*princess*
..SiMpLy GorGeOuS..
- Член од
- 17 февруари 2008
- Мислења
- 747
- Поени од реакции
- 21

Без разлика дали е лето или зима, ако се грижите и го одржувате надворешниот изглед и се цените доволно себеси, тогаш не смеете да ги пропуштате грижите за стапалата. Верувајте дека тие кажуваат многу за една жена.
Да погледнеме на обувките. Тие се првото нешто на што треба да обрнеме внимание ако не сакаме да имаме напукнати пети. Секогаш одбирајте комфорни чевли. Знаеме дека многу често ние жените сме склони да ја претпочитаме убавината пред комфорноста иако сме свесни дека тоа може само да ни донесе неудобност и да ни го направи денот ужасен. Погрижете се да избирате само обувки од природна кожа, иако се поскапи. Купете еден пар квалитетни отколку неколку пара евтини а не удобни.
Од преголемото оптеретување на нозете од неквалитетни, тврди чевли се појавуваат груби делови во областа на петите и прстите. Ако сепак обожавате чевли со висока потпетица користете меки перничиња кои се ставаат на предниот дел од стапалото.
Ексфолирајте ги нозете барем еднаш неделно. За да го спречите образувањето на груба кожа и тврди делови, неопходно е да ги триете петите и предниот дел со каменче или со гел за нозе со ексфолирачко дејство кој може да го купете од секоја аптека и тоа по поволна цена.
Тврдите делови не се ништо друго туку натрупување на мртви клетки кои треба да се отстранат за да остане само нежната и мека кожа. Ако дозволите да станат многу тврди отстранувањето не само што ќе биде тешко, ќе биде и скоро невозможно.
Затоа посветете му доволно внимание на нозете после тешкиот работен ден. Бидете сигурни дека тоа ќе е повеќе од пријатно а не досадно.
Негувајте ги стапалата додека сте дома. Можеме многу лесно и брзо да си направиме бања во домашни услови. Нема потреба од специјална кадичка иако таа многу ја олеснува процедурата. Ако немаме, може едноставно да налееме топла вода во соодветен сад и да ставиме во него сол за када или за нозе. Одберете арома според расположението или ефектот кој што сакате да го постигнете.

Во случај ако имате проширени вени за оваа цел користете медикаменти но не верувајте на козметичките серии за таа намена туку одберете продукт од аптека или ако е потребно консултирајте се со лекар.
Колку вие се грижите за вашите стапала? Дали можеби тие се делот од вашето тело на кој најмалку му обрнувате внимание........Тие многу прават за вас во текот на денот, затоа не двоумете се да им возвратите со мала нега...Напротив,тие ќе ви бидат благодарни.......Можете да наведете и некој ваш трик за подобра нега :smir: