@cool@
Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
- Член од
- 2 јуни 2007
- Мислења
- 23.601
- Поени од реакции
- 27.114
„Нова Македонија“ открива: двајца од ранетите преживеале
Мајски запишал четири имиња на ранети на Мечкин Камен: Ангеле Тасев и Петре Спасов Георгиевски од с. Света, Ангеле Танушев од с. Бела Црква и Ристе Јанакиев од с. Кривогаштани.
Дел од понатамошната судбина на Петре Спасов може да се најде во „Амнестирани илинденци“ објавена во 2004 година, која ги содржи турските дефтери со имињата на ослободените од османлиските затвори при султановата општа амнестија во 1904 година.
Така дознаваме дека Петре Спасе од битолското село Света, под реден број 132-16 бил ослободен од битолскиот затвор, каде што се нашол поради „употреба на оружје против султанската војска“, за што од Вонредниот суд добил десет години робија.
Ристе Јанакиев може да се најде во истиот дефтер како Ристе Наки кој од истата причина како и Петре Спасов добил три години затвор од Вонредниот суд, а бил ослободен од затворот од Битола во 1904 година и заведен под реден број 93-6.
Во овие дефтери ги нема имињата на Ангеле Тасев и Ангеле Танушев, па може само да се претпоставува што со нив се случило во наредниот период.
http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=819941348&id=9&setIzdanie=21753