20 правила за за бидеш успешен web developer

  • Креатор на темата Креатор на темата KaiTekk
  • Време на започнување Време на започнување

KaiTekk

R&B boy
Член од
17 март 2006
Мислења
1.045
Поени од реакции
22
  • Почитувај ги посетителите на твојот сајт. Не пробувај да им кажуваш на твоите посетители што да читаат. Нека тие одлучат што сакаат да прелистуваат низ твојот сајт. Што ќе биде резултататот од илјадници pop-ups ? Ја свативте поентата?
  • Лошото рекламирање не чини. Никогаш не ставај премногу реклами на твојот сајт. Тие само ќе го уништат неговиот уникатен дизајн. Нема да ти донесат ниту респект ниту нема да го истакнат потенцијалот што сајтот го има. Како и да е, рекламите перфектно комбинирани со менито и другите објекти нема да сметаат. Гледај некако да го усогласиш сето тоа, за содржината да биде првото нешто што паѓа на око, а не рекламите
  • Информирај ги и учи ги посетителите. Подели ги твоите идеи, мисли, искуство и знаење со тие на кои можеби ќе им треба. Ако имаш интересни информации, ќе го свртиш вниманието кон интернет јавноста. Исто така, ако делиш вредно знаење со другите корисници, ќе бидеш почитуван како личност кој знае за што зборува.
  • Развиј свој сопствен стил. Дозволи си себеси да бидеш инспириран, но не копирај. Далеку повеќе интересно е да видиш за што си способен ти отколку да видиш за што се сподобни другите луѓе. Развиј на својата имагинација и љубопитност. Новите или подобрените идеи ќе повлечат повеќе корисници отколку старите и копирани идеи.
  • Почитувај ги стандардите. Мисли на луѓето. Ако ги почитуваш веб стандардите тоа ќе ти помогне да зачуваш многу време во иднина. Нема да помине многу време додека веб стандардите станат стандард на веб: и бидејќи креираш веб страни за луѓе, вреди да поминеш екстра часови проверувајќи го кодот и гледајќи дали се совпаѓа со стандардите, во случај ова да не е точно. Откако ова е готово, не треба да се грижиш за компатибилноста на твојата веб страна со новите прелистувачи.
  • Биди јасен. Не биди исплашен да го кажеш тоа што го мислиш. Збунетоста креира дистанца меѓу тебе и твоите корисници. Кажувајќи прецизно, што сакаш да дискутираш или презентираш, стартураш активен дијалог со твоите корисници. Исто така, ако специфицираш, за што зборуваш, многу очигледно е дека ќе добиеш одговор на прашањето што си го поставил.
  • Мрази го Internet Explorer ако сакаш, но почитувај ги неговите корисници. Не го дизајнирај кодот за специјални прелистувачи или специјални резолуции. Запомни дека Internet Explorer е користен од страна на повеќе од 85 проценти од веб корисниците.
  • Грижи се за содржината. Развивајќи веб страни, пробај да тие бидат информативни, интересни и добро презентирани. Не заборавај дека твоите корисници помнат се. Ако им понудиш линк кон некоја лоша веб страна без добар опис никогаш повеќе нема да ги видиш пак. Кодот е поезија, содржината е проза.
  • Не биди загрижен за веб пребарувачите и оптимизацијата. Борејќи се да добиеш повисоко место во веб пребарувачите зазема многу повеќе време отколку да напишеш некој корисен артикл. Ако се трудиш да го правиш ова, ќе мора да го правиш постојано, а пишувањето на некој добар артикл ќе го направиш само еднаш, а ако навистина вреди ќе се појави на повеќе веб страни од кои ќе добиеш линк кон твојот веб сајт. Резултатите си доаѓаат самите по себе.
9а. Неточната оптимизација за веб пребарувачите може да ти донесе целосно банирање на твојата страна од страна на нив. Алгоритмите на овие пребарувачи стануваат пософистицирани секој ден, па затоа не ризикувај твојата страна да има ранг 0. Како последица од ова, твојата репутација ќе се намали значително, и ќе биде екстремно тешко да добиеш добра позиција во web-dev-community.

10. Контактирај, но не спамирај. Дозволи тие што можеби се заинтересирани за твоите содржини, да бидат информирани за твојата веб страна. Мисли на сајтовите што тие можеби ги посетуваат. Разгледај ги страните од сличен тип како твојата. Прати им покана на корисниците не со линкот кон твојата страна, туку со генерален опис за тоа зошто твојата страна може да биде корисна за нив. Но, запомни: тоа не го правиш за пари, туку за луѓето. Не спамирај, не рекламирај, понудувај корисни содржини.

11. Пишувај, објавувај, биди слободен да прашаш тоа што те интересира. Има огромен број на web developers кои прашувале или ќе ги прашуваат истите прашања што ти ги имаш. Не се двоуми да прашуваш, не се двоуми да се стекнеш со ново знаење. Колку попаметно твоето прашање е, толку повеќе можности има тоа да биде одговорено, па повеќе луѓе ќе можат да ја пронајдат твојата страна преку интернет пребарувачите.

12. Одговарај на твоите имејлови веднаш. Направи контакт со твоите потенцијални клинети најбрзо што можеш – не дозволувај имејл да лежи во твојот inbox фолдер повеќе од 12 часа. Не праќај auto-reply пораки. Личноста што го напишала имејлот знае дека ти го пишува на тебе. Не го троши времето на другите луѓе како што не сакаш да го трошиш твоето време. Наместо тоа, пробај да направиш импресија на личноста која те контактирала. Реплицирај со самоуверен, професионален, пријателски и со отворен стил, не ветувај, но, сепак, чувствувај се слободно да прашаш.

13. Користи ги предностите на semantic web (http://en.wikipedia.org/wiki/Semantic_Web)
[FONT=&quot] [/FONT]Не се плаши да ја споменеш твојата страна на Digg, Reddit, Furl, del.icio.us, Ma.gnolia, Blinklist и другите social-bookmarking сервиси. Така ќе добиеш корисни критики за твојата содржина и за твојот сајт што може да ти послужат.

14. Стекнувај пријателства со другите web developers. Креативните web developers се подржани секогаш со CSS showcases, галерии и web developers блогови. Некои од нив се споменати на следнава страна: http://www.alvit.de/handbook/ .

15. Мисли во глобални рамки. Прати ја својата порака на светот преку твојот вебсајт со твоите единствени содржини. Така може да стекнеш голема репутација и да го покажеш својот талент. Покажи му на светот што знаеш и што можеш, за што си способен.

16. Никогаш не прави компромис на твоите принципи. Дискусирајќи начин како веб сајт треба да се развива, почитувај ги твоите клиенти и нивните мислења. Но запомни дека ти си тој кој ја развива таа веб страна. Корегирај ги грешките ако сметаш дека твојот клент не е во право. Биди професионален, на крај на краиштата твојата цел е да креираш веб сајт за корисниците, не за твоите кленти.

17. Остани во контакт. Биди информиран за тоа што се случува на интернет. Интернетот се развива со светлосна брзина и нови идеи се споделуваат секој ден. Најдобар начин да останеш со тие информации е со RSS feeds на популарните web-dev-blogs. Како и да е, графичките и дизајнерските магазини како AListApart, BoxesAndArrows, Digital Web Magazine, Design in Flight, Poynter, Layers Magazine, Graphics.com вредат да се читаат дневно.

18. Научи да се справуваш со креативниот блок. Барајќи нова идеја, пробај да се приклучиш низ различните web development форуми, фокусирајќи го твоето внимание на тоа што другите луѓе го бараат. На пример, sitepoint.com е добар извор на инфромации што е посетуван од страна на web developers секој ден. Друга опција, е секако...па, земи малку одмор

[FONT=&quot] [/FONT]19. Направи го вебот поубав. CSS, чисти, лесни за читање и интелегентни дизајни се прекрасни. Како може да и одолееш на таква убавина? Партиципирај во отворени натпревари како CSS Table Gallery, CSS Zen Garden, Comment Design Showcase, Typography for headlines, Form Assembly Garden, sIFR Beauty Showcase. Ова ќе го направи твојот и животот на другите web developers полесен , покажувајќи го твојот стил и искуство

20. Биди внимателен на моќта на вебот. Ти го креираш вебот, така што имаш свои зборови да кажеш. Подржувај ги проектите, што е важно за тебе и за другите кои треба да бидат подржувани заедно со тебе. Makepovertyhistory.org е одличен пример за тоа.




 
Темава, иако постара, е прилично поучна/квалитетна, па затоа е поставена како важна.
Можете да постирате и други совети кон новите веб девелопери од страна на поискусните, па и да си кажат корисниците што им “смета“. :)
 
Очигледно во Македонија правилото за со усул на реклами не важи. Има страни додека да прочитам нешто треба 5 пати рефреш да стегнам, а кога конечно ќе дојдам до тоа што сакам неможеш да го причиташ бидејќи има премногу реклами од страна што ти го одземаат вниманиото.
 
Очигледно во Македонија правилото за со усул на реклами не важи. Има страни додека да прочитам нешто треба 5 пати рефреш да стегнам, а кога конечно ќе дојдам до тоа што сакам неможеш да го причиташ бидејќи има премногу реклами од страна што ти го одземаат вниманиото.

Сите гледаат што е можно повеќе да се заработи. Кога и ти би имал сајт со голем број на посетители и голем број на фирми би сакале да се рекламираат кај тебе, и ти би го натрупил сајтот со реклами. И мене ми пречат, ама тоа е...
 
Сите гледаат што е можно повеќе да се заработи. Кога и ти би имал сајт со голем број на посетители и голем број на фирми би сакале да се рекламираат кај тебе, и ти би го натрупил сајтот со реклами. И мене ми пречат, ама тоа е...
adblock
win:win:fictive-win
you:site:commercials
 
Некој ја утнал дефиницијата за веб девелопер ... повеќе се збори за веб дизајнери и блогери ...
Како да ти изгледа сајтот : точка - 2 , 5 , 19 ,
Какви содржини да има сајтот : точка - 3 , 4 ,6 , 8 ,9a , 18
.. а остатокот од точките ми се повеќе маркетиншки ориентирани ... како да го промовираш сајтот
Фали уште упатсво за инсталација на WP или Joomla , и секој што поставува содржина на интернет може да се нарече Веб Девелопер.
 
Некој ја утнал дефиницијата за веб девелопер ... повеќе се збори за веб дизајнери и блогери ...
Како да ти изгледа сајтот : точка - 2 , 5 , 19 ,
Какви содржини да има сајтот : точка - 3 , 4 ,6 , 8 ,9a , 18
.. а остатокот од точките ми се повеќе маркетиншки ориентирани ... како да го промовираш сајтот
Фали уште упатсво за инсталација на WP или Joomla , и секој што поставува содржина на интернет може да се нарече Веб Девелопер.

Стрикно за веб девелопер не се сите точки, но сепак добри совети за некој што се занимава со веб развој, дизајн, па и автор на некој сајт и промовирање.

Една обична инсталација на WordPress, Joomla, Drupal, теми и додатоци не те прави веб девелопер или ако смениш боја во CSS не те прави веб девелопер. Ова е поготово застапено кај копиљаците до 15-16 години кои со успешна инсталација на Џумла и готов темплејт се креваат на небо... Се знае што е веб девелопер или дизајнер и лесно може да се утврди дали е негово делото.
 
Сите гледаат што е можно повеќе да се заработи. Кога и ти би имал сајт со голем број на посетители и голем број на фирми би сакале да се рекламираат кај тебе, и ти би го натрупил сајтот со реклами. И мене ми пречат, ама тоа е...
Барем на интернет можеш да ги исклучиш рекламите, за секогаш. Телевизијата, весниците и радиото од друга страна, не даваат таква можност.
 
Барем на интернет можеш да ги исклучиш рекламите, за секогаш. Телевизијата, весниците и радиото од друга страна, не даваат таква можност.

Да, да... фала богу постои AdBlock Plus и со 2 клика се решаваш од рекламите. Плус тоа што може да биде од корист на тие што имаат лимитиран трафик и да заштедат на некој KB од реклама или од моменталниот прилив на партиски реклами.

Еве две листи со кои ќе се елиминираат партиските реклами, па може ќе му се најдат на некој:
http://dl.dropbox.com/u/26770783/ABP Macedonian List Subscription.txt
http://dl.dropbox.com/u/26770783/ABP Macedonian Filter.txt
 
Ја заборавивте најважната особина а тоа е мрзливоста! (Сериозно) :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom