1TV.mk (национална и интернет телевизија)

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Маалска телевизија!
Си гостуваат еден на друг, подот во „студиото“ кај Кочишки е како у пионерски дом, имам чувство дека на некој ќе му пропадне штиклата, а од оние црвените чаши на кафеавото биро кај Орданоски очобол добивам. Македонија е станата тешка вукојебина и наместо да се форсираат емисии од областа на културата, тие ги угостија сите певаљки кои да не е нашиот пашалак, за леб ќе немаат.
Орданоски многу повеќе ми се допаѓа како аналитичар отколку како водител и тоа е единственото нешто што го гледам.
Емисјата на Кочишки е бесмислена, нешто како „Црни бисери“ од некое предреалити време и е формат каде луѓето јавно си ги покажуваат гаќите, под секое достоинство, без цел.

Да не беше Сергеј немаше да знам дека нашиве модни блогерки изгледаат како ескорт девојки. Од него очекував повеќе, но сите коментари му се баш во рангот на модна блогерка: „урбано“, „младалачки“ и паѓањата у несвест од друга страна. Божемното јавување на Мерлинка и Џоли ме потсеќа кога како деца пиевме кафе на божемски, од празни филџани. Може да биде штосно еднаш, двапати. И цела „емисија“ му е сведена на тоа.
Наместо да направи емисија за историјата на модата, за модата како феномен, некогаш, денес, за модата како еден од најголемите загадувачи на планетата, тој маалски се занимава со будалести девојчиња чиј идол е Ким Кардашијан. И дури им соли памет, дека одредени комбинации се дозволени ако си Ријана или што знам која. Да, но и памет може да дава некој дизајнер, а не невработен фризер.

Овој дечково, Стефан некојси, кој не знае две реченици на сврзи, е типичен пример на форумџиите со кои се расправав на неколку теми: залижан, фенси облечен, секое влакно на свое место, а го шокира девојка што ќе покаже брадавица!!! И онаа што се сликала пред кола! А КАрлеуша шо се слика пред авион е ОК!
Овој па Боки, беше нешто на модна ревија во ПАриз. И едно девојче со лоша дикција, чита вест дека пратиле приватен авион за него, па луксузен авион, па некакви чевли, а освен човекот во бутикот кого го натера да му каже хело и чепкањето во мобилниот на местото на настанот, не видов ништо суштествено. Мислам, ни не може да го видам: што е Боки? Има некаква професија? Она што мене ме интересира е од кад ему се парите да отвори, додуша онака, на брзинка телевизија, ама сепак, како ги заработи тој парите со кои отвори телевизија?
А другарка му Лила треба да намали малку со пластичните операции, ептен си заличува на него.
 
Маалска телевизија!


Да не беше Сергеј немаше да знам дека нашиве модни блогерки изгледаат како ескорт девојки. Од него очекував повеќе, но сите коментари му се баш во рангот на модна блогерка: „урбано“, „младалачки“ и паѓањата у несвест од друга страна. Божемното јавување на Мерлинка и Џоли ме потсеќа кога како деца пиевме кафе на божемски, од празни филџани. Може да биде штосно еднаш, двапати. И цела „емисија“ му е сведена на тоа.
Наместо да направи емисија за историјата на модата, за модата како феномен, некогаш, денес, за модата како еден од најголемите загадувачи на планетата, тој маалски се занимава со будалести девојчиња чиј идол е Ким Кардашијан. И дури им соли памет, дека одредени комбинации се дозволени ако си Ријана или што знам која. Да, но и памет може да дава некој дизајнер, а не невработен фризер.
Бившата на Сергеј, Надица има емисија на Алфа во тој стил.
 
Зоки Фаци се враќа на тв екраните. 1тв е неговото ново работно место.
 
Пред некој месец прочитав дека и Чомовски ќе е во 1тв но колку е точно не знам не е потврдено.
 
Недостасуваше клингонската главурда на малите екрани.
Веќе напраил "интервјуа" со пола од анални уживатели во Скопје...по некоја коинциденција, нели...
Многу ме интересира кој им дава пари за да си играат телевизија.
 
Чом треба да оди во пензија. Човекот не знае да зборува, тресе глупсти, употребува изрази за кои е очигледно дека не знае што значат, не знам како му даваат толку медиумски простор.
 
За Чом не е до толку точна информација а за Драган Вучиќ е можеби и точна бидејќи има слка од снимање промо. Вучиќ ќе биде таксиста во новото шоу.
dragan-v.jpg

1-tv-.jpg
 
https://1tv.mk/zivot/јадранка-костова-и-александар-чомовс/

Шо убаво, сеа Топ Тема на раат ќе глеам :)

Sent from my SM-G935F using Tapatalk
Кој знае Топ Тема дали ќе издржи уште долго. Телма шутна доста од програмата Еден на Еден, Фчерашни и Преспав заминаа на други телевизии а Ноќно студио не издржа долго и го згаснаа.
 
За Чом не е до толку точна информација а за Драган Вучиќ е можеби и точна бидејќи има слка од снимање промо. Вучиќ ќе биде таксиста во новото шоу.
dragan-v.jpg

1-tv-.jpg
Само овие имаат поодвратен тим од Јувентус еј, браво секоја чест ...
 
Александар Чомовски, Ацо Кабранов, Анета Кочишки, Зоки Фаци.. си се најдоја А1 другарчињата :D
Чом ќе ја враќа Чуму, Ексклузив со друг тим, кулинарско шоу, логото со бројката и одсјајот анимација, фали уште смоки со вкус на кикирики да почнат во подрумче да пакуваат и ете А1 се врати дојде животот во Македонија :icon_lol:
 
A1 имаше некои добри периоди. Ова по што повеќето ја памтат не е баш за спомнување. На пример А1 едно време пренесуваше Формула 1, најдобрите времиња на НБА во 90-ти, почнаа англиско првенство да го пренесуваат...со година, две, три знаеа да емитуваат популарни серии, па и по некој филм. Тоа време на оваа екипа јас најмногу ќе го памтам по телевизискиот тумор наречен "турски серии", со очајна содржина и ужасна синхронизација. Тој период почна да се емитува хрватската Нова, по која и ден денешен се свршава овде, а овие кутриве се обидуваа да ја копираат.
Инаку, Кабранов по зборењево и ликот ми личи дека е тешко болен и баш ме чуди што уште се експонира.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom