20-то Мото Рели Македонија

Gixxer

Premier Сasual Dating - Verified Ladies
Член од
9 декември 2010
Мислења
131
Поени од реакции
89
Стартот на Мото Рели Македонија во 2010

Информациите за Мото Рели "Независност" пристигнаа, 20-то рели ќе се одржи од 8 до 10 Септември, со старт од плоштадот Македонија во Скопје на 8-ми Септември. Пријавувањето е отворено за сите, без разлика дали сте член на клуб или не, котизацијата изнесува 600 денари за возачи и 400 за совозачи. Во продолжение ќе ја најдете програмата за Релито, а најдолу можете да ја превземете и брошурата.

П Р О Г Р А М А
за одржување на релито 08, 09 и 10 Септември 2011 година

Покровител, Влада на Република Македонија, Градот Скопје и Агенцијата за млади и спорт на Р.М.

Поддржува и; Општина - Свети Николе, Општина Берово, Општина Струмица, Општина Дојран, Општина Гевгелија, Општина Кавадарци, Општина- Битола и Градот Скопје.

Организатори; Мотоциклистичка Федерација на Македонија, Сојузот на спортови на Скопје и Министерството за внатрешни работи на Р.М, преку Организационен одбор.

Учесници, околу 300 мотоциклисти од; Македонија, Грција, Турција, Бугарија, Србија, Б и Х, Хрватска, Словенија, Австрија, швајцарија, Финска, Ирска, Германија и др

Термин на одржување; 08, 09 и 10 Септември 2011 година.

Маршута: -08.09. Скопје,Св. Николе, Берово, Струмица, Дојран, 300 км.
- Сендвич паузи во; Свети Николе и Берово.
- 09.09. Дојран, Гевгелија, Кавадарци, Битола, Галичица,Охрид,
315 км., Сендвич паузи во; Гевгелија и Кавадарци.
-10.09. Охрид, Дебар, Маврово, Скопје. 215 км.
Пауза во Маврови анови.

Контролни станици: Берово, Галичица и Маврово.

Котизација: 10 евра.(600.00ден.) за возачи и 7 евра. за совозачи.

Пехари: ќе бидат доделени 7 пехари, според техничкиот правилник.

Општи правила; На релито Ќе учествуваат мотористи кои имаат регистрирани моторцикли и поседуваат возачки дозволи. Учесниците на релито треба дa бидат осигурани лично или преку клубовите.

Технички прописи: Релито се вози со придруæба на полициска екипа но во склад со важечките сообракајни знаци и прописи, кои сите учесници се должни да ги почитуваат. Сите учесници се должни на визирот или предно крило да го постават стартниот број.

Брошурата за Релито можете да ја превземете од овде.

Не заборавајте, стартот на релито во четврток е предвиден за 9.00 часот, па учесниците треба да дојдат на плоштадот Македонија во Скопје во 8.00 часот.

>> Кликни овде за поединечна пријава
 

Kajgana Shop

На врв Bottom