Која е вистинската вера/религија?

  • Креатор на темата Креатор на темата ludoto_pop4e
  • Време на започнување Време на започнување
Да, секоја релеигија е вистинска доколку навистина се верува...и за останатото се соглсувам со zograf
 
На почетокот постоел јудеизмот, ...

На почетокот да видиме што значи зборот религија:

Зборот религија, доаѓа од латинскиот збор religare и значи повторно приврзување!

Приврзување? Приврзување кон што?
Да, приврзување! Приврзување кон матицата, кон коренот на Животот!

Таа Матица, Тој Корен на животот е * БОЖЈАТА вечна *СВЕТЛИНА и *ДУХ - без која, без кој неможе ништо да живее и постои - која за спасение на сите ( и јудеи и нејудеи) се отелотвори во ИСУС и ни ја представи вистинската религија!

Таа Животопријатна * БОЖЈА вечна *СВЕТЛИНА и *ДУХ е коренот на сё што е добро, на правиот јудаизам, на правото христијанство, на правиот ислам, ...

Самиот зборот религија прекрасно укажува на една тајна, на тајната за сеопфатното единство, за кое сведочи ЕВАНГЕЛИЕТО.
Ние сите сме биле на почетокот ЕДНО и ќе бидеме повторно (ДајБОЖЕ) во Христа ЕДНО!

Затоа и учи РАДОСТНАТА ВЕСТ на ЕДИНСТВОТО ГОСПОДОВО укажувајќи дека сите што вистински и потполно веруваат и љубат се едно ТЕЛО, и тоа ТЕЛО на Живото СЛОВО БОЖЈЕ, ТЕЛО ХРИСТОВО!

Тоа е единствената СОВРШЕНА и ВИСТИНСКА РЕЛИГИЈА !

Шалом + Селам + Мир вам!
 
вистинската религија е таа во која јас верувам:smir:
 
вистинската религија е таа во која јас верувам:smir:

Се сложувам сотебе и со секој друг, сё додека живееш/живее аналогно со Животопријатноста на * БОЖЈАТА вечна *СВЕТЛИНА и *ДУХ (Христос)! :smir:
 
Вистината е во православието. Докажано, иако многумина плукат по него, демек ако поповите се арамии и православието не чини, каква грешка! Православието е потполно и вистинито, јас цел живот трагав за на крајот пак да се вратам кон православието и да се покајам што сум забегал на други страни. Сега сум среќен што ја знам вистината.
 
тоатие исто како да прашаш која лага е вистина
 
Вистината е во православието. Докажано, иако многумина плукат по него, демек ако поповите се арамии и православието не чини, каква грешка! Православието е потполно и вистинито, јас цел живот трагав за на крајот пак да се вратам кон православието и да се покајам што сум забегал на други страни. Сега сум среќен што ја знам вистината.

Не се секирај-јеромонахот Серафим Роуз залета(л) во старокинеската философија, трагајќи по Бога, а Го најде во православната Црква...
Таков е патот кон богобарањето: застранувања, дилеми, обиди, грешки, споредби...А Светиот Дух е Оној кој ги насочува богобарателите на вистинското место.
 
jas isto taka tragav po znaenjeto i mudrosta, ja ispitav i prociv pravoslavnata vera, katolicizmot, protestantizmot, budizmot, islamot, selefizmot i siizmot, spiritualniot i ateistickiot satanizam i vidov deka sustinata e sekade e ista a razlikite se vo simbolikata, obredite, terminologijata, dogmite no na prakticno nivo se site mnogu slicni.
 
Значи за тебе Оној кој се отелотвори во ИСУС е еднаков со оние другине што ги наброја?:nesvest:

Ти имаш право да веруваш во што сакаш но те молам неспоредувај Го неспоредливиот со никого, за да не си наштетиш себеси и на другите уште повеќе!
 
Според мене најдобро е микс на религии, односно извлекување на најмудрите и најпаметните работи од секоја религија и живеење според нив.
 
Според мене најдобро е микс на религии, односно извлекување на најмудрите и најпаметните работи од секоја религија и живеење според нив.

Ова ме подсетува на еден драг побратим кој што пред некој ден го пиша следново

Na niv gledame kako koga ke go izvadis sokot od stottina jabolka,pa dobivas eden sok i neznaes koj sok e od koe jabolko...

Но ќе морам и овде да повторам и да кажам дека ова е телесно гледање кое е сеуште нема очи за *БОЖЈАТА Вечна *СВЕТЛИНА и *ДУХ - Отецот и Мајката на Животот - без која неможе да има нити живот а камоли религии и мешавини на сокови, миксови итн.

Значи, џабе се миксови, мешавини и чуда.
Џабе се пророци, волшебни книги, мудреците, гуруа и буда
Без СВЕТЛИНАТА БОЖЈА Вечна која се отрлотвори во ИСУС!

Сите обиди да се направие еден таков објект - игнорирајќи го Вистинскиот Животопријатен Темел - е градење врз песок.

поздрав
 
Религија????????????? Ја презирам секоја форма на институтизација на производот од последното што останало во кутијата на Пандора. Вера т.е верба носи секој. Ја лично верувам дека светот (природата) тежнее кон рамнотежа, и ако земаме повеќе на една, губиме на друга страна. Како делчиња од целото, крајната цел ни е да се обединиме со него. Бог=енергија

Место аргумент размисли за блискоста на овие два термина во нашиот јазик:
ЦЕЛ:ЦЕЛО,ЦЕЛИНА
 
Значи за тебе Оној кој се отелотвори во ИСУС е еднаков со оние другине што ги наброја?:nesvest:

Ти имаш право да веруваш во што сакаш но те молам неспоредувај Го неспоредливиот со никого, за да не си наштетиш себеси и на другите уште повеќе!

Добро, дај те молам објасни ми, што ти е поентата со ова издигнување на суштеството во кое толку ревносно веруваш, на толку недостижно ниво?
Не споредувај Го неспоредливиот?!
Страв, фанатизам, хронична паника, трауми од детството, лижење гз на гореспоменатиот авторитет за да те пушти еден ден во рајот??
:nesvest:

Луѓе, незнам дали сфаќате, ама се надевам дека ќе ви текне еден ден: Исус да знае во што прерасна (односно беше насилно изопачена) неговата некогашна прекрасна чиста мисла за духовниот живот на човекот, ќе посака никогаш да не се родел.
 
А што треба да ни текне?

Ти си „н„-тиот кој себе си се поставува на местото Исусово и кој тврди дека Исус би кажал вака а би посакал така...
Еден „црномањаст„ веќе се обиде да го завземе местото Господово-и тресна на Земјава.
 
Не е важно што е ќе одбереш. Се' е правилно ако те направи човек.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom