Quake не ја мешам,таа игра е оптимизирана за Nvidia,а вади подобри резултати на Ati,така да Carmack не сакам да го чепкам
Зборам за мултимедијални способности,се е компатабилно со Vista,плус имаш Dx10,текстури какви што можете да си замислувате на Linux,фотошопот и секако игрите кои ги пуштате преку Wine.
И јас можам да направам програм,ќе се вика TinMp (This is not a Media Player),и ќе пушта музика,ама ете,не е медиа плеер според името :helou:
Нели Реактив рече дека има поголеми мултимедијални способности,барам објаснување,да не остане се на рекла-кажала
Чекај малку сега почна да ги мешаш работите, предходно напиша .. игри креирани за виндовс....па нормално дека под виндовс ќе функционираат подобро...напишани се т.е. се специјализирани за да работат под виндовс...сега зошто не се напишани за линукс..така авторот одлучил, си ја гледа заработката, нормално кондури број 40-43 најмасовно се произведуваат, највеке клиенти има за нив.
Друг пример..играта Виетконг 1 и 2, на самата паковка пишува дека е оптимизирана за линукс, значи не е проблем до оперативните системи проблемот е нивната раширеност, па производителите на игри се прилагодуваат на тоа. За огромната раширеност на виндовсот голема вина има и самиот линукс, кој до неодамна беше стварно тежок за користење, но и тука работите се менуваат особено ако се земе во обзир се поголемиот и построг прогон на пиратските ОС и се полесното и попростото користење на линуксот. Со тек на времето и сам нема да сакаш да ризикуваш голема казна за користење на нелегален софтвер.
За плеерите, а што мора да е односно да се вика ВМП кога одлично си ја завршува работата, и винамп не е ВМП и не е од микрософт, а си работи супер. За иронијата да биде поголема од тебе спомнатиот Медија плеер (MPlayer ) е напишан првенствено за линукс, тек по некоја година го конвертираа и за виндовс, не зборам за плеерот од микрософт.
Работава е изгледа зошто Опел не е Ауди
DX, не го барај ни во линукс ни во друг ОС што не е на микрософт, си имаат и тие апликации што ја вршат истата функција.
На крај од краевите се натегаме за исто гомно во различни пакувања.