Семејно стебло

  • Креатор на темата Креатор на темата rossonerka
  • Време на започнување Време на започнување
Мајка - ресенчанка од мајка од с. Лева Река (Преспа) и татко од с. Златари (Преспа), преселени во Ресен на почеток на брак.

Татко - скопјанец од мајка прилепчанка и татко скопјанец (стар да, и без коментари дали постоеле стари скопјани или не, живи ја)

Се на се, мешано дете сум бил јас...троа селско, троа градско...ама македонче - и то чисто ко солза :)
 
Во селото кај шо живеат баба и дедо имаат направено книга за сите жители што се таму и кој од каде потекнува све.. така да преку то видов дека сме многу стара фамилија:pipi:
 
баба ми и дедо ми од страна на мајками,и мајками се од Strzegom-Полска.
баба ми и дедо ми од страна на татко ми,и татко ми се од Рајчица-Дебар.
 
баба од на татко ми страна:охриѓанка од татко и мајка охриѓани
дедо од на татко ми страна:велешанец од мајка и татко велешани
баба од на мајка ми страната:егејска македонија,воден
дедо од на мајка ми страната:егејска македонија,пожарско
татко:велешанец
мајка:потекло од егејска македонија но родена во куманово
јас роден во велес- влечам потекло од секој град у македонија :pos2:
 
Јас сум шеста генерација од Прилеп !Ми се здосади !!
 
Дали го познавате вашето семејно стебло?

Колку навистина ги познаваме нашите предци? Или сите сознанија завршуваат кај прабабите и прадедовците, ако воопшто и нив ги знаеме. Кои се, од каде потекнуваат, со што се занимавале? Не сте се запрашале некогаш?

Многу малку, за жал... Не само предците туку и подалечните роднини... И сакам да ги знам, ама ете, не сме од ист град, па и семејни проблеми, и не ги знам сите... Мразам што е тоа така, зашто семејството е најбитно, тие секогаш остануваат покрај се...
 
баба од на татко ми страна, прилепчанка, нешо аптекарка, а у
дедо од на татко ми страна, охриѓанец, појма неам шо работел ама знам дек и тој играл билјардче во слободно време
баба од на мајка ми страната од егејска македонија, та домаќинка си била, деца си чувала
дедо од на мајка ми страната од егејска македонија, а шо работел точно нз нешо со коли знам механика ова она
татко, охриѓанец во ЕВН работит и тој билјард играл ко помлад
мајка, скопјанка (која комбинација...) и работит во завод и музеј Охрид
и јас мн нормално родена сум во најубајов град Охрид (ко шо приметивте по акцентов) и ја продолжив традицијава со играње билјардче :pipi:
 
Дали го познавате вашето семејно стебло?

Колку навистина ги познаваме нашите предци? Или сите сознанија завршуваат кај прабабите и прадедовците, ако воопшто и нив ги знаеме. Кои се, од каде потекнуваат, со што се занимавале? Не сте се запрашале некогаш?

Имам тапии плус вујко ми има напишано до 8 колено значи јас деветто тоа е супер кој со кого се си знам уште кога и каде хмм:pos2::pos2: а од кај татко ми до прадедо и прабаба и толку
 
Тато - Прилеп
Дедо - Прилеп
Баба - Радовиш

Мама - с. Подмол (Прилепско)
Дедо - с. Подмол (Прилепско)
Баба - с. Подмол (Прилепско)

:back:
 
за по таткоми знам све за пра пра дедовците голема фамилија Лопатаровци ги знам луѓето повеќето како се викаат купиле село тие....се занимавале со пушки такви ствари потекло иначе од Папрадиште-велешко а селото шо го купиле од турците се вика Плевење:back:
 
Македонското стебло пуштило толку јаки корења, што се изврзале длабоко во земјата, цврсто како папочни врвци кои не се кинат ни по никнување. Среќа што почвата е плодна и незагадена, па сме здрави и јаки.
 
Е ова лето се позанимавав со оваа тематика и напишав цела тетратка од семејното стебло.
Од страната на татко ми сум си чисто Македонче уште од пра пра дедо живееле во Овче Полија во близина на Св.Николе.
Од страна на мајка ми па влечам некои си стари Скопски корени :smir:
 
И од двете страни сум чисто македонче...без никакви примеси
Замислете мојот прапрадедо организирал востание :toe: да не ослободи од турското робство :icon_lol::icon_lol::icon_lol:
 
Од таткоми страната незнам ама баш ништо, додека од кај мајками семејството е старо околу 400 години, и баш во СРбија водат евиденција и сум се зачудил колку само будали потекнуваат и кои се предци ми биле од тоа семејство.
 
Баба ми (по тато) потекнува од Италија
Дедо ми од Мк
Мајка ми е од Македонија
така да и јас усм мешана :vozbud:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom