне. И ти најде да изиграбаш скопјанец. Свашта!“
-------------препис од Лангелинче
а само што сакав да одам до матично и да побарам,до душа со посмртниците од мојте предци, нешто за стеблото.ама еве тоа кај ме прати Лангелинче да одам и ми го покажа правиот пат.
А каде се тоа само наоѓа да ми е да знам,на север или север-северозапад.

langelina
Член од:
6 јули 2011
Мислења:
3.238
Допаѓања:
----------------------------------------
па ај нека каже, ете од мене и подарок ќе добие (Велигденски)
 
Во свет се води Семејно стебло во Матично, дури има и документи, а кај нас оставинските постапки се кому иде, често се случува да не пријават некој наследник, па после има повлечи потегни...
Туку едно ИНТЕРЕСНО прашање, што ако Склопат Брак 2 лица со ИСТО ПРЕЗИМЕ а НЕ СЕ во никакво сродство ????
Ова е можно кај чести презимиња, но немам сретнато оваков случај ,,,,
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom