Водите ли грижа за вашите стапала?

  • Креатор на темата Креатор на темата *princess*
  • Време на започнување Време на започнување

*princess*

..SiMpLy GorGeOuS..
Член од
17 февруари 2008
Мислења
747
Поени од реакции
21
stapala.jpg
знаете ли дека малите детали ја прават една жена вистинска дама.
Без разлика дали е лето или зима, ако се грижите и го одржувате надворешниот изглед и се цените доволно себеси, тогаш не смеете да ги пропуштате грижите за стапалата. Верувајте дека тие кажуваат многу за една жена.
Да погледнеме на обувките. Тие се првото нешто на што треба да обрнеме внимание ако не сакаме да имаме напукнати пети. Секогаш одбирајте комфорни чевли. Знаеме дека многу често ние жените сме склони да ја претпочитаме убавината пред комфорноста иако сме свесни дека тоа може само да ни донесе неудобност и да ни го направи денот ужасен. Погрижете се да избирате само обувки од природна кожа, иако се поскапи. Купете еден пар квалитетни отколку неколку пара евтини а не удобни.
Од преголемото оптеретување на нозете од неквалитетни, тврди чевли се појавуваат груби делови во областа на петите и прстите. Ако сепак обожавате чевли со висока потпетица користете меки перничиња кои се ставаат на предниот дел од стапалото.
Ексфолирајте ги нозете барем еднаш неделно. За да го спречите образувањето на груба кожа и тврди делови, неопходно е да ги триете петите и предниот дел со каменче или со гел за нозе со ексфолирачко дејство кој може да го купете од секоја аптека и тоа по поволна цена.
Тврдите делови не се ништо друго туку натрупување на мртви клетки кои треба да се отстранат за да остане само нежната и мека кожа. Ако дозволите да станат многу тврди отстранувањето не само што ќе биде тешко, ќе биде и скоро невозможно.
Затоа посветете му доволно внимание на нозете после тешкиот работен ден. Бидете сигурни дека тоа ќе е повеќе од пријатно а не досадно.
Негувајте ги стапалата додека сте дома. Можеме многу лесно и брзо да си направиме бања во домашни услови. Нема потреба од специјална кадичка иако таа многу ја олеснува процедурата. Ако немаме, може едноставно да налееме топла вода во соодветен сад и да ставиме во него сол за када или за нозе. Одберете арома според расположението или ефектот кој што сакате да го постигнете.
stapala1.jpg
Поминете ги целосно стапалата со камче за триење, но не треба да претерувате. На тој начин ќе ги отстраните мртвите клетки и ќе и помогнете на новата кожа да биде мека и нежна. Потоа потсушете ги со мека крпа и задолжително намачкајте ги со хидратантен крем. Не можете ни да замислите каков ефект може да има таа кратка и забавна процедура за целото тело. Може дури да ги ставите стапалата на ѕидот до креветот и да им направите мала масажа со тоа што ќе ги триете со раката свиткана како тупаница од кај прстите на кај петите.
Во случај ако имате проширени вени за оваа цел користете медикаменти но не верувајте на козметичките серии за таа намена туку одберете продукт од аптека или ако е потребно консултирајте се со лекар.


Колку вие се грижите за вашите стапала? Дали можеби тие се делот од вашето тело на кој најмалку му обрнувате внимание........Тие многу прават за вас во текот на денот, затоа не двоумете се да им возвратите со мала нега...Напротив,тие ќе ви бидат благодарни.......Можете да наведете и некој ваш трик за подобра нега :smir:
 
Не се грижам многу ...
Искрено кога навечер си мијам нози си ги мијам и толку незнам друго што да им правам :)
 
Лакирај ги :P

шо да прајш доста е да не ти смрдет тебе а за женско друго е
 
Лакирај ги :P

шо да прајш доста е да не ти смрдет тебе а за женско друго е

Во право си за машко е друго за женско друго ајде девојчиња кажете нешто што им правите на вашите стапала :pos2:
 
јас гледам да не ми мирисет на лав и да не ми се како канџи ноктиве :smir:
 
јас гледам да не ми мирисет на лав и да не ми се како канџи ноктиве :smir:


Најнормално, секоја вечер миење за да ти мирисат, и ноктите обично секоја вечер проверување така да, малку грижа и за стапалата
 
од стапала освен нормална хигиена, ништо ектремно....нокти, чистота, и тоа...
 
Водам грижа,и тоа како:)Имам камче за петици,го користам секојдневно,па потоа ги мачкам со специјална крема против тврда кожа,и мора да ми поседат така во чорапи дури да упие салам кремата.
 
Водам грижа,и тоа како:)Имам камче за петици,го користам секојдневно,па потоа ги мачкам со специјална крема против тврда кожа,и мора да ми поседат така во чорапи дури да упие салам кремата.
WoOoW, значи убави стапала имаш ... :back:
:pos2::pos2:
 
Да и јас водам грижа , ги мачкам со креми, отстранувам тврда кожа (немам многу ама и да нема треба), со лосионче, нокти средени да не гребам ко орлица, фини се убавки тенки.
 
Водам грижа за моите стапала:kesa: ги мачкам со крема исто така обрнувам многу внимание на ноктите
 
Еднас неделно ги рендам и користам третман од авон (планет спа) застапала...таман ми се,а и никогаш не сум имала проблем со миризбата ...тајната е во содата:baeh:
 
И јас го користам третманот од Авон-Планет Спа. Еднаш месечно, кога си правам педикир, ги средувам и стапалата, онака убаво и темелно. Иначе секој ден си ги мијам и ги мачкам со крема.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom