20 години од GSM стандардот

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Технологијата која стои позади мобилните телефони го слави својот роденден. Пред точно 20 години, 15 телефонски компании потпишаа договор за создавање на мобилни мрежи базирани на глобален комуникациски систем за мобилни телефони (Global System for Моbile Communications).

Почетокот на мобилната технологија се случи нешто пред потпишувањето на GSM договорот. Многумина денес за прв мобилен телефон го сметаат телефонот кој беше вградуван во автомобилите, а беше нешто помеѓу радио опрема и мобилен телефон. Беше составен од радио предавател и микрофон, додека некои содржеа и хендсфри.



Првата генерација на мобилни телефони стана комерцијално достапна во 1983 година, а прв модел кој беше маркетиншки експониран беше Motorola DynaTAC 8000X. Поради нивната големина, во тоа време на мобилните телефони им беше даван прекарот "цигла", а беа тешки помеѓу 200 и 300 грама и не можеа да се сместат комотно во џеб. Првиот модел на компанијата Nokia беше Mobria Cityman 200.



Втората генерација на мобилни телефони стартуваше со почетокот на деведесеттите, а се работи за генерација на GSM мобилни уреди. Првиот повик од дигитален мобилен се случи во САД во 1990, а првата GSM мрежа комерцијално стартуваше во Финска во 1991 година.

Денес, мобилните телефони од "цигли" еволуираа во паметни уреди што нудат можности кои беа незамисливи до пред 20 години. Последните такви примери се уредите на BlackBerry и популарниот iPhone на Apple. Примање и праќање е-маил пораки, факс, веб прелистувачи, медиа плеери, визуелна говорна пошта, виртуелна тастатура и дисплеј на допир...



Денес во светот има над 2,5 милијарди корисници на мобилната технологија, а мобилните уреди се секојдневен (есенцијален) додаток во животот на луѓето. Статистичките податоци покажуваат дека биле потребни 12 години за да се достигне првата милијарда корисници, додека втората е постигната за само 30 месеци. Сите корицници во светот дневно праќаат над 7 милијарди текстуални пораки.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom