Linux или Windows?

  • Креатор на темата Креатор на темата Creep
  • Време на започнување Време на започнување

Кој оперативен систем е подобар?

  • Windows

    Гласови: 196 69,8%
  • Linux

    Гласови: 85 30,2%

  • Вкупно гласачи
    281
внуче бе зошто се ограничуваш само на линуксот користи ги и двата нема зијан:smir:

Зависи од потреба... Моментално го имам Џамот на вирутелна машина под Линуксот.. само поради работа... сепак.. .NET и сличните на него носат пари :)
За играње така и така нема време :)
 
Quake не ја мешам,таа игра е оптимизирана за Nvidia,а вади подобри резултати на Ati,така да Carmack не сакам да го чепкам :)

Зборам за мултимедијални способности,се е компатабилно со Vista,плус имаш Dx10,текстури какви што можете да си замислувате на Linux,фотошопот и секако игрите кои ги пуштате преку Wine.

И јас можам да направам програм,ќе се вика TinMp (This is not a Media Player),и ќе пушта музика,ама ете,не е медиа плеер според името :helou:

Нели Реактив рече дека има поголеми мултимедијални способности,барам објаснување,да не остане се на рекла-кажала :)
 
Quake не ја мешам,таа игра е оптимизирана за Nvidia,а вади подобри резултати на Ati,така да Carmack не сакам да го чепкам :)

Зборам за мултимедијални способности,се е компатабилно со Vista,плус имаш Dx10,текстури какви што можете да си замислувате на Linux,фотошопот и секако игрите кои ги пуштате преку Wine.

И јас можам да направам програм,ќе се вика TinMp (This is not a Media Player),и ќе пушта музика,ама ете,не е медиа плеер според името :helou:

Нели Реактив рече дека има поголеми мултимедијални способности,барам објаснување,да не остане се на рекла-кажала :)
Чекај малку сега почна да ги мешаш работите, предходно напиша .. игри креирани за виндовс....па нормално дека под виндовс ќе функционираат подобро...напишани се т.е. се специјализирани за да работат под виндовс...сега зошто не се напишани за линукс..така авторот одлучил, си ја гледа заработката, нормално кондури број 40-43 најмасовно се произведуваат, највеке клиенти има за нив.
Друг пример..играта Виетконг 1 и 2, на самата паковка пишува дека е оптимизирана за линукс, значи не е проблем до оперативните системи проблемот е нивната раширеност, па производителите на игри се прилагодуваат на тоа. За огромната раширеност на виндовсот голема вина има и самиот линукс, кој до неодамна беше стварно тежок за користење, но и тука работите се менуваат особено ако се земе во обзир се поголемиот и построг прогон на пиратските ОС и се полесното и попростото користење на линуксот. Со тек на времето и сам нема да сакаш да ризикуваш голема казна за користење на нелегален софтвер.

За плеерите, а што мора да е односно да се вика ВМП кога одлично си ја завршува работата, и винамп не е ВМП и не е од микрософт, а си работи супер. За иронијата да биде поголема од тебе спомнатиот Медија плеер (MPlayer ) е напишан првенствено за линукс, тек по некоја година го конвертираа и за виндовс, не зборам за плеерот од микрософт.
Работава е изгледа зошто Опел не е Ауди

DX, не го барај ни во линукс ни во друг ОС што не е на микрософт, си имаат и тие апликации што ја вршат истата функција.

На крај од краевите се натегаме за исто гомно во различни пакувања.
 
Нема тука што да се размислува, Windows дефинитивно... :)
 
Сум работел и на двете, Линуксот е значително подобрен и олеснет за работа во поновите верзии, но на Виндоусот сум навикнат и секако е полесен за работа, може да си ги играм омилените игри. Поени за Виндоус.
 
windows esential најбојли е дефинитивно:vozbud:
 
Ми се допаѓа линуксот, поради кернел от...
 
Јас еве јавно барам да ми кажете како линуксот стои со Games for Windows игрите...тоа е мултимедија :)
не стои лошо...сеа малце го поправија cedega-та...па така да пушта голем дел од познатите игри без проблеми...но неможе да е подобро од на Џамот пошто е направен за Џамот..така да графиката, звуците и се друго е океј, али некој од опциите (што не е чудо) можеби нема да работат....

иначе cedega-та се плаќа али моеш да ја најдеш пиратериски...
 
Нели Реактив рече дека има поголеми мултимедијални способности,барам објаснување,да не остане се на рекла-кажала :)
Не да има болји мултимедијални способности Линуксот од Виндовсот...
како прво, сите програми ти се Open Softwere можеш да си ги земеш и едноставно да си ги прилагодиш на твои потреби, следно... мене полесно ми беше да работам мултимедија под линукс... причина, графиката под линукс ти е многу подобра... друго, едитирањето на песни е исто убаво и лесно ако знаеш... следно, едитирање видео имаш повеќе опции и многу подобар квалитет... има уште милион други мали причини поради кој сум се одлучил за линукс... Јес да ти треба повеќе знаење за него, али знаењето ти се исплати...
Виндовсот се ти е изџвакан ништо ново немаш баш... само ти треба да го сфатиш многу лесно што е и да го работиш...
Плус ваму имаш антивирус во кој понекад се сомневаш и ти влегуваат црви ти го зезаат компјутерот, а на Линуксот, пали вози...
Кога имав Линукс, компјутеров ми се палеше мноооогу побрзо... а го префрлив на Виндовс увидов оти работата на компјутерот/подигањето е споро... А пази, се работи на една иста машина без никакви промени...:toe:
 
ја гласам за linux иако моментално работам на windows, linuxot е подобрен и си има свои предности и навистина нетот и подигањето на компјутерот многу се побрзи на linux
 
Епа вака сега во врска со темата јас сум за Џамот како што некои милуваат да го нарекуваат. Инсталирав Убунту најново на машина со 17 инчен CRT монитор и се беше во ред(тука не спаѓа малтретирањето при инсталација на наједноставна програма за која се потребни еден тон команди во терминалот).Бев задоволен се до моментот кога купив 19 инчен LCD Wide монитор и тука настана куршлусот со убунтуто. Цели три дена траеше голготата наречена резолуција 1440х900 на убунту (гуглање, форуми, подршки од страната на убунту) и незнам си какви срања не поминав дури да добијам 1440х900. И кога конечно успеав да добијам 1440х900 сликата беше срање, не можев да прочитам никаков текст, целата слика беше растегната (што ми укажуваше на тоа дека "напредениот" убунту не подржува Wide монитори). И донесов одлука да бришам убунту од машината и да си останам со Vista 64x Ultimate која сите промени на хардверот ги прифати како песни и при првото нејзини стартување го препозна новиот монитор избра најоптимална резолуција и немаше никаков проблем.
 
тука не спаѓа малтретирањето при инсталација на наједноставна програма за која се потребни еден тон команди во терминалот

Не ни смее да спаѓа, пошто инсталација и на најкомплицираната програма можеш да ја завршиш без да ја допреш тастатурата... Само треба да знаеш како!

што ми укажуваше на тоа дека "напредениот" убунту не подржува Wide монитори

Сигурен си дека сакаш ова да го оставиш како официјален заклучок на твоето незнаење?
Едно е нешто да не знаеш, и да прашаш за да научиш, друго е ништо да не знаеш и да извлекуваш “интелегентни“ заклучоци.

Чисто информативно... два клика ќе ти ја сределе работата...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom