Пристига летото – а со тоа и заканата од Салмонела

  • Креатор на темата Креатор на темата *princess*
  • Време на започнување Време на започнување

*princess*

..SiMpLy GorGeOuS..
Член од
17 февруари 2008
Мислења
747
Поени од реакции
21
Салмонелите се бактерии кои се многу раширени во природата. Тие живеат и како паразити во различни животни (риби, змии, инсекти, живина и цицачи). Салмонелите се многу отпорни на надворешните фактори и можат долго да преживеат надвор од својот домаќин. Најчесто заразата со Салмонела се случува со јадење на храна која потекнува од заразени животни – јајца, месо и млеко. Особено често во летно време се случуваат мини-епидемии на труење од Салмонела од сладоледи – посебно од сладоледи во корнет-додека сладоледот се чува на ладно, лажицата со која истиот се става се чува во чаша во вода !
Често се случува заразата да се пренесе и со нечисти раце. Исто така, не смеат да се заборават и домашните миленици бидејќи тие можат да ги имаат бактериите на своите влакна. Поволна средина за развој на Салмонели се разни слатки и сладолед кои се припремаат од живи јајца, како и мајонез. Затоа салатите со додаток на мајонез не би требало да се чуват надвор од фрижидер подолго време. Исто така и месото кое не е доволно термички обработено е одлична средина за развој на Салмонели.

2a8771a3ab0549fcaaab7801cbb0c201.GIF


Болест кај човекот може да предизивика само голем број на Салмонели, но Салмонелата е бактерија која брзо се размножува. За неколку часа од 100 бактерии можат да се развијат и неколку милиони. Салмонелата е паразит на цревата и предизвикува воспаление на слузокожата на цревата, и на тој начин предизвикува акутен гастроенетерит – со обилни повраќања и проливи. Првите симптоми на болеста обично се јавуваат 12-48 часа по конзумацијата на заразената храна. Првите симптоми се болка во стомакот, мачнина, повраќање и пролив. Се јавуваат и малаксалост (како резултат на токсемијата), вртоглавица и жед. Неретко се покачува и телесната температура. Лечењето е симптоматско, што значи дека треба да се надокнади изгубената течност и соли, а во потешките случаи е потребна и инфузија. Потребно е водење на лесна диета барем една недела по инфекцијата, за да се обнови оштетениот цревен епител. Лечење со антибиотици не се препорачува кај некомплицирани случаи бидејќи тие ја уништуваат нормалната цревна флора и со тоа правата поголема штета отколку корист. Но тоа не важи за тешките облици на болеста, кои мора да се лечат во болнички услови.

Практични совети :
  • Летно време да се избегнуваат слатки кои се прават од јајца
  • Обратете внимание на рокот на употреба на намирниците
  • Храната држете ја во фрижидер
  • Храната обработете ја термички на минимум 80 степени Целзиусеви.
  • Избегавајте подгреана храна, која подолго стоела надвор.
 
Опасна болест :vozbud::vozbud:
Искрено јас не јадам вакви работи јајца како на пример најмногу мразам лето зима не ги јадам,
Значи треба да се избегнува

  • Летно време да се избегнуваат слатки кои се прават од јајца
  • Обратете внимание на рокот на употреба на намирниците
  • Храната држете ја во фрижидер
  • Храната обработете ја термички на минимум 80 степени Целзиусеви.
  • Избегавајте подгреана храна, која подолго стоела надвор.
И тоа го правам , го избегнувам :smir:
 
Опасна болест :vozbud::vozbud:
Искрено јас не јадам вакви работи јајца како на пример најмногу мразам лето зима не ги јадам,
Значи треба да се избегнува

  • Летно време да се избегнуваат слатки кои се прават од јајца
  • Обратете внимание на рокот на употреба на намирниците
  • Храната држете ја во фрижидер
  • Храната обработете ја термички на минимум 80 степени Целзиусеви.
  • Избегавајте подгреана храна, која подолго стоела надвор.
И тоа го правам , го избегнувам :smir:
same...али никогаш неможеш да бидеш доволно внимателен...
 
Салмонелата ја зема првата жртва ова лето во Црна Гора (значи случајот со отруената Македонка).

Многу е важно особено во летниот период да се внимава што и како се конзумира, особен оној тип на храна кој е наведен како ризичен.
 
  • Летно време да се избегнуваат слатки кои се прават од јајца
  • Обратете внимание на рокот на употреба на намирниците
  • Храната држете ја во фрижидер
  • Храната обработете ја термички на минимум 80 степени Целзиусеви.
  • Избегавајте подгреана храна, која подолго стоела надвор.
Сите слатки или 80% од нив се прават со јајца, битно е да се чуваат на студено место и да се консумираат во најкраток можен рок.

И покрај држењето во фрижидер пр. сладолед може да има труење од
Салмонела, причина веќе заразените суровини од кои е направен.

Обработка да, ама ако храната може да се обработи на таа температура ако не
најдобро е да се консумира што е можно посвежа.

Подегреана храна безразлика дали стоела надвор треба да се избегнува во секој случај било на зима или на лето, со подгревањето само се забрзува развојот на бактериите т.е им се создаваат идеални услови за побрзо размножување и испуштање спори што е особено опасно, или убаво затоплете на висока температура што не е инекоја гаранција дека бактериите а посебно нивните спори се уништени (спорите како далеку поотпорни) или консумирајте ја студена.

Избегнувајте изложување на храната на места каде што мувите слободно ќе шетаат по неа.

Избегнувајте купување на месо од тезга, истото важи и за сирење, млекото и останатите млечни производи од отворени места.

И последно не поврзано со салмонелата ама сепак важно, кога одите во друга земја макар и подалечен град консумирајте флаширана вода, консумирајќи вода од чешма само си правите проблеми, едноставно предизвикувате шок на микрофлората во желудникот и цревата, резултат лоши проливи и повраќања.
 
Пазете се од Fastfoodon kaj парк, Fastfood Mr. Big...
Salmonela е премија, една недела и крај, а каде се хепатитите?
Кој век сме уште да функционираме со anus-manus-oris? :jaj:
 
prisustvo-na-salmonela-sendichara-aerodrom-960x346.jpg

Koja Salmonella sendvicara e ,,pod kluc,, vo naselba Aerodrom? Royal burger ili 7ca?
Sega na 40° da se osudi nekoj da ,,se goshteva,, vo sendvicara ne e pametno. Bidete vnimatelni so hranata prigotvena ,,nadvor od doma,,.
Editirano: shtotuku ,,prasav i doznav,, stanuva zbor za sendvichara 7ca vo Aerodrom


де жа ву од 2017 година околу Седмица сендвичара:

денес 2024 година


mlk9s-image-211427.jpgIMG_20230407_213027.jpg
2017-01-30.jpg2018-05-29.jpg


да видиме што пишува и еден од гастрономски уметници кој е македонски амбасадор низ крузиер бродски патувања, околу загадената храна со бактеријата Салмонела :


450519902_10159382954146626_9138813238807086987_n.jpg


цитатат:
„Не се препорачува миење на живината пред да се готви. Бактериите во суровото месо и соковите од живина може да се пренесат на друга храна, прибор и површини. Ова го нарекуваме вкрстена контаминација. Некои потрошувачи мислат дека ги отстрануваат бактериите и го прават нивното месо или живина безбедно преку миење, но тоа не е така...наместо, тие го шират насекаде.

Ако е замрзнато незначи дека нема салмонела, ако имало пилешкото салмонела таа се замрзнува исто така и кога ќе се одмрзне се активира повторно.
Значи салмонелата не умира ако се замрзне, таа се уништува само со готвење на пилешкото со температури на 70С.“ затворен цитат.

некои навики кои не можеме да ги искорениме:
цитат:
„ Не се мијат јајцата од самопослуга пред да ги ставиме во фрижидер. Миењето е рутински дел од комерцијалната обработка на јајцата и јајцата не треба повторно да се мијат. „Блум“, природната обвивка на штотуку поставените јајца што помага да се спречат бактериите да навлезат во лушпата, се отстранува со комерцијалниот процес на миење. Се заменува со лесна обвивка од минерално масло за јадење, што ја враќа заштитата за долгорочно домашно складирање на јајца. Дополнително ракување со јајцата како што е нивното миење дома, може да го зголеми ризикот од вкрстена контаминација, особено ако лушпата се испука.“ затворен цитат.

...лично јас ги мијам јајцата купени од маркет, јас не приметив никаква глазура фабрички обложена околу јајцето, напротив на јајцето често има делови од фецес од кокошката, да е неопходно миење да се острани, не може на таков начин да се внесе во фрижидер каде има други производи, тоа може важи за САД.

„Пред да се јаде или подготви свежо овошје и зеленчук, се мијат производите под проточна вода од чешма за да ја отстраните нечистотијата. Ова ги намалува сите бактерии кои можат да бидат присутни. Ако овошјето или зеленчукот имаат цврста површина, како што се јаболка или компири, може да се исчистат со четка.

„...мијалникот, работните површини и приборот треба да се исчистени и дезинфицирани пред да ги исплакне производите за да избегне вкрстена контаминација, особено од површините што допирале сурово месо, живина или морска храна или нивните сокови. Кога се подготвува овошје и зеленчук, се сечат сите оштетени или модринки области бидејќи бактериите кои можат да предизвикаат болест можат да напредуваат на тие места.

Веднаш се внесуваат во фрижидер исечена салата или исечено овошје за да биде со најдобар квалитет и за безбедност на храната.

Натопување месо или живина во солена вода или за користење раствор од саламура. Ова е личен избор и не служи за безбедност на храната. Меѓутоа, ако го направиме ова, неопходно е да се спречи вкрстена контаминација при натопување и отстранување на месото или живината од течноста. Внимателно се истура натопувањето и не се употребува повторно.

Физичкото чистење ја отстранува нечистотијата, остатоците и некои бактерии кои можат да предизвикаат болест, вклучително и болести кои се пренесуваат преку храна, но не ги убива сите бактери. За да се исчисти приборот, даските за сечење, површините, па дури и кујнскиот мијалник, се користи топла вода со сапуница за да ги измие, па потоа се пристапува кон делумна дезинфекција.

Производите за дезинфекција, за разлика од некои комерцијални средства за дезинфекција, НЕ треба да се користат на даски за сечење или прибор што ја допираат храната бидејќи може да ја загадат храната што ја подготвуваме. Сепак, средствата за дезинфекција се безбедни за употреба на површини и области со голем допир со цел да се уништат бактериите.“ затворен цитат.


450814999_10159383145536626_3825727817244147729_n.jpg download.jpg

Што не' советува понатаму нашиот експерт и македонски гастроном, поради појавата на бактеријата Салмонела:

цитат:
„Салмонела во 7-ца Аеродром!
-Добро се сеќавам дека ова не е прв пат во седмица!
-Проблемот е што не е само седмица!
-80% од ваквите случаеви се предизвикани од човечки грешки(human error), а тоа е одраз на непознавање на хассап системот и неуки вработени и сопственици!
-Колку од вас знаат дека Салмонелата е смртоносна?

-Салмонела не се добива само од Пилешко и јајца, се добива од Свинско, Зеленчук и Овошје!

И повторно ќе кажам, НЕ ЈАДЕТЕ НАДВОР ОВОЈ ПЕРИОД И ГОТВЕТЕ ДОМА
‼️

⚠️
⚠️
⚠️

По незнам кој пат до сега ќе повторам, се додека нема контроли и работат неуки во оваа дејност ќе има труења!
Не се прават контроли одкако ќе се затрујат луѓе, туку тоа треба да се спречи предходно и да има контроли/инспекци и едукација!
Ова се задоцнети рекации од агенцијата и угостителите си прават што сакаат!
Нема никаков закон и инспекции!!!!
А мајонезот од домашно производство треба под итно да се забрани во Македонија, прво бидејки не познаваат ХАССАП тие кој го приготвуваат а второ бидејки е небезбеден кога се приготвува со свежи јајца и преставува голем ризик!(посебно во топлиот дел во годината).
Скоро сегде во светот домашниот мајонез е исфрлен од употреба и приготовка!
ОСВЕСТЕТЕ СЕ И ВЛОЖИТЕ ВО ТАА АГЕНЦИЈА, ЕДУКАЦИЈА ИТН!
ЌЕ ГИ ОТРУТЕ ДЕЦАТА БЕ АБДАЛИ!
П.С.
❌
❌
❌

Строго ви препорачувам летниот период да избегнувате секаква конзумација на храна во сендвичари/кафани/ресторани итн
1f64f.png

Гответе си дома и не се ставајте на ризик, посебно децата кој имаат нежни стомачиња! “
затворен цитат.

...и да се надоврзам, денес кој сака може да отвори сендвичара, кафана, ресторан, без познавање за никакви правила со контакт со храна, а да не спомнам дали воопшто има едуцираност околу тој нивни професионален агажман барем завршено курс, школо за угостителство (Факултет за туризам на угостителство - Магистар по гастрономија и прехрамбена технологија).

ТУКА!
 
Последно уредено:
Сендвичара избегнување обавезно .
Само тазе бурек и пирошка сабајле со јогурче .
 
I dobra skara vo 2-3 kafani niz Prilep. :D :D :D :D
Se drugo e risichno.
Прилеп не сум бил, избегнував оти шефот прв ми беше од таму но ќе одам Септември оти имам одмор до Октомври па после Исланд итн шетање .
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom