Илинден и св. Илија - две различни работи

  • Креатор на темата Креатор на темата Крусер
  • Време на започнување Време на започнување
„Нова Македонија“ открива: двајца од ранетите преживеале

krushevo.jpg


Мајски запишал четири имиња на ранети на Мечкин Камен: Ангеле Тасев и Петре Спасов Георгиевски од с. Света, Ангеле Танушев од с. Бела Црква и Ристе Јанакиев од с. Кривогаштани.

Дел од понатамошната судбина на Петре Спасов може да се најде во „Амнестирани илинденци“ објавена во 2004 година, која ги содржи турските дефтери со имињата на ослободените од османлиските затвори при султановата општа амнестија во 1904 година.

Така дознаваме дека Петре Спасе од битолското село Света, под реден број 132-16 бил ослободен од битолскиот затвор, каде што се нашол поради „употреба на оружје против султанската војска“, за што од Вонредниот суд добил десет години робија.

Ристе Јанакиев може да се најде во истиот дефтер како Ристе Наки кој од истата причина како и Петре Спасов добил три години затвор од Вонредниот суд, а бил ослободен од затворот од Битола во 1904 година и заведен под реден број 93-6.

Во овие дефтери ги нема имињата на Ангеле Тасев и Ангеле Танушев, па може само да се претпоставува што со нив се случило во наредниот период.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=819941348&id=9&setIzdanie=21753
 
Како земја, лулка на Христијанството, која ја има една од најдолгите христијански традиции, за очекување е дека големите национални подвизи биваат поврзани со големите христијански празници (во случајов, денот на старо-заветниот пророк Св. Илија).
Тоа додава уште една, духовна, обожена димензија, на успесите извојувани за татковината и не гледам ништо погрешно во поврзувањето на тие нешта.

Всушност, симболиката на светецот, и она што го славиме како нација, се блиско поврзани и баш ми се допаѓа поистоветувањето, па не гледам зошто би било поинаку.
 
Vostanieto e Ilindensko zatoa sto se slucilo na den 2 avgust, Sv.Ilija, Ilinden.

Ne znam sto e tuka sporno?

off: sorry za latinicata, nemam poddrska na kompljuterov.
 
Како земја, лулка на Христијанството, која ја има една од најдолгите христијански традиции, за очекување е дека големите национални подвизи биваат поврзани со големите христијански празници (во случајов, денот на старо-заветниот пророк Св. Илија).
Тоа додава уште една, духовна, обожена димензија, на успесите извојувани за татковината и не гледам ништо погрешно во поврзувањето на тие нешта.

Всушност, симболиката на светецот, и она што го славиме како нација, се блиско поврзани и баш ми се допаѓа поистоветувањето, па не гледам зошто би било поинаку.

Ova povrzanost odi daleku pred Hristijanstvoto.
 
Ova povrzanost odi daleku pred Hristijanstvoto.
Во ред, ги прочитав линковите на темава кои го објаснија тоа.

И истото се надоврзува на христијанството, кое денска ни е поблиско.

Сепак, ја би сакала авторот на темава да си ја дообразложи поентата.
 
... интересно ...
... но сепак се работи за еден Бог кого разни племиња различно го именувале , а хрисјаните му го смањија рангот на главниот Бог Ѕевсе во СВЕТЕЦ и му го остапијас местото на СИНОТ РИСТО :) ...
... АВГУСТ Е ШЕСТИОТ МЕСЕЦ ОД СТАРИОТ КАЛЕНДАР . Во денешниот тоа е Јуни . Токму поради тоа доаѓа до забуната која со точна математика би била 22 Јуни ... но ... :
реалните сознанија наведуваат на фактот ( следете го линкот на трн во око ) http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=22326 ) дека се работи за Богот на Сонцето Ѕевсе кој се празнувал во најтоплиот ден во годината ... односно кога СОНЦЕТО Е НАЈБЛИСКУ СО МЕСТОТО НА ЖИВЕЕЊЕ НА ОДРЕДЕНА ГРУПАЦИЈА КОЈА ГО ПОЧИТУВА СВОЈОТ ЗАШТИТНИК :) ...
... Тој ден сега е 2 Август :) ... официјално прифатен од државата и сега сонцето несмее ниту секунда да пречекори од новите државни прописи и норми
(не ми работи драјверот да го поправам и се враќам :) )

(се вратив )
... Македонците од древно па до денес си го празнуваат празникот посветен на СОНЦЕТО БОГОТ КОЈ НЕ ВОДИ ВО БИТКИТЕ ...
 
Tака е. Имаш потполна подршка.

Види што имало на 2 август, цитирам:

недела, 2 август 2009
Сонцето беше затемнето 6 минути

Логично,чим е затемнето,или е порано-подоцна,или некој ќе го "мазне" додека ни светне...

извор
.
 
Во чест на Илинден, една од најубавите песни на Никола Вапцаров.


ИЛИНДЕНСКА

Вината не беше наша
вината беше туѓа
и туѓите прсти тогаш
стотонска одговорност сторија
но кога ќе дојде ден
и кога ќе треба
за се ќе и раскажеме
на мајката историја.

Започнаа со нечисти раце
на народот во душа да му чепкаат
но гневот беше толку голем
та не се разбра волчјата им нарав
со муцките скриени под овчи кожи
злосторничка и плитка лицемерност.

Но идат дни кога ќе можеме
да фрлиме кал по ордите црни.

И почна бунтот
и немаше причина да изостанеме.
Со крвта на народот
во Илинден влеавме
наше содржание.

Што ќе кажете за таа новост?
Ќе барате ли тука руски рубљи?
во Крушево беше феудална власт
и скок
изградија Република!

А сите беа млади како нас
такви какви што сме денес ние
се бореа
умираа без глас
како што утре
ќе умреме и ние

Не липам јас, што загинаа млади
ќе дојдат нови, среде дим и жареж
Погледни тука, ова е Питу Гули
а ти, ти секако си Карев

И ако требаат пароли
до небото ќе кренеме плакати
слободна ја сакаме
и без, и без протекторати!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom