PayPal (официјална тема)

  • Креатор на темата Креатор на темата Oblivion
  • Време на започнување Време на започнување
И мене таму ми отиде паметот. Прашав да не треба да ја исчекам старата до недела целосно да “згасне“, да влезе новата у оптек и ќе се среди работата?! Тој на шалтерот ме гледаше како теле у шарена врата..

на некој картици мора да направиш една транскција на банкомат за да се активира на пример па после тоа може да се корсити онлајн
 
И мене таму ми отиде паметот. Прашав да не треба да ја исчекам старата до недела целосно да “згасне“, да влезе новата у оптек и ќе се среди работата?! Тој на шалтерот ме гледаше како теле у шарена врата..

Е па со право те гледал како теле у шарена вода, бидејќи сегашната картичка ти истекува на последниот ден од месецот запишан на самата картичка.

Ако на картичката пишува дека е валидна до 06/18, тогаш значи картичката истекува на 30 јуни 2018, а веќе наредниот ден станува активна новата картичка која си ја извадил.

Убаво е да се однесе автомобил на предвремен технички преглед, но старата регистрација и понатаму си важи до месецот одбележан на самолепливата налепница која се залепува на ветробранското стакло, па затоа не брзај со лепење на новата самолеплива налепница која ќе важи наредните година дена.
 
Па јас тоа и го прашав конкретно, а оној ми врати - Може ќе е до тоа, а може и не. Најарно прашај си некој другар шо се разбира повеќе од пејпал.
 
Еве за 5 дена од сега ќе биде 1 јули 2018, па ќе си тераш со новата картичка.

Ова нека ти послужи како лекција за во иднина - ако ти издале нова картичка тоа не значи дека старата повеќе не е важечка. Старата картичка истекува на последниот ден од месецот запишан на самата картичка.
 
Која лекција бре сине дај олади?! Шо пешачев 2 мин до НЛБ? Или шо на форум “не дај боже“ поставив прашање околу проблем??

Куул е ако е до тоа и само по автоматизам се реши до недела. Не ми менува многу. Него друга заебанција да не е..
 
Не е друга заебанција, и нема зошто јас да оладам, ти си требал да оладиш малку повеќе на тие две минути до НЛБ Банка. ;)
 
Здраво дечки ,помош до поинформираните што имам проблем ,имам акаунт од пајпал и од ебај уште пред една година и без си нарачувам и после обновување на интернет картичка виса електрон од СБ со истиот број но со нов ССВ код и нов датум на важност и сга не можам ништо да вршам плаќање и дали има некои нови политики на пајпал или ебај или нешто сменети процедури ??

Sent from my iPad Air 2 using Tapatalk
 
Треба да ја внесеш и да ја валидираш новата картичка на твојата PayPal сметка.

Постапката за валидација е иста како и кај претходната картичка.
 
Направив и така ,и пак не бива друго нешто што сум пропуштил? А дали има врска околу политика за приватност?

Sent from my iPad Air 2 using Tapatalk
 
Направив и така ,и пак не бива друго нешто што сум пропуштил? А дали има врска околу политика за приватност?

Sent from my iPad Air 2 using Tapatalk

Дали воопшто имаш пари на картичката ? :D

Шегата на страна, ако Интернет шопингот го правиш преку апликацијата, а не преку самиот веб сајт, пробај преку самиот веб сајт да купуваш.

Во спротивно, отстрани ја картичката од PayPal сметката и подоцна додај ја повторно, па валидирај ја повторно. Не ми текнува на друга причина зошто би го имал проблемот.
 
Ќе пробам така како што велиш?!

Sent from my iPad Air 2 using Tapatalk
 
Ќе пробам така како што велиш?!

Sent from my iPad Air 2 using Tapatalk

Па имаше некои членови кои се жалеа на темава дека не им дозволува да купуваат од веб сајтот, но им дозволува да купуваат од апликација и обратно - дека не им дозволува да купуваат од апликација, но им дозволува да купуваат од веб сајтот.

За жал нема конкретно докажано решение за твојот проблем, ќе мораш да експериментираш со едно, друго, трето решение... додека не ти се реши проблемот.

Ма да мој совет ти е да ја контактираш службата за технички прашања на PayPal доколку не ти се реши проблемот со отстранување, па повторно внесување и повторно валидирање на картичката, би требало да ти помогнат, за тоа и постојат - за решавање на проблеми околу PayPal.
 
Ми треба некој да ми извади 4 цифрена сума во долари поделена на повеќе трансакции. Пишете ми ако имате верифициран пејпал. Ќе имам за вадење често и нормално ќе има провизија за вас
 
ne
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom