Првата подвижна 80-катна кула во светот ќе биде изградена во Дубаи
ЊУЈОРК - Првата подвижна зграда во светот, 80-катна кула со катови кои се вртат така што таа ја менува формата, ќе биде изградена во Дубаи, јавија архитектите на проектот. Дизајнот на кулата „Динамик“ е направен од 80 однапред изработени апартмани кои се вртат независно еден од друг. „Ова е првата зграда што ротира, се движи и ја менува формата“, изјави архитектот Дејвид Фишер, кој е Италијанец, на конференцијата за печатот во Њујорк. „Зградата никогаш не изгледа исто, ниту еднаш во нејзиното постоење“, додаде тој.
Апартманите на зградата висока 420 метри ќе се вртат за цели 360 степени на гласовна команда, околу централен столб со помош на 79 огромни енергетски аеродинамични турбини поставени меѓу секој кат. Тенката зграда ќе биде енергетски независна, бидејќи турбините ќе произведуваат доволно електрична енергија за снабдување на целата зграда, па дури и ќе обезбедуваат дополнително енергија во мрежата, истакна италијанскиот архитект на конференцијата во Њујорк на која беше прикажан проектот.
Апартманите, на кои ќе им биде потребно меѓу еден и три часа за целосна ротација, ќе чинат од 3,7 до 36 милиони долари.
Покрај тоа, постојат планови за изградба на сличен 70-катен облакодер во Москва. „Сметам дека овие згради се дизајнирани од времето, обликувани од животот“, рече архитектот од Фиренца, кој никогаш порано не градел облакодер. „Овие згради ќе ја отворат нашата визија насекаде, за нов живот“.
Трошоците за изградбата на облакодерот ќе изнесуваат околу 700 милиони долари, а се предвидува да биде готов во Дубаи во 2010 година.