Коловрт
Озимандија
- Член од
- 12 април 2010
- Мислења
- 4.015
- Поени од реакции
- 9.165
Тешко би ми било да одвојам само еден најомилен музички албум покрај сите плочи кои ги имам преслушано. Тешко би ми било да одвојам и 10, ама сепак ќе се пробам да се ограничам на 5. Притоа, предност им давам на концептуалните албуми, бидејќи тие претставуваат многу повеќе од само обична збрика на песни.
Бонус.
Виртуозот на клавијатура Rick Wakeman држи час по историја. Не смеете да отсуствувате 
Патем, еве кои албуми сум ги слушал најмногу во последиве година-дена. Преземено од мојот Last.fm профил.
The Doors - The Doors

Можеби првиот албум со којшто воопшто сум почнал да слушам музика. Првиот албум на The Doors буквално ми ги отвори вратите кон еден поинаков свет на музиката. На некои си мои 14 години, мислам дека тргнав по вистинскиот пат со овој албум, и сигурно немаше да бидам она што сум сега да не беше истиот....
Mike Oldfield - Tubular Bells

Можеби кога би бил под смртна закана за да одберам најдобриот албум според мене, тогаш би го одбрал овој скоро научен проект на тогашното страмежливо момче Mike Oldfield. Момче кое со неполни 20 години и со полна куќа инструменти кои умее да ги свири, го завршува делото на својот живот. По снимањето и издавањеро, Олфилд избегал на кратко во планините подалеку од цивилизацијата. Нема да погрешил и да останел таму. Неговиот придонес кон светот веќе бил преголем....
...plus, Tubular Bells!

Jethro Tull - Aqualung

Тешко ми е да одберам нешто од музичкиот гениј на Ian Anderson, ама барем знам дека овој период од неговото творештво ми е омилен. Повеќето би се двоумеле помеѓу Aqualung и Thick as a Brick, но јас сериозно размислував да го спомнам Benefit место Aqualung. Сепак, ова е албумот којшто оставил поголема трага во музичката историја, па еве го...
Pink Floyd - Dark Side of the Moon

Не знам дали треба да пишувам нешто посебно за овој албум. Еден од најдобрите концептиуални албуми воопшто. Се си е на своето место! Иако можеби не сум ги слушал Floyd како многу други бендови, го ценам нивниот ентузијазам со кој се посветуваат на творењето, ентузијазам кој најмногу доаѓа до израз во овој албум.
King Crimson - In the Court of the Crimson King

King Crimson ми е една од најнејасните и најчудни групи што сум ги слушал. Уште не знам како снумиле толку напредни звуци во `69. Од каде им дошла таа музика? Несомнено од Дворот на Гримизниот Крал!
Неверојатен албум што биди чувства исти како и музиката - многу чудни!

Wishbone Ash - Argus

Знам дека реков 5 албуми, ама тешко ми беше да се сопрам. Ако е за компензација, омотот е помал.
Најдоброто од Wishbone Ash. Албум во кој звуците на двете водечки гитари се доведени во совршена хармонија. Не сум можел да престанам да ја слушам оптимистичката The King Will Come, секогаш ме расположувала....

Rick Wakeman - The Six Wives of Henry VIII



Патем, еве кои албуми сум ги слушал најмногу во последиве година-дена. Преземено од мојот Last.fm профил.
